Македонија
Неофицијално, прегазеното дете има внатрешно крвавење

Неофицијално, прегазеното дете од сообраќајката во Ѓорче Петров има внатрешно крвавење, напукнат череп и исчашување на едното рамо. Се работи за лице со иницијали З.П. , дознава „Макфакс“.
Сообраќајната несреќа се случила кога возило од марката „опел астра“ удрило во детето, кое по ударот било пренесено на Ургентниот центар, потврди МВР.
„Макфакс“ дознава дека во автомобилот имало маж и жена, кои, според раскажуавањата на очевидците, го однеле детето во болница по несреќата.
Непосредно, по сообраќајната несреќа стотина граѓани излегоа на протести пред Основното училиште „Мирче Ацев“. Бесни раскажуваат дека повеќепати барале да бидат поставени светлосна сигнализација и легнати полицајци, но наишле на отпор од надлежните.
„Овде се вози 200 на саат. Ако уште еднаш падне жртва ќе го запалиме цело Ѓорче“, раскажаа тие.
Очевидци за Макфакс велат дека момчето ја минувало улицата на пешачки премин, а возилото движело во спротивна насока, за да избегне дупки на патот.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Македонија
Пороен дожд и грмежи во Крива Паланка, Берово и Кратово

Попладнево почнувајќи од источните делови на земјава имаше развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Од градовите пороен дожд и грмежи имаше во околината на Крива Паланка, Берово и Кратово. Потоа нестабилноста се прошири и кон Прилепско, Крушевско, во околината на Тиквешко Езеро и Јакупица.
Во вечерните часови ќе биде малку до умерено облачно, а на места сè уште ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Во текот на ноќта облачноста ќе се намали.
Македонија
Средба Џафери – Грабар Китаровиќ: Македонија има искрен и силен пријател во Хрватска

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Колинда Грабар-Китаровиќ, претседателка на Република Хрватска
Претседателот на Собранието, Талат Џафери оствари средба со хрватската преседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која престојува во официјална посета на земјава. На средбата присуствуваа и Даниела Рангелова, претседател на Пратеничката група на Собранието за соработка со хрватскиот парламент и членовите на групата, пратеничкитеБети Рабаџиевска-Наумовска, Шпреса Хадри и Теута Биљали.
Џафери изрази задоволство од извонредните и пријателски односи меѓу Македонија и Хрватска. Истакна дека особено се цени фактот што Хрватска силно ја поддржува нашата земја во евроатланските интеграции, кои очекуваме да ги финализираме со полноправно членство во НАТО на претстојниот Самит на Алијансата.
Тој ја запозна својата соговорничка дека покрај реформските процеси во евроатлантските интеграции, особено по позитивниот извештај од Европската комисија кој ја содржи безусловна препорака за почеток на преговорите, Собранието посветено работи и на планот на балансиран дијалог меѓу власта и опозицијата во донесувањето на стратешки важните закони.
Џафери ја потенцираше важноста од натамошна заемна поддршка во мултулатералните и регионалните организации, бидејќи потребна е континуирана посветеност во негувањето на добрите билатерални односи со конкретни дејства. Во однос на економската соработка, Џафери подвлече дека истата треба и натаму да се унапредува, особено во делот на туристичката соработка, која е традиционална меѓу населението во двете држави.
Грабар-Китаровиќ се заблагодари на средбата и изрази задоволство што изминатава година е постигнат огромен напредок во демократскиот развој на земјата. Во однос на севкупната евроинтеграција на земјата ги сподели хрватските искуства на тој план и особено го истакна значењето на парламентот во процесот на претпристапните преговори, како и важноста на конструктивен пристап кон процесот и од страна на опозицијата. Ја подвлече улогата на НАТО и ЕУ во градењето на стабилна држава, во која странските инвеститори секогаш ќе имаат интерес да вложуваат, што натаму ќе доведе до развој на целата држава во целина. Особено го изрази задоволството од високиот процент на жени-пратеници, што споредено со Хрватска, е речиси двојно поголем.
Грабар-Китаровиќ истакна дека Македонија има искрен и силен пријател во Хрватска која и понатаму ќе ја поддржува во нејзините напори што побрзо да стане полноправна членка на ЕУ и НАТО.
Претседателот и членовите на Групата за соработка ја запознаа хрватската претседателка со своите активности на планот на промовирањето на што поголемо учество на жените во политиката, со акцент за натамошно зголемување на бројот на жените во извршната и локалната власт. Истакнаа дека без разлика на политичката идеологија, заедно и посветено работат на реформската агенда на евроинтеграција на земјава и ја изразија подготвеноста за натамошна поинтензивна соработка со своите колеги во хрватскиот Сабор.
Македонија
Иванов домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони

Претседателот Ѓорге Иванов утре во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони. Главната цел на Процесот Брдо-Бриони е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.
Земји учеснички во Процесот Брдо-Бриони се Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Македонија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска и Црна Гора, претставени на ниво на претседатели на држави. На состанокот на лидерите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони ќе учествуваат албанскиот претседател Илир Мета, претседавачот со Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, косовскиот претседател Хашим Тачи, словенечкиот претседател Борут Пахор, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, хрватскиот претседател Колинда Грабар-Китаровиќ и претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ.
Во согласност со досегашната практика, покрај лидерите на земјите учеснички, на состаноците на Процесот Брдо-Бриони учествуваат високи гости од Европската Унија, како и лидери на земји членки на ЕУ. Почесни гости на состанокот во Скопје се претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и бугарскиот претседател, Бојко Борисов.
Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје е потребата за подобрување на меѓусебната поврзаност во политичка, економска, инфраструктурна и безбедносна смисла, а во контекст на новата стратегија на ЕУ за Западен Балкан.
Во рамките на Процесот Брдо-Бриони, првпат по иницијатива на Република Македонија, минатата недела се одржа состанок на директорите на агенциите за разузнавање на земјите учеснички во Процесот, на кој се дискутира за безбедносната поврзаност како сегмент на регионалната соработка. Процесот Брдо-Бриони првпат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска, во Брдо кај Крањ. Лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно.
Во рамките на оваа регионална иницијатива досега се одржани шест состаноци, од кои пет редовни и еден вонреден: во Брдо кај Крањ, Република Словенија, во 2013 година, во Дубровник, Република Хрватска, во 2014 година, во Будва, Црна Гора, во 2015 година, вонреден самит во Загреб, Република Хрватска, во 2015 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, во 2016 година и во Брдо кај Крањ, Република Словенија, во 2017 година, а на кои редовно учествува претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
На состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони, кој ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје, се акредитирани 156 претставници на медиумите, 116 од Република Македонија и 40 од странство.
- Македонија2 месеци
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news2 месеци
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура2 месеци
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story2 месеци
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news2 месеци
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news2 месеци
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија2 месеци
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news2 месеци
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“