Контакт

Македонија

Не е време за пиво и скара, туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на другите плати, повика ССМ

Објавено пред

Овој Први мај, место марш, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест оти платите се мизерни, најниски во регионот, не се зголемуваат во согласност со потпишаните договори и Владата и работодавците одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра и да ги зголемат сите други плати за најмалку 100 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ги повика синдикатите здружени во ССМ, нивните членови, но и сите други синдикати и поддржувачи на работничките права, место на скара, да излезат на протест.

„Недостоинствените услови за работа и недостоинствените плати се главниот мотив оваа година на Први мај да протестираме, а не да маршираме. Има многу причини ‘за’, но ниедна против излегувањето на протест на Први мај. Денеска, за жал, огромен број работници во приватниот сектор уште немаат добиено плата за март. Денеска, огромен број институции во јавниот сектор немаат добиено плата за март 2025 година. Ако тоа што ви се ниски платите, ако тоа што не добивате плата не е доволен мотив да ни се придружите на Први мај, тогаш треба да знаете – колку ќе дојдете и колку ќе дојдеме – толку и ќе добиете и толку ќе добиеме. Нè бројат и Владата и работодавците. Поканата е отворена за сите што сметаат дека треба да ни се придружат на овој Први мај заедно да покажеме дека минималната плата во Македонија е мизерна во однос на најниската во регионот. Ако во некоја држава минималната плата е на дното во регионот, во Македонија минималната плата го проби и дното. Не е време за пиво и скара, време е за борба за работничките права“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.

Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом на Први мај. Трендафилов апелира работниците да покажат единство оти живеат од плата, не од политика, и масовно да излезат да го искажат незадоволството. Тој нагласи дека пет месеци нарочно не се утврдува репрезентативност на ССМ за да не се одржи седница на Економско-социјалниот совет, на која Владата ќе мора или да го прифати или да го одбие предлогот на ССМ минималната плата да се покачи на 500 евра.

Најново

Спорт32 минути

Јамал и Халанд пишуваат историја по Светското првенство, тие вредат повеќе од 200 милиони евра

По завршувањето на Светското првенство 2026 година, Ламин Јамал и Ерлинг Халанд се на врвот на листата на највредни фудбалери...

Македонија40 минути

Општина Чаир донира вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со...

Спорт45 минути

(Видео) Аргентинската легенда проговори откако го удри Олмо по финалето на СП

Роберто Ајала, член на тренерскиот штаб на аргентинската репрезентација, за прв пат проговори за инцидентот по финалето на Светското првенство,...

Црна хроника52 минути

Четворица вевчанци го оштетиле ЈП „Национални шуми“ за над половина милион денари, добија кривични пријави

Струшката полиција поднесе кривична пријава В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени...

Свет54 минути

Украински дронови во Пентагон

Украина се согласи да извезува дронови во САД за да учествува во програмата на Пентагон „Доминација со дронови“, потврди извор...

Македонија1 час

Во петок локален дожд, викендов сончево време

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец,...

Црна хроника1 час

62-годишник силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на...

Црна хроника1 час

Уапсен 16-годишник од Радуша, излетал од патот со автомобил со германски таблички, полицијата му го одзеде возилото

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во селото Јегуновце уапсија 16-годишен малолетник од село Радуша оти без возачка дозвола управувал...

Црна хроника1 час

Прилепската полиција уапси 52-годишник оти предизвикал пожар во кој изгорела сува трева на голема површина

Синоќа прилепската полиција го уапси 52-годишниот (Г.Ц.) од селото Чепигово, прилепско, поради сомнение дека предизвикал пожар на отворено во кој...