Македонија
Нема пропуст кај судијата Пајазити, кој му даде покана за затвор на Груевски

Судскиот совет информира дека работната група што го посетила кривичниот суд вчера не утврдила пропуст кај судијата Пајазит Пајазити, кој му напиша покана за затвор на експремиерот Никола Груевски за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Тенк“.
Новоизбраниот член на Советот, штипјанецот Сашко Георгиев, и членовите Шемседин Јусуфи и Беким Реџепи, и Весна Толева, државнaта советничка во Судскиот совет, направиле увид во предметот за Груевски во одделот за извршување санкции при Основниот суд Скопје 1 Скопје.
„Работната група, по извршениот увид во списите на предметот, констатира дека по предметот е постапувано со исклучителна итност и исклучително почитување на законските рокови, односно постапувано е професионално и стручно од страна на судијата за извршување санкции и постапката е спроведена во рамките на законот, односно во согласност со Законот за извршување на санкциите“, пишува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во коалиција против Данела Арсовска

Уште еднаш на дело се покажа коалицијата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ при денешното гласање во Заедница на единиците на локална самоуправа на Република Македонија.Со здружени гласови на градоначалниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, претставници во ЗЕЛС, беше разрешена од позицијата претседател на ЗЕЛС, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се вели во соопштението од Град Скопје.
Од Градот додаваат дека ова е само последниот пример за соработката помеѓу две партии на штета на граѓаните за нивните лични и теснопартиски интереси. На постојниот политички естаблишмент очигледно му пречат луѓе со визија, вредни и чесни, луѓе кои се независни и делуваат исклучително во интерес на граѓаните. На СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ очигледно му пречат луѓе кои знаат да кажат не на корупцијата и криминалот, луѓе кои јавниот го ставаат пред бизнис интересот на врхушката во партиите.
Истите луѓе кои се најзаслужни за ерозија на македонското општество во сите сфери од денес ја превземаат контролата врз единствената национална асоцијација и непрофитна организација, во која на доброволна основа членуваат сите 80 општини и Градот Скопје, се вели во соопштението.
Македонија
(Видео) Зеќири не беше донесен на судење, судијката: Повикана е Брза помош, а зависно од проблемите ќе биде однесен во болница

Полицијата не можела да го спроведе Мухамед Зеќири од куќен притвор, бидејќи кога службениците дошле да го земат – тој ги известил дека е болен. Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска на судењето посочи дека имала повик од командирот од полициската станица Карпош, која ја известила што се случувало при обидот за спровод. Рочиштето се одложува по 45 дена од првото одржано рочиште за овој предмет.
„ Со оглед на тоа што имав телефонски повик од командирот на ПС Карпош Владо Симјановски кој го извести дека не можат да постапат по наредбата од судот за спровод на Мухамед Зеќири кој е во куќен притвор поради здравствени причини. И поради здравствени проблеми е повикана Брза помош, а зависно од проблемите ќе биде спроведен и во клиничкиот центар“, кажа Фанка Јанчулева-Михаиловска.
Судијката додаде дека ќе го прифати за веродостојно известувањето од полицијата за неможноста да се спроведе Зеќири. Таа пред адвокатите на Зеќири рече: „Инаку ќе постапев поинаку“.
Во петокот, Зеќири барал здравствен преглед во една од скопските клиники. Тој му бил дозволен од судот, а бил спроведен со полиција.
Следното рочиште е закажано за наредната недела. Тогаш, ќе се испитуваат две лица. Првиот сведок е Киро Костов – вешто лице. Второ лице е сведокот Петко Димитров. По испитување на овие две лица, доказната постапка на обвинителката Катерина Коларевиќ завршува. Во судницата ќе бидат испитани и вработениот во Владата Агим Махмути, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, и директорот на „Пошти“ Јани Макрадули.
Македонија
Груби: Нема повеќе време, ниту простор за калкулации, или сте за или сте против Европа

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска учествуваше на годишната владина конференција „2023 година на нови можности за економски развој и европски интеграции”.
„Политиката на нашата Влада е храбра и прогресивна, политика на нула проблеми со соседите и целосно регионално и евро-американско партнерство. Додека пак, политиката на страв е политика на уназадување, тоа е политика која одржува статус квота, а кога сите други напредуваат, тие што се заглавени во место, всушност, уназадуваат“, рече меѓу другото првиот вицепремиер Груби во својот говор пред присутните.
„Бевме реизбрани по неуспешниот обид во Собранието да се спречи почетокот на преговорите со Европската Унија со мотиви да се втурне нашата земја во непредвидливост. Не дозволивме инсталирање на парламентарно мнозинство зависно од Москва кое ќе избира марионетска Влада на услуга на некој друг, а не на граѓаните. Овие напори не престанаа. Ваквите закани се секојдневие на нашата власт, но тоа не не обесхрабрува. Напротив, уште повеќе не зајакнува да го реализираме она што им го ветивме на граѓаните, еднаквост, развој, интеграција, мир, безбедност и стабилност”, изјави Груби.
Тој додаде дека го заокружиле нормативниот дел од Охридскиот договор и сега неговата имплементација е секојдневие и ни овозможи да имаме рамноправно општество, сведоци сме дека не е донесена маргинализирачка, дискриминаторска одлука и нема никакви пречки во спроведувањето. Државата покажува лојалност кон заедниците, а заедниците и враќаат со лојалност. Нашата држава не изгуби ништо, ниту од знамето, ниту од јазикот, ниту од општините, ниту од универзитетот, напротив, стана многу посилна и постабилна и овој процес и ја отвори европската перспектива на земјата. И по Охридскиот договор, сонцето повторно изгреа и сме истите, на исто место, но со многу поздраво општество.
„Го испочитуваме договорот од Преспа во целост, го променивме Уставот. Повторно, ништо лошо не се случи со нашата земја. Станавме членки на НАТО, странските инвестиции се зголемија, безбедни сме во овие тешки и непредвидливи времиња. И по Договорот од Преспа, сонцето повторно изгреа и нашата земја остана таму каде што беше, но многу посилна и со повеќе пријатели. Дури и со Србија го решивме прашањето за автокефалноста на православната црква и повторно ништо лошо не ни се случи. Договорот за добрососедство го одобривме и во Владата и во Собранието и како резултат на тоа во јули минатата година конечно ги започнавме преговорите за членство во Европската Унија. И после тоа сонцето повторно изгреа, а ние зборуваме на истите јазици што ги зборувавме и пишувавме, се чувствуваме како што сме, без да дозволиме никакво наметнување, но сега како земја која преговара со Брисел”, истакна Груби.
Тој додаде дека ова е единствениот пат за проекти, автопати, железници, депонии, училишта, болници, градинки, подобар стандард на живеење, за владеење на правото, за борба против корупцијата и организираниот криминал, за чистење на нашите општествени редови и јавноста од монтерите на стравот и директните и индиректните пречки на европскиот пат.
Ги повика да дојдат сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, политички партии, граѓанско општество, медиуми, креатори на јавното мислење, академски свет и граѓани, дојдете на првата линија на европско- македонскиот фронт.
Нема повеќе време и простор за калкулации и измами, или сте за Европа или сте против, нема простор за средна зона, бидејќи нема друга алтернатива, рече Груби.