Контакт

Македонија

Нема доволно згрижувачки семејства колку што има потреба за згрижување, вели директорката на СОС „Детското село“

Објавено пред

Затворањето на големите институции беше вистински чекор со цел да се овозможи грижа за децата во семејна средина, но, за жал, нема доволно згрижувачки семејства и заинтересирани граѓани колку што има потреба за згрижување на овие деца, вели во интервју Јулијана Накова-Гапо, национална директорка на СОС „Детското село“.

dobivaj vesti na viber

Таа уверува дека СОС „Детското село“ активно ќе се залага за промовирање на згрижувањето, за доближување на информациите и можностите за згрижување деца, со цел да се зголемува бројот на згрижувачки семејства и секое дете да има топол дом, љубов и грижа.

Во прилог целото интервју со  Јулијана Гапо, национална директорка на СОС „Детското село“.

1. СОС Детско село е успешен и веќе добро разработен концепт, кој на децата без родители и родителска грижа им обезбедува услови за мирно детство и топла родителска љубов која им е толку потребна.

Како оваа организација успева да опстои и да понуди надеж на толку многу деца?

СОС Детско село е членка на Интернационалната хуманитарна организација СОС Детски Села Интернационал од 2001 година и самото тоа подразбира работење по други повисоки стандарди во грижата за децата кои мораме да ги исполниме како рамноправна членка во оваа организација. Исто така тоа овозможува пристап до напредни практики од други СОС земји кои имаат понапредни социјални системи, постојано унапредување и работење согласно лиценцирани методологии кои овозможуваат квалитет во грижата и поддршката.

20 години како единствена хуманитарна организација чиј фокус се деца и млади без родители и децата во социјален ризик, акумулираше огромно искуство како во стручната работа така и во нашето активно учество во сите позначајни социјални реформи а посебно во оние кои се поврзани со директната грижа за деца.

Концептот на СОС Детско село, иако првично регистриран како Установа за грижа на деца и млади без родители беше уникатен, по тоа што овозможуваше грижа во семејна средина со родител/ згрижувач кој се грижи и живее заедно со тие деца за разлика од институционалната –колективната грижа во институциите. Самото тоа значи индивидуален пристап во грижата за децата, значи поголемо внимание, поголем фокус на индивидуалните потреби на децата и позитивно влијание на нивниот раст и развој. Децата прават емотивна врска со родителот/згрижувачот, се чувствуваат сигурни и безбедни, се поврзуваат со другите деца во семејството и се гледаат како браќа и сестри. На овој начин тие полесно се интегрирани во заедницата, со другарчињата од училиштето, со врсниците од заедницата им дава подобра можност за социјална интеракција и да развијат правилни социјални вештини за вклопување и осамостојување.

Децата исто така се едуцираат во однос на нивните права, за тоа како да се заштитат од опасностите во заедницата, но и како да учествуваат во процесот на носење одлуки во семејството и дека и нивниот глас е важен и треба да биде слушнат со што се јакнат како индивидуи и полесно се справуваат како млади луѓе или возрасни кои треба да се осамостојат.

Ние сме исто така поразлични од повеќето невладини бидејќи директно даваме услуги, и често кога донаторите или партнерите за прв пат ќе ги посетат нашите програми на терен се позитивно изненадени од она што ќе го слушнат, видат или искусат и често велат ‘’ не сме знаеле дека ваков начин на грижа и поддршка постои во нашата земја’’.

Со донаторите и партнерите остваруваме долгорочни релации и соработка, бидејќи многу лесно успеваме да ги ‘’заразиме’’ со нашата СОС мисија дека секое дете

заслужува да живее во сигурна и безбедна средина, да има љубов топол дом и дека ниту ЕДНО ДЕТЕ НЕ СМЕЕ ДА РАТЕ САМО !

2. На децата кои пристигнуваат во СОС Детско село најчесто им треба помош, поддршка и згрижување, за подоцна да го најдат своето место во светот. Што се’ обезбедува СОС Детско село за нив?

Првенствено топол дом, грижа и семејна средина во која ќе се чувствуваат безбедни. За жал многу од децата кои се згрижени доаѓаат од небезбедна семејна средина, некои од нив имаат поминато низ болни и трауматични искуство.

