Контакт

Македонија

Нема нови заразени со МРСА, основата за појава на бактеријата е нехигиена

Објавено пред

Нема нови заразени со бактеријата МРСА, откако вчера Државниот санитарен и здравствен инспекторат потврди четири случаи на инфицирани со опасната бактерија во градинка во Чаир и во училиште во Бутел.

Епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје вели дека е во постојан контакт со Државниот санитарен и здравствен инспекторат каде што денес немало пријави за нови случаи. Караџовски објасни дека бактеријата може да предизвика инфекција на кожата и дека е опасна ако ја добијат новороденчиња.

„Може да се појават чирчиња на кожата кои потешко се лекуваат. Опасно би било да се добие МРСА кај штотуку родени бебиња. Тие имаат многу чувствителна кожа и ако имаат кожни промени може да дојде до тешко воспаление на кожата. Ако оваа бактерија ја има во грлото и носот во голема количина може да направи бронхит и воспаление на белите дробови, што тешко се лекуваат. Може да биде смртоносна ако се регистрира кај лица со нарушен имунитет и кај лица со други тешки заболувања“, објасни епидемиологот Караџовски.

Караџовски вели дека лицата инфицирани со оваа бактерија треба да бидат изолирани и да се лекуваат според антибиограмот. Лекувањето, тој вели, трае најмалку седум дена и не смее да се прекинува, а основа за нејзина појава е нехигиена.

„Ако рацете не се мијат честопати во текот на денот, со самото поздравување, чепкање и дување нос може,  освен оваа бактерија, да се пренесат  одредени количини други бактерии и вируси. Основата на сè е недоволната хигиена. Ако  бактеријата се открие во болнички установи, се констатира дека условите на механичко чистење, дезинфекција и стерилизација на околината во која живеат и работат пациентите и персоналот не е на задоволително ниво“, вели Караџовски.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера извести дека и во градинката „Снежана“ во Чаир и во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, каде што се регистрирани инфицираните со МРСА, се преземени мерки за чистење и дезинфекција.

Македонија

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите дебатираше за родовиот аспект на климатските промени

Објавено пред

Во рамките на проектите за климатски промени кои Министерството за животна средина и просторно планирање ги спроведува со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и во тесна соработка со Комисија за еднакви можности на жените и мажите, се одржа Јавна расправа за родовиот аспект на климатските промени. Климатските политики и родовите политики на државата се амбициозни, кога се разгледуваат посебно. Но, споени во една целина, ќе овозможат поголема ефикасност при спроведувањето на климатските акции и ќе дадат подобри резултати во различни сектори, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Последиците од климатските промени, како што се поплавите, сушите и лизгањата на земјиштето најмногу влијаат врз сиромашните, беспомошните и оние кои се директно во контакт и зависат од природните ресурси за да преживеат. Жените, кои вообичаено имаат најниски приходи во општеството и кои вршат голем дел од неплатената работа во семејството, претставуваат најголем дел од овие ранливи сегменти од населението.

На јавната расправа свое излагање имаше и државниот секретар во МЖСПП, Ана Петровска, која ги образложи напорите на Министерството за животна средина и просторно планирање за донесување и реализација на родово одговорни политики во областа на климатските промени.
Притоа Петровска направи осврт на она што е неопходно да се реализира во наредниот период, но и што се Владата досега има направено на планот на родово одговорни политики при намалување на влијанието од климатските промени во државата, нагласувајќи дека за силно политичко водство е потребна едукација.

Комисија за еднакви можности на жените и мажите ја согледа важноста на оваа проблематика и презема иницијатива и политичко водство за зголемување на информираноста меѓу носителите на политики за родовиот аспект на климатските промени. Претседателка на Комисијата Даниела Рангелова потенцираше дека жените поседуваат уникатни перспективи и вештини кои се корисни за ефикасна адаптација и ублажување на влијанието од климатските промени, но дека исто така е многу важна помошта која државата ќе биде во состојба да им ја обезбеди за поефикасно надминување на овие негативни ефекти, а истовремено секоја жена влијае и на едукацијата на идните генерации во рамки на секое семејство.

Светлана Цветковска, од Министерство за труд и социјална политика посочи дека Министерството за труд и социјална политика активно учествува во креирањето на родово одговорни политики и секогаш ги поддржува сите активности на оваа тема, а тоа ќе го прави и во иднина.

„Жените се агенти на промени, жената чувствува поголема потреба за акција во справувањето со климатските промени и е поверојатно дека ќе го промени своето однесување и ќе дејствува”, нагласи Цветковска.

Павлина Здравева, раководител на проектите за климатски промени во чии рамки се иницираше оваа проблематика истакна: „Земјоделството е сектор најранлив на климатските промени. Иднината ќе донесе потопли лета и сè поретко дожд. Ненадејни поројни дождови и град ќе бидат се почести. Климатските промени носат предизвици, носат ризици. Треба да се адаптираме ако сакаме да опстанеме”.

На работилницата се обрати и консултантот за родова еднокавост Олгица Апостолова, која образложувајки ја врската род – климатски промени, истакна: „Пристапите кон климатските промени ќе бидат поефикасни, ефективни и одговорни и ќе обезбедат пошироки бенефити доколку и мажите и жените подеднакво се вклучени во креирањето на политиките. Програмите за климатски промени кои се родово слепи се потенцијално штетни за развојот поради тоа што имаат тенденција на влошување на постојната нееднаквост“.

