Контакт

Македонија

Николова: СДСМ ги зголеми платите во обрзованието, а ВМРО-ДПМНЕ ги изневери наставниците

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ги изневери наставниците и тие нема да добијат зголемување на платите за 12% во месец септември, изјави денес на прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

„Министерката Весна Јаневска неколку пати соопшти дека Владата не може да обезбеди пари за зголемување на платите на наставниците. Владата со неоправдани и нерационални образложенија избегнува да ја реализира оваа обврска кон просветните работници. Во изминатите години ДПМНЕ ветуваше поголеми плати, поттикнуваше штрајкови, иако платите на наставниците секоја година се зголемува. Да ве потсетам дека во април 2022, сегашната министерка Весна Јаневска, која тогаш беше опозиционерка, велеше ‘Потребно е Власта да изнајде пари бидејќи за наставниците станува збор’“, вели Николова.

Пратеничката од опозициската партија додава дека сега таа истата Весна Јаневска, откако седна во министерската фотеља, зборува сосема друго.

„Таа и ДПМНЕ ги погазија ветувањата кои ги дадоа пред наставниците и граѓаните. Тоа значи понижување и манипулирање на наставниците и сите вработени во образованието. Дека има пари потврда е луксузирањето на премиерот и министрите кои патуваат со најскапи авионски билети. Тоа е само потврда дека во прашање е избор на приоритети. За ДПМНЕ, наставниците не се приоритет. Наставниците