Затоа првенствено е важно да се почувствуваат сигурни и безбедни и да се изгради релација на доверба со родителот/ згрижувачот, а потоа и со стручните соработници кои даваат психосоцијална поддршка на децата, едукативна поддршка, како и да имаат позитивни искуства со другите деца и опкружувањето во кое се наоѓаат. Понатаму, индивидуалниот пристап овозможува планирање на разни активности за поддршка на правилниот раст и развој на детето, и од аспект на психичкото здравје но и од аспект на поддршка на неговите таленти, интереси со вклучување во разни дополнителни активности – како спорт, јазици, танцови, уметност и слично.

Поддршка во однос на справување со тековните образовни задачи и предизвици со цел да се унапреди или одржи училишниот успех.

Секако пристапот до образование и здравствените услуги е задолжителен и право на секое дете, иако многу од нив немале пристап до овие основни детски права.

Во фазата на адолесценција, стручните тимови даваат поддршка во делот на стекнување на животни вештини и подготовка за осамостојување, поддршка при избор на средно образование, професионална ориентација и мотивација за високо образование кај младите кои имаат и интерес и капацитет за тоа.

3. Колку деца во моментов се згрижени во СОС Детско село? И кој се грижи за децата во вашата организација?

СОС Детско село денес обезбедува директна грижа во младинските куќи за вкупно 28 млади без родителска грижа. Во згрижувачките семејства кои ги поддржуваме, а од оваа година тоа се 64 семејства, згрижени се вкупно 140 деца и млади без родителска грижа.

За нив се грижат згрижувачи кои имаат поминато едукација за згрижување, имаат валидна лиценца и ги задоволуваат критериумите на државата за да им биде дадена одговорност да се грижат за децата и младите без родители.

СОС Детско Село, официјално од 2022 доби лиценца да отвори нова услуга, Центар за поддршка на згрижувачки семејства, и со тоа го прошири своето делување и поддржување од 13 семејства на 64 семејства во повеќе градови во државата. Оваа лиценца и одговорност дадена од страна на државата ја сметаме како потврда за квалитетот на нашата работа, 20 годишното искуство и експертиза и во наредните години ќе работиме на унапредување на грижата на децата во згрижувачкиот систем. Ние преку Центарот за поддршка на згрижувачките семејства, го следиме развојот на згрижените деца, го мониторираме квалитетот на грижа, но даваме

поддршка и на згрижувачите и на згрижените деца да се справат со сите развојни предизвици додека децата се во грижа.

4. Одреден дел од децата без родители наоѓаат згрижувачко семејство, но голем дел од нив ја немаат таа среќа. Постои ли кај граѓаните интерес за згрижување на овие дечиња?

За жал и покрај социјалните реформи кои се случија во нашата држава, сеуште постојат многу деца кои имаат потреба од ваков вид на заштита, односно потреба да бидат сместени во згрижувачки семејства. Затворањето на големите институции беше вистински чекор со цел да се овозможи грижа за децата во семејна средина но за жал нема доволно Згрижувачки семејства и заинтересирани граѓани, колку што има потреба за згрижување на овие деца.

СОС Детско село активно ќе се залага за промовирање на згрижувањето, за доближување на информациите и можностите за згрижување на деца, со цел да се зголемува бројот на Згрижувачки семејства и секое дете да има топол дом, љубов и грижа. Ова е нов предизвик за нас како организација, но со поддршка на институциите, партнерите, донаторите, а секако и со сите индивидуалци кои ја подржуваат нашата работа. Ќе се стремиме да мотивираме, обучуваме и подржуваме лица и семејства кои имаат можност, љубов за деца и услови да го прават тоа. Секое дете заслужува семејство. Затоа од 1ви Јуни започнуваме со реализација на Кампањата ПОДАДИ РАКА И СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ за да ги отвориме вратите на домовите на граѓаните кои можат да ги сменат животите на овие деца. Во географскиот регион кои го покриваме како организација би рекла дека има потреба особено да се развие згрижувањето во Скопје, во Велес, во Струмица, во Кавадарци, Неготино…..

5. Сепак, СОС Детско село може да им понуди згрижување на децата додека тие да наполнат 18 години, односно до полнолетство. Што се случува со децата откако ќе го напуштат СОС Детско село?

Во текот на долгогодишното работење и функционирање, растење и созревање, научивме дека на младите без родителска грижа, како и на младите во разни социјални ризици, им е потребна помош во осамостојувањето.

