Контакт

Македонија

„Не си играјте со европската иднина на Северна Македонија“ – Сириза побара од Мицотакис ратификување на меморандумите

Објавено пред

Грчката опозициска партија Сириза ја повика Владата на премиерот Киријакос Мицотакис итно да ги ратификува трите меморандуми потпишани меѓу Грција и Северна Македонија, како дел од Договорот од Преспа.

Ова се случува по најавите дека официјална Атина размислува за понатамошно одложување на процесот, пишува „Еурактив“.

Меморандумите, се однесуваат на економската соработка меѓу двете земји, забрзувањето на пристапот на Северна Македонија кон ЕУ и контрола на воздушниот простор.

„Донесете ги меморандумите во Парламентот и престанете да играте со европската иднина на Северна Македонија и со европските интереси во регионот и проблематичниот Балкан“, изјави пратеникот на Сириза, Костас Захаријадес.

Тој додаде дека секое одложување го зголемува влијанието на Турција во регионот.

„Еурактив“ потсетува дека твитот на премиерот Зоран Заев во кој пишува „македонска репрезентација“ предизвика силна реакција од грчката владејачката Нова демократија, која најави дека привремено ќе го замрзне ратификувањето на трите меморандуми. Договорот од Преспа беше потпишан кога Сириза беше на власт.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Регистрирани се 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на Ковид-19: Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1 лице.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Тетово – 6, Куманово – 4, Кичево – 1 лице.

Пријавени се три починати лица : две лица од Гостивар (68г и 86г) и едно лице од Скопје (82г), починати во болнички услови.

Направени се 5.276 тестови преку: ИЈЗ-163, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-32, ЦЈЗ Тетово–43, ЦЈЗ Куманово–58, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-6, Институт за микробиологија–21, Жан Митрев (Филип Втори)-94, Авицена-304, Биотек-203, Систина-108, лабораторија Лаор-677, Синлаб-69, Ремедика-16, Плодност–51, Генеа–2, Никоб лаб-799, ВФВ Медикал-40, Ели Медика-14, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.466.

Досега во земјата се направени вкупно 994.490 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68979, Активни 221
Куманово 8971, Активни 72
Прилеп 8343, Активни 14
Тетово 7564, Активни 229
Битола 6344, Активни 34
Велес 5479, Активни 3
Гостивар 5261, Активни 68
Кавадарци 5160, Активни 4
Охрид 5031, Активни 10
Штип 4970, Активни 6
Струмица 4150, Активни 21
Струга 2991, Активни 8
Кочани 2804, Активни 9
Кичево 2625, Активни 19
Гевгелија 2197, Активни 2
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1528, Активни 3
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1165, Активни 4
Берово 1037, Активни 5
Делчево 974, Активни 1
Дебар 971, Активни 27
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 674, Активни 7
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 272, Активни 3
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски: Власта тајно ја зголеми акцизата на дизелот за два денари по литар

Објавено пред

Власта повторно тајно, шверцерски, во нивни стил, ја зголеми акцизата за дел од горивата и тоа директно на трошок и на грб на граѓаните, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„ Согласно последната одлука на Регулаторната комисија, акцизата за литар дизел е покачена од 15,50 денари по литар, на 17,50 денари по литар. Ова значи дека дизелот поскапува два денари само по основ на покачената акциза од страна на Владата. Од ова произлегува дека последното покачување на цената на дизел горивото во најголем дел се должи на оваа разлика, која треба да завршува директно во буџетот на државата и внимавајте да ги полни дупките на Владата која што ги направи во буџетот единствено со крадење на парите на граѓаните. Со последната одлука на Регулаторната цената на дизелот стаса до 63,5 денари по литар што е покачување од 13 денари споредено со цената внимавајте пред четири години кога СДСМ доаѓаше на власт“ изјави Арсовски.

