Контакт

Македонија

Нема веќе ди-џеи и пејачи во локалите, на маса ќе можат да седат најмногу четворица луѓе

Објавено пред

Стапува на сила забраната за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, откако во последниов период зачестија групирањата, гужвите и непочитувањето на мерките против Ковид-19 во дел од скопските кафулиња.

Владата на вечерашната седница го прифати овој предлог на Комисијата за заразни болести, а дополнително, јачината на музиката ќе се намали до 55 децибели, исто како и бројот на лица кои можат да седат на една маса во угостителски објект – од сегашните 12 на четири луѓе.

Министерот за здравство Венко Филипче ја потврди оваа одлука и рече дека станува збор за оправадни мерки и дека сега е добар период кога треба да се имплементираат.

„Ја пратиме ситуацијата и понатаму доколку треба имаме план и за дополнителни рестрикции ако тоа се изнуди. Една од можните мерки, понатаму е и ограничување на работа на одредени економски субјекти и на бројот на луѓе во јавниот превоз, како и мерката за носење маски на отворено“, изјави тој.

Според него, за ваквите и за други мерки би размислувале во подоцнежните есенски месеци, кога се очекува и појава на сезонскиот грип, настинки поради студеното време, како зголемена загаденост на воздухот.

Македонија

Домашните слави да се слават исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Објавено пред

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број на семејства ширум државата ги чествуваат домашните православни празници упатува апел овие празнувања да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството.

„Ескалирањето на состојбата со коронавирусот е пропратена со изразена локална трансмисија на вирусот, па секое непочитување на мерките за заштита од здравствените власти и секое собирање на луѓе може да биде погубно. Секое семејство кое одбележува домашен празник да ја препознае опасноста по јавното здравје кое би ја предизвикало со повикување на гости, но и секој добронамерен кон семејството кое прославува годинава да се воздржи од физичко присуство. Традицијата не е загрозена таа ќе опстои, но колективното здравје е во сериозна закана“, се наведува во апелот.

Прикажи повеќе...

Македонија

РСБСП: Корисни совети за безбедно возење во есен

Објавено пред

Безбедното одвивање на сообраќајот зависи од многу фактори. Секако, најважен и одлучувачки фактор е  факторот човек, но не смееме да ги заборавиме и занемариме и  останатите фактори, како: временските услови (магла, дожд, снег, голомразица), типот на патот по кој се движиме (автопат, регионален пат,  локален пат,…) или делот од денот во кој се одвива сообраќајот. Возењето во есен, носи многу предизвици за возачите, особено за помладите и по неискусните возачи.  Коловозите се влажни,  денот е пократок, видливоста е намалена, честа појава на магла, дожд, ветер, одрони на пат, животни на пат, итн.

Водејќи се од тоа,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со совети до возачите на што да внимаваат во сообраќајот и како да се однесуват во сообраќајот во есенски услови:

•   Возење во услови на магла
Маглата е карактеристична односно честа појава за овој период од годината. Затоа, секогаш кога се движите низ магла вклучете ги соборените  светла и светлата за магла, почитувајте ги ограничувањата за брзина и не престигнувајте се до моментот кога вашето видно поле не стане чисто, а вашето престигнување безбедно.  Држете безбедно растојание и секогаш бидете подготвени за брзо и безбедно запирање на возилото.

•   Внимателно возење на дожд и влажни коловози
Дождот и влажните коловози исто така се редовна појава во есен. Затоа, возете внимателно и имајте во предвид дека влажните коловози го зголемуваат сопирачкиот пат на возилото и ја искривуваат траекторијата за запирање на возилото.  Дополнително опасноста се зголемува  доколку на коловозот има места на кои се собира вода,  кал, лисја, остатоци од масло и гориво и други остатоци,  бидејки тогаш самиот процес на запирање на возилото  станува уште посложен и потежок.  Особено внимавајте кога возете по колотраги кои се честа појава на коловозите а кои обично се полни со вода, кал и други остатоци.  Во такви услови задолжително намалете ја брзината и избегнувајте да возите по колотраги доколку за тоа постои можност.

•   Внимавајте на голомразица
Голомразицате  е исто така еден од важните фактори од кои зависи безбедното одвивање на сообраќајот во есен и зима.Затоа,бидете особено внимателни на голомразица, особено ако патувате во раните утрински или во доцните вечерни часови.Голомразицата обично се појавува кога се движите низ високи и осојни планински места каде што има остри кривини,  на подвозници, надвозници, мостови, пред влез и излез на тунел,итн. Доколку се соочите со голомразица на коловозот клучно е да останете присебни и концентрирани, да не паничете и да не преземате нагли дејствија односно нагло свртување или нагло сопирање на возилото.  Држете го цврсто управувачот и умерено и постепено стискајте на педалата за сопирање или зависно од состојбата понекогаш само пуштете ја педалата за гас  и немате потреба да стискате на педалата за кочење се до моментот додека возилото не „загребе“ на сув коловоз.

•   Сигурно возење низ ветар
Силниот ветер ја намалува безбедноста во сообраќајот, посебно на отворен пат – автопат.Во услови на силен бочен ветер, намалете ја брзината на движење на возилото затоа што тоа може да го наруши правилното движење на возилото, да ја наруши неговата стабилност и на тој начин да се загрози безбедното одвивање на сообраќајот. Во ваква ситуација важно е да бидете подготвени да го застанете возилото во секој миг. Доколку превезувате некаков товар, проверете дали е добро зацврстен.  Внимавајте на паднати дрвја, гранки и друго.