За непречен премин во потполно независен живот, СОС Детско село преку својата “Програма за млади за социјална интеграција“, како и преку други проекти фокусирани на вработливоста на младите, ги подржуваа и понатаму со доквалификација ако има потреба, поддршка да најдат домување, материјална помош, помош во донации, обуки за комуникација, подготовка за интервју и финално поддршка за вработување со што се заокружува целиот процес.

Горди сме што голем дел од овие млади, некои со наша помош-некои и без наша помош, успеваат да се осамостојат, да студираат и најпосле и да се вработат.

Некои од нив имаат веќе оформено свои семејства имаат и деца за кои се трудат да се грижат како одговорни родители.

Во целиот процес на згрижување, а потоа и осамостојување клучна е и системската поддршка од страна на институциите, поддршката од страна на донаторите, партнерите и целокупната заедница, без кои СОС Детско село не би можело да ја даде оваа сеопфатна поддршка.

Грижата за деца без родители е најтешката, но и најскапата социјална услуга и претставува огромна одговорност, како за СОС Детско село, така и за институциите во државата. Социјалните работници, но и другите стручни лица кои се дел од овој тип на грижа се клучни, како и нивната стручност и посветеност. Само тие ја знаат тежината и сите предизвици кои се на патот на осамостојување на овие деца. А предизвици има многу, а повеќето не се видливи за јавноста. За жал, не сите млади успеваат да се осамостојат и да застанат на свои нозе, бидејќи и покрај напорната работа и од страна на СОС Детско село и Центрите за Социјална работа, системот не може да одговори на сите специфични потреби на децата и младите и некои од нив остануваат и понатаму ‘’заглавени’’ во системот за социјална заштита како приматели на социјална помош или друг тип на поддршка кој го дава државата.

Морам да напоменам, дека во последните години има голем напредок во мерките на системот за социјална заштита, за поддршка на младите кои ја напуштаат грижата (со оглед на вкупната социјална слика во државата) иако тоа не е доволно, а домувањето сеуште останува најголем проблем за овие млади лица.

Постои еднократна парична помош за напуштање на грижа по 18 години, помош за социјално домување, минимална гарантирана помош, помош за студирање, оперативен план за вработување итн… сепак она што недостига е социјално менторство на сите млади кои ја напуштаат грижата, и континуирана поддршка бидејќи често младите се изгубени во лавиринтите на државниот систем и им е потребна помош во подолг временски период.

СОС Детско Село го има тоа искуство и таа практика за оние млади кои ја напуштаат грижата. Досега оваа поддршка ја користеле окулу 60 млади кои ја напуштиле грижата на СОС Детско село.

Процесот на подготовка за осамостојување започнува 2 години пред излегување од грижата. Генерално, поддршката е насочена кон креирање на индивидуални планови, кои содржат елементи на домување, стекнување со одредени вештини ( животно-практични, вештини за вработување итн), советување и прифаќање на новата состојба во која се наоѓаат младите, но исто така и материјална помош во индивидуални случаи кога проценуваме ризици за младото лице. Значи поддршката е индивидуализирана, зависно од потребите и холистична.

6. Знаеме дека работата на СОС Детско село е хуманитарна, но многу одговорна. Добивате ли поддршка од соодветните институции? Колку тие ви ја олеснуваат или отежнуваат работата?

Нашата работа е тесно поврзана со надлежните институции, а тука се првенствено Центрите за Социјална работа и Министерството за Труд и Социјална работа, но и други министерства.

Неопходна е соработката со институциите за да можеме да ги оствариме сите цели, но и да се максимизира поддршката за овие деца и млади. Ние имаме многу добра соработка со Министерството за труд, но понекогаш и тие се немоќни во решавање на специфични случаи.

Слабости во системот сеуште има многу, посебно што нема доволно развиени специјализирани услуги за деца и млади кои имаат специфични потреби и предизвици во развојот, за кои се потребни посебни индивидуални пристапи и специјализирана поддршка.

Згрижувачите понекогаш се соочуваат со многу предизвици кога едно дете има потреба од посебна специјализирана грижа и внимание со што се намалува квалитетот на грижата кон другите деца во семејството. Недостасуваат и форми за поддршка на млади кои излегуваат од грижа, а кои заради својата состојба не се во можност да живеат самостојно, се без или намалена работна способност и им е потребна континуирана поддршка. Меѓу секторската соработка со другите институции, би рекла дека е најслабата карика во целиот процес на грижата на деца, а особено здравствениот сектор кој е клучен за специјализирани услуги за оваа ранлива категорија, кои треба да го помогнат и поддржат правилниот психофизички развој на овие деца.