Нацрт-акциски план кој беше презентиран на јавната дебата, е еден од првите чекори за интегрирање на родовите прашања во климатските промени. Истиот предвидува конкретни чекори со кои преку зголемување на знаењето и свесноста на сите релевантни засегнати страни за родовите прашања и за прашањата поврзани со климатските промени, ќе се изградат институционални капацитети за конкретни акции во оваа област, и на ниво на креирање на политики и на нивна имплементација.

Во рамки на јавната расправа беше прикажан документарниот филм „По дождот“, кој портретира 4 жени – земјоделки, на возраст меѓу 40 и 80 години. Иако со различно потекло, секоја има многу различен став кон начинот на кој ја обработуваат земјата. И покрај тоа, сите тие доживуваат исти стравови и предизвици поврзани со климатските промени.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Одложено првото рочиште за убиството на Пино, обвинетата се појави во судница

Објавено пред

Во кривичниот суд утрово беше одложено судењето за убиениот Пино Секондо, поради тоа што адвокатот на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара време за увид во доказите, за што, како што рече, наместо 8 дена од приемот на поканата, поминале 4 дена.

Обвинителката Лидија Раичевиќ рече дека не може одбраната да се подготвува 4 дена пред воведните говори.

„Секое одлагање на секое судење е штета и трошоци на Буџетот и содзава лош впечаток кој не оди во корист никому, а најмалку на обвинетата“, рече Раичевиќ.

Откако судијката Ленка Давиткова го одложи судењето, мајката на Пино, Маја Трпковска, заедно со свештено лице, демонстративно ја напушти судницата. Следното рочиште е закажано на 27 ноември.

Убиството се случило на 11 декември 2018 година. Кобната вечер обвинетата Ангела го намамила Пино да дојде кај насипот во населбата Ѓорче Петров.

Кога пристигнал, таму бил веќе дојден осомничениот за убиството, Али Фуркан, кој носел пушка. Фуркан го оставил возилото „опел аскона“ и со „шкодата“ на Пино се упатиле преку обиколница до Арачиново.

Таму застанале во нива и првин се карале по што започнала тепачка, а во еден момент Фуркан со пушката го застрелал Пино во главата.

Мајката на Пино Секондо, Маја Трпковска, со месеци трагаше по синот, а скелетот беше случајно пронајден на крајот на април годинава. Осомничениот Фуркан е во бегство.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Исечените јапонски цреши на Максим Горки биле стари

Објавено пред

Исечените 13 јапонски цреши на улицата Максим Горки беа стари и болни и на нивно место во понеделник, 18 ноември, ќе бидат засадени нови, соопшти Општина Центар.

„ЈП ‘Паркови и Зеленило’, на барање на Општина Центар, вчера и денес изврши интервенција на дрворедот на улицата Максим Горки. Општина Центар ја известува јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва уште во понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрва од истиот вид, јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје“, велат од Општината.

Од таму истакнуваат дека исечените дрвја биле целосно исушени и имале нарушен коренски систем.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

(Видео) Одложено првото рочиште за убиството на Пино, обвинетата се појави во судница

Во кривичниот суд утрово беше одложено судењето за убиениот Пино Секондо, поради тоа што адвокатот на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска побара време...

Свет45 минути

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата. Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800...

Регион1 час

Поради говор на омраза исклучени осум членови на ХДЗ во Хрватска

Судот на честа за Градскиот комитет на Загреб ХДЗ синоќа донесе одлука да исклучи од партијата осум членови поради говор...

Свет2 часа

Иранскиот врховен водач помилува 3.500 затвореници

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, помилува илјадници затвореници вклучувајќи 32 активисти и други обвинети за загрозување на безбедноста. Веб-страницата...

Свет3 часа

(Видео) Крвав напад во САД: Убиени двајца ученици, 16-годишниот напаѓач си пукал во главата

Двајца ученици загинаа во нападот што се случи вчера во средното училиште „Саугус“ во калифорнискиот град Санта Кларита.Напаѓачот е 16-годишен...

Македонија15 часа

Заев: Мицотакис ќе се бори да добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот во Солун попладнево се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата, Заев...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски до наставниците: Заев не ви додава, туку ви одзема од платите кои чесно ги заработувате

„Почитувани наставници и професори, драги колеги и пријатели, вие сте луѓето коишто ја образуваат нашата нација и од мене ја...

Култура16 часа

Дорфулија од „Медена земја“ меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација сè уште трае...

Економија17 часа

Собранието изгласа минималната плата да биде 14.500 денари

Со 59 гласови ЗА, пратениците попладнево ги изгласаа измените во Законот за минимална плата, со што дадоа зелено светло таа...

Регион18 часа

Хан: Вучиќ ми кажа дека е демотивиран по блокадата на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Европскиот комесар за проширување во заминување, Јоханес Хан, вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ му кажал дека по блокирањето на...

Македонија20 часа

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Свет22 часа

Од Лондон до Сиднеј за 19 часа: се реализира најдолгиот лет во историјата

Водечката австралиска авиокомпанија „Кантас“ по еден месец од рекордно долгиот лет меѓу Њујорк и Сиднеј, планира пробен 19-часовен непрекинат лет...

Македонија24 часа

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија24 часа

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија1 ден

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија1 ден

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет1 ден

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа1 ден

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија1 ден

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион2 дена

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Досие