Контакт

Македонија

Нема коронавирус шоферот со кој допатуваа заразените сопружници

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека шоферот на автобусот со кој допатуваа двајцата новозаболени пациенти е негативен на коронавирусот.

Тој денеска со нова тура патници од Италија беше пречекан на граничниот премин Табановце. Автобусот беше тргнат на страна, а до добивањето на резултатите од тестот, тој и патниците беа во неколкучасовна изолација во објект на Царинската управа на граничниот премин.

До истекот на 14. ден од периодот на инкубација, пресметано од последниот ден на контакт со заболените (27 февруари), шоферот, со решение на ДСЗИ, останува во домашна изолација, под здравствен надзор на епидемиолозите.

Патниците кои денеска пристигнаа со него, по прегледот од епидемиолозите на граничниот премин при кој кај ниту еден не е индицирана болест, се пуштени дома. Тие немале контакт со позитивен пациент, но дадени им се препораки, доколку почувствуваат некои симптоми, да не одат по здравствени институции, туку веднаш да се јават во центрите за јавно здравје.

По денешната пресконференција, според последната информација добиена од МВР, вкупниот број на патници во автобусот со кој на 27 февруари пристигнале заболените пациенти е 28. Оваа бројка ги вклучува шоферот-сега веќе тестиран и негативен, двајцата заболени пациенти и тројца патници кои ја напуштиле земјата. Сите 22 останати се идентификувани и контактирани. Со решение на ДСЗИ за здравствен надзор со полициска придружба сите остануваат во домашна изолација, а за непостапување по решението следат правни консеквенци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Објавено пред

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата на седница го усвои извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, за периодот од 2 септември до 14 септември.

Во однос на основните училишта, шест државни училишта за деца со посебни образовни потреби, едно приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно училиште, 15 централни општински основни училишта и 147 подрачни основни училишта ќе добијат дозвола за настава со физичко присуство, додека услови за настава со физичко присуство не исполнувале 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни и 2 приватни училишта.

„ Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија)“, стои во соопштението на Владата.

На предлог на Комисијата за заразни болести, денеска усвоен е и Протоколот за работа на едукативните центри, музички училишта и центри/училишта за странски јазици во услови на епидемија со Ковид-19.

Градинките, училиштата и факултетите беа затворени со одлука на Владата која беше донесена на 10 март годинава, поради коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Студентските домови ќе работат со намален капацитет

Објавено пред

На денешната владина седница е прифатена препораката на Комисијата за заразни болести во врска со отворањето на студентските и средношколските ученички домови, според која тие треба да бидат отворени со почитување на протоколите за сместување со дополнување дека во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со повеќе од два кревета може да бидат сместени максимум две лица.

Во оваа насока, по предлог на Министерството за образование и наука, Владата до Собранието ќе достави предлог-закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард и предлог-закон за дополнување на Законот за ученичкиот стандард.

Со измените содржани во овие предлог-закони се уредува дека во услови на вонредни околности (утврдено постоење кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди) на студентите и на учениците што конкурирале на конкурсот за сместување во студентските и ученичките домови и на кои им се одобрени барањата за сместување, но поради намалениот број сместувачки легла не може да се сместат во студентски дом, да им се исплаќа месечна сума за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите, а за чија висина одлучува Владата на Република Северна Македонија.

Се оценува дека поради намалениот капацитет на користење сместувачки легла во студентските домови, приватно сместување или превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите ќе користат 884 студенти и 347 ученици.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Објавено пред

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за нелегалното прислушување во периодот меѓу 2008 и 2015 година, каде што обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како и лица вработени во УБК. На овој начин Јанакиески се приклучува кон прогонот на обвинетите во случајот. За него, во СЈО има над 80.000 снимки во кои се слуша како разговара со разни луѓе, а некои се и јавно објавени на прес-конференциите што ги одржуваше СДСМ.

„Многу логично е тој да биде еден од првите што е во тој предмет оштетен бидејќи Миле Јанакиески е во 90 отсто од материјалите што се предадени во СЈО“, вели кусо адвокатот Еленко Миланов за „Макфакс“.

Освен Јанакиески, барање до судот за да биде оштетена во процесот поднела и Гордана Јанкулоска преку своите бранители.

„Сè додека е доказна постапка, може да се поднесе барање за оштетени во постапката. Обвинета сум во предметот ‘Тврдина’, а барањето е за предметот ‘Таргет’“, вели кусо Јанкулоска за „Макфакс“.

Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, а обвинението е застапено од обвинителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.
Судењето по предметот „Таргет-Тврдина“ е почнато на 22 декември 2017 година и се наоѓа во фаза на доказна постапка.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија53 минути

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија1 час

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет2 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија6 часа

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија8 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија8 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет9 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа10 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт11 час

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија11 час

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија11 час

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет12 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија12 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија12 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија14 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија23 часа

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија1 ден

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Досие