Само со координиран пристап од институциите и организациите кои работат со ранливи категории може да направи позитивна промена во општеството и да се унапреди квалитетот на услуги за децата. Ние се надеваме дека овие промени ќе се случуват што побрзо, бидејќи потребата за тоа е евидентна и им е потребна на овие деца и млади.

Ние сите заедно сме одговорни за нивната иднина, бидејќи секое дете и млад човек го заслужува тоа!

(ПР)

Македонија

Поврдени 47 полицајци, а приведени 11 демонстранти во вчерашните протести

Објавено пред

Повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди во вечерашниот јавен собир на подрачјето на СВР Скопје, кој се одржа во периодот од 19.00 часот пред Владата, продолжи пред Министерството за надворешни работи и заврши пред Собранието околу 22.30 часот. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Констатирани се повеќе нарушувања на јавниот ред и мир од страна на демонстрантите, кои фрлаа со камења, јајца, железни предмети, бекатон плочки, молотови коктели, сообраќајни знаци, канти за ѓубре и пиротехнички средства, како кон објектите, така и кон полициските службеници кои вршеа службени дејства обезбедувајќи ги државните институции.

За време на вечерашниот протест оштетувања на прозорците и фасадите се пријавени во сите три објекти: Владата, МНР и Собранието. Покрај ова, демонстрантите скршиле 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетена е полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило.

Во врска со немирите кои ескалираа пред објектот на Собранието, од страна на полициските службеници приведени се 11 лица, а за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.

МВР презема мерки за расчистување на случајот и апелира до организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, протестите да бидат мирни и демократски, да ги сочуваме редот, мирот и безбедноста. Преку насилство кон оние коишто го одржуваат редот, кон македонската полиција и објектите на институциите, не се постигнува ништо; дијалогот треба да се води во институциите на системот, додаваат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Насилството на антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја покажува нивната вистинска цел

Објавено пред

Вечерва граѓаните беа сведоци на нови инциденти и насилство на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ и проруската инсталација Русија пред Собранието; соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„ Повторно бевме сведоци како насилници со качулки ги нападнаа полицајците, фрлаа запаливи течности, ги каменуваа припадниците на македонската полиција и се обидоа насила да влезат во Собранието. Вакви слични сцени гледавме на црниот 27 ми април и знаеме што тоа значи.

Првичните информации се дека има и повредени неколку припадници на полицијата. СДСМ најостро го осудува насилството, овој насилен начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица го покажува нивното вистинско деструктивно и насилно лице.

Протестот е загарантирано право но насилството е кривично дело и одговорност за ова мора да понесат сите инволвирани. ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица сакаат да ја дестабилизираат државата, да и наштетат и со тоа да одработат на центри на моќ кои не и мислат добро на нашата земја и на нашиот народ и не сакаат земјата да биде дел од Европската уника.

СДСМ, институциите, заедно со граѓаните, нема да дозволиме насилничкото однесување и сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да ја загрози државата. Нека не се обидуваат да го повторат упадот од 27 април. Тоа нема да го дозволиме“ порачаа од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Секуловски: На овие собири заеднички именител е гневот кон ненародната власт

Објавено пред

На вечерашниот протест против францускиот предлог кој вечерва се одржа на неколку локации во Скопје, пред Собранието на присутните се обрати и Бранко Секуловски, поранешен професор и поранешен судија.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека на ваквите протести, заеднички именител е гневот од ненародната политика на извршната власт и помеѓу другото, предлогот во врска со спорот со Бугарија.

„ Како правник, кој целиот свој живот го изучувал и спроведувал правото и правдата, дозволете ми да се осврнам на некои правни аспекти од тој договор и од францускиот предлог. Да ве потсетам, се започна уште пред повеќе од две децении со потпишувањето на првиот договор за добрососедски односи со Бугарија. Со тоа сценарио, бугарската страна требаше да испорача одредени барања, меѓутоа преовлада сервилноста нашата страна, на преговарачите од Република Македонија така што, како се одвиваше времето, бугарските барања беа се поголеми а сервилноста на македонските политичари се поголема.

