Контакт

Македонија

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Објавено пред

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина Гази Баба) и претставува опасност за децата што го користат игралиштето во непосредна близина.

Загрижен родител испрати фотографија до редакцијата на „Макфакс“, на која се гледа дека десно од јамата има детски лулашки, кои често ги користат децата од околните згради поради што родителите стравуваат поради незаштитената јама што демне во школскиот двор, кој не е затворен за употреба.

„Училиштето се реновира (проектот е завршен), но оваа небезбедна јама стои вака без никаква заштитна ограда веќе неколку месеци. Иста беше ситуацијата и пред учениците да се рапyштат, кои пo завршување на часовите, прескокнуваа преку јамата. Oва е слика пред два дена и се гледа дека децата што живеат во близина го користат игралиштето, кое не е затворено за употреба и во секој момент може да настане трагедија. За нештата да бидат потрагични, десно има детски лулашки (претшколска возраст). Трагедија може да настане во секој момент и лулашките не се затворени за употреба“, се вели во писмото на загрижениот родител испратено до редакцијата на „Макфакс“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Куче тепано со вила, па запалено со бензин во гевгелиско Стојаково

Објавено пред

Маалско куче попладнево било запалено со бензин во гевгелиското село Стојаково, а поради тешките изгореници по телото, за кратко време починало.

Според информациите објавени на социјалните мрежи, кучето пред да биде запалено, било измачувано и тепано со вила.

Активистите прашуваат до кога ќе се толерираат вакви случаи и со тоа да се одобруваат вакви свирепи убиства. Тие бараат санкции за сторителот кој го извршил убиството на монструозен начин.

Случајот ќе биде пријавен и во полиција.

Во изминатите месеци, здруженијата за заштита на животните бараа да се откријат и сакнционираат лицата кои фрлаа отров низ повеќе градови во државата, со што усмртија стотици бездомни животни.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

На преминот „Богородица“ за излез од државата се чека и по еден час

Објавено пред

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во своето попладневно соопштение.

Од таму додаваат дека на граничниот премин „Богородица“ чекањето за излез од државата е од 30 до 60 минути.

На останатите граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пуштен во функција привремениот граничен премин со Косово

Објавено пред

Граничниот премин Стреизмир-Рестилица на македонско-косовската граница на планината Кораб од денеска до 20 август ќе биде отворен за туристички цели.

На настанот денеска присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заменикот министер Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски, заедно со косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа, заменик директорот на косовската полиција Самедин Мехмети и министерот за инфраструктура и транспорт Паљ Лекај.

Министрите остварија средба и со жителите на општината Брод во Косово и ја истакнаа одличната соработка меѓу двете земји, како и решеноста да се подoбрат условите за живот за жителите од овие места.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет54 минути

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет2 часа

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија3 часа

На преминот „Богородица“ за излез од државата се чека и по еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во...

Свет4 часа

Расте напнатоста поради запленетиот танкер, британски министер го предупреди Иран

Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, денеска изјави дека инцидентот со нафтениот танкер во Ормускиот проток може да биде...

Македонија7 часа

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија8 часа

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија11 час

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија12 часа

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Македонија12 часа

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион12 часа

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија13 часа

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Македонија1 ден

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија1 ден

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија1 ден

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија1 ден

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија1 ден

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија1 ден

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија1 ден

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија2 дена

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет2 дена

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Досие