•  Внимавајте на одрони на патот
Временските услови во есен (поројни дождови, силни ветрови, високи температурни разлики помеѓу денот и ноќта, итн.),  може да предизвикаат појава на одрони на пат, наноси на земја, песок, камења на патот, итн. што може да биде многу опасно за сообраќајот.  Затоа возете внимателно, особено ако возите во услови на невреме или веднаш после невреме, во планински предели или во други непознати области  каде што не ги знаете доволно карактеристиките на патот. За безбедно возење во есен клучно е да ја намалите брзината, да бидете концентрирани и да управувате технички исправно возило, во прв ред да поседувате добри и квалитетни пневматици.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Сите за правично судење“: Судовите да обезбедат соодветни простории за одржување на рочиштата за време на пандемијата

Објавено пред

Коалицијата „Сите за правично судење“ соопшти дека во одредени судови, лица во својство на јавност, вклучувајќи и претставници на невладини организации, кои се препознаени како стручна јавност во согласност со процесните закони, врз основа на судскиот протокол спречени се да присуствуваат и да ги набљудуваат судските рочишта, со образложение дека нема доволно простор во судницата како би се обезбедило соодветна физичка дистанца помеѓу лицата што се во неа. Поради тоа, тие ја истакнуваат својата загриженост поради потенцијалното влијание, кое вака изготвениот и на овој начин донесен протокол може да го има врз правото на правично судење и тоа од повеќе аспекти.

На 20.10.2020 на веб-страницата на Основниот кривичен суд Скопје беше објавен протокол за спроведување мерки за заштита од Ковид-19 во судовите, со кој се предвидуваат низа мерки кои се однесуваат на сите вработени, но и на сите странки и граѓани што влегуваат во судот.

„Најнапред, иако овој протокол според својата содржина се однесува на сите судови во земјата, тој досега е објавен само од страна на Основниот кривичен суд Скопје и воедно воопшто не е наведено кој орган, тело или институција го има донесено, туку само е наведено дека тој е изготвен од страна на Здружението на судиите, а објавен од страна на Основниот кривичен суд Скопје. Оваа ситуација повлекува низа прашања во однос на транспарентноста и независноста на судската власт. Во овој контекст, иако Здружението на судиите е професионална организација сочинета од судии, сепак тоа е само граѓанска организација, односно здружение на граѓани, па така тоа не е препознаено како тело, институција или орган што на каков било начин може формално да влијае врз судската власт и да носи обврзувачки акти за сите судови во земјата, директно навлегувајќи во овластувањата на Судскиот совет. Во оваа насока е и одлуката за постапување на судовите во услови на зголемена опасност од Ковид-19, која во март 2020 година беше донесена од страна на Судскиот совет.

Со оглед на тоа, се поставува прашањето дали овој протокол пред да почне со примена претходно треба да биде усвоен од страна на Судскиот совет и да биде јасно наведено од кој орган тој е донесен, како и да биде јавно објавен и достапен во сите судови со цел граѓаните да може соодветно да се информираат и приспособат на мерките?
Дополнителна загриженост предизвикуваат и самите мерки, кои се наведени во протоколот, а кои им даваат широки овластувања на судиите да ја ограничат, па дури и целосно да ја отстранат јавноста од постапките, спротивно на законските, уставните и меѓународните одредби кои се однесуваат на правото на фер судење. Така, во согласност со Уставот на РСМ, Европската конвенција за човековите права на Советот на Европа, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права на Обединетите нации, како и домашните процесни закони, судењата во судовите се јавни, а причините поради кои јавноста може да биде исклучена, како и начинот на кој тоа може да биде направено, се соодветно предвидени. Јавниот карактер на постапката е важен дел од обезбедувањето на правичноста, а спроведувањето на правдата треба да биде видливо така што да биде подложно на јавен надзор, што воедно ќе послужи и како механизам со кој ќе може да се зајакне довербата на граѓаните во судството и правосудните институции“, се вели во соопштението.

Според коалицијата, „Законот за кривичната постапка предвидува дека доколку нема соодветни услови за одржување на главната расправа во одделни простории, судот може да определи главната расправа да се одржи во друга просторија“.

„Оттаму сметаме дека судовите треба да вложат напори за разгледување на сите други алтернативни мерки во насока на обезбедување соодветни простории за одржување на судските рочишта за време на пандемијата, а со цел обезбедување на стандардите за фер и правично судење на граѓаните. Во согласност со Законот за кривичната постапка точно е определено во кои ситуации судот може да ја исклучи јавноста на главната расправа, а тоа да не се смета за суштествена повреда на постапката.Воедно ЗКП го обврзува судечкиот судија, или судечкиот совет, доколку постојат причини за исклучување на јавноста, да донесе решение за тоа, кое мора веднаш да биде јавно образложено. Имајќи го предвид горенаведеното, коалицијата ги поздравува напорите за заштита од Ковид-19 од страна на правосудните институции и судовите преземени како не би се изложиле граѓаните на ризик за зараза од вирусот, но воедно апелира судовите и правосудните институции да вложат дополнителни напори за почитување на човековите права во време на пандемија како би се обезбедило фер и правично судење за сите граѓани согласно со највисоките меѓународни стандарди за фер и правично судење.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ27 минути

(Видео) Пронајдени околу 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од околу 100 килограми. Уапсен е турски државјанин кој дрогата требало...

Македонија36 минути

Домашните слави да се слават исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број на семејства ширум државата ги чествуваат...

Регион2 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така од вечерва стапува на сила забрана за движење...

Европа3 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа3 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ4 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет4 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија4 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија15 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет15 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија17 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија18 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион19 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион22 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа22 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион24 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ1 ден

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија1 ден

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија1 ден

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија1 ден

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Досие