Според него, ваквото поскапување на дизел горивата заради покачената акциза, не е поврзано со најавената зелена такса, која што Владата ја најави, која, како што рече тој, кога ќе се донесе дополнително ќе ги поскапи горивата од 4,13 денари по литар.

„ Цената на дизел горивото, како и останатите горива влијае врз цените на многу производи, многу услуги, вклучително и патниот транспорт и ваквите покачувања кои што се случуваат и ќе се случуваат ќе имаат импликации на потрошувачката кошничка за граѓаните, односно, ќе се зголеми цената на животниот стандард. И тоа само затоа што Владата на СДСМ и нивната коалиција крадеше од граѓаните и сега дупките во Буџетот ќе ги полнат преку парите на граѓаните.

Ние еднаш јавно напоменавме, сега напоменуваме повторно, пари кои одат директно во буџетот на име на ново воведени акцизи, давачки и такси, тоа е покачување кое не е последица на зголемување на светската цена на горивата, туку е единствено последица на алчноста на Зоран Заев, на власта и на нивното крадење како влада и коалиција. Најпрвин го испразнија буџетот, потрошија скоро 15 милијарди евра за четири години и направија нов долг од 2,4 милијарди евра. Луксузот на власта и Заев се покрива директно од давачките на граѓаните кои што се наметнуваат“ додаде Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија е позадолжена од било кога и дека сега кога буџетот е празен се удира по џебот на народот, за тој да ги покрие дупките во приходите, кои, како што вели тој, настанаа заради тендерите кои си ги даваа власта на нивни блиски луѓе и поткупот кој што го правеа пред избори.

Прикажи повеќе...

Македонија

Министерство за здравство: Достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека е достапна апликацијата за CommonPass сертификат за патување во странство. CommonPass е унифицран дигитален сертификат кој се презема од апликација од Google Play Store/App Store со кој се потврдува вакциналниот статус на секој граѓанин. Со овој сертификат во моментот може да се патува најчесто во САД и Канада каде се користи најмногу. Покрај патувањето и доказ за вакцинација со овој CommonPass граѓаните во овие земји можат непречено да се движат и функционираат во услови кога има одредени рестрикции и забрани за невакцинираните. За преземање на овој сертификат треба:

1) Да се најавите на вебстраницата vakcinacija.mk
2) Во својот личен профил можете да го најдете нациналниот сертификат издаден од МЗ со QR код за примена вакцина.
3) Системот ви дава опција за внесување на број на валидна патна исправа.
4) Откако ќе го внесете бројот на пасошот се креира автоматски CommonPass
5) За да креаираат дигитален CommonPass, достапен секогаш на вашиот паметен телефон, треба да ја преземете мобилната апликација „CommonPass„ oд Google Play Store/App Store
6) По симнување на апликацијата истата ќе ви побара да го внесете следниот активациски код: CPNMKD
7) Потоа апликацијата ќе побара да го скенирате QR кодот од CommonPass сертификатот кој веќе го имате симнато на компјутер. Доколку имате потешкотија да го скенирате кодот од eкран, испечатете го CommonPass сертификатот и скренирајте директно од хартија.

Министерството за здравство им нуди повеќе опции на вакцинираните граѓани за патување во странство, освен националниот сертификат со QR код, сега имаат можност да патуваат во САД и Канада и со CommonPass, а веќе од следната недела ќе биде достапен и Зелениот пасош за патување во ЕУ.

Министерството за здравство укажува дека независно од сите сертификати кои ќе бидат обезбедени за нашите граѓаните, секоја земја согласно епидемиолошката состојба има право да воведе дополнителни рестрикции за влез или движење во истата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Регистрирани се 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ3 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион5 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа5 часа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија5 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија6 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион6 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет6 часа

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ18 часа

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија20 часа

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија1 ден

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија1 ден

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија1 ден

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија1 ден

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет1 ден

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа1 ден

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија1 ден

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија1 ден

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија2 дена

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Досие