Така дојде до продолжување на оваа Одисеја за да се финализира со капитулантскиот Договор од 2017 година, потпишан од нобеловецот од село Муртино. На сегашните преговарачи од извршната власт им остана само тоа дисциплинирано да го извршат. Ако ја погледнеме генезата на настаните, ќе видиме дека политичките гарнитури во Бугарија се менуваа, а во Македонија останаа истите.

Почитувани граѓани, како течеше времето, овие договори се помалку личат на договори а се повеќе беа еднострани. Правно договорите се двострани и теретни, ова нема никаква врска со тој договор затоа што нивните се се поголеми, а нашите барања помали“ додаде Секуловски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Поврдени 47 полицајци, а приведени 11 демонстранти во вчерашните протести

Повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди во вечерашниот јавен собир на подрачјето...

Македонија10 часа

Полицијата ги притисна демонстрантите, има приведени неколку лица, но и повредени полицајци

Полицијата ги истурка демонстрантите што беа пред зградата на Собранието. Ги разбрка кон Паркот на жената борец, при што огромна...

Македонија11 час

(Видео) Демонстрантите ја урнаа оградата пред Собранието

Демонстрантите ја урнаа оградата од пред Собранието. Помала група влезе на тревата пред законоданвиот дом. Фрлаат со факли, петарди, камења,...

Македонија12 часа

(Фото) Демонстрантите фрлаа јајца и петарди кон зградата на МНР

Петарди, јајца и други предмети завршија во фасадата на МНР. И покрај дождливото време, колона граѓани излегоа на улиците за...

Македонија12 часа

(Видео) И покрај дождот, протестите продолжија и вечерва

И покрај дождот, и оваа вечер продолжи протестот против францускиот предлог, што се одржува пред Владата. Голема група граѓани го...

Македонија17 часа

За време на протестите се подготвува нешто што не доликува на земја членка на НАТО, оценува Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски посочи дека денеска се спрема нешто што не доликува на земја членка на НАТО за време на...

Македонија17 часа

Мишел за францускиот предлог: Како пријател, сакам да ви кажам дека можноста е премногу важна за да се пропушти

Вие одлучувате за вас и вашите чекор, а С Македонија припаѓа во ЕУ. Ова е ставот на претседателот на Европскиот...

Македонија17 часа

Ковачевски: Со францускиот предлог, историјата, јазикот и идентитетот се заштитени

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека во европскиот предлог има дефинирани позиции за прифаќање на македонскиот јазик. Во предлогот македонскиот јазик...

Македонија18 часа

Регистрирани се 293 новозаразени со коронавирус, нема починато лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 1.254 тестови,...

Топ20 часа

МВР: Четворица полицајци повредени на вчерашните протести пред Владата, запалено знамето на ЕУ

На вчерашните протести пред Владата биле повредени четворица полицајци, а било запалено и знамето на ЕУ, соопшти полицијата. Имено, вчера...

Македонија20 часа

Димитров: Тврдењето дека билатералниот протокол не е поврзан со рамката e голема лага

Тврдењето дека билатералниот протокол (историските и други прашања) не е поврзан со рамката (пристапниот процес) и дека тоа се два...

Топ20 часа

НСДП го прифати францускиот предлог

Извршниот одбор на Новата социјалдемократска партија (НСДП) сооопшти дека одлучи да го прифати компромисниот предлог на француското претседателство за решавање...

Македонија21 час

Нуредини: Првите седум контејнери со линдан излегоа од државата

Првите седум контејнери со чист линдан, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од ОХИС и тргнаа...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е пораз на македонската дипломатија

Францускиот предлог, кој Владата е подготвена да го прифати, е крајно неповолен за Македонија бидејќи ги содржи бугарските барања. Тоа...

Македонија23 часа

Мицкоски одбил да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, тврди СДСМ

Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство. Иако во текот на...

Свет24 часа

Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго

Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица во масовното пукање на парадата на Денот на независноста во Хајленд...

Македонија24 часа

Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување консултации за предлогот...

Македонија1 ден

Шарл Мишел во посета на Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје. Се очекува Мишел во рамките на посетата да...

Македонија1 ден

(Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки

Демонстрантите од владината зграда се упатија кон Собранието, каде што ја пробија оградата и навлегоа во дворот на законодавниот дом. На...

Македонија2 дена

Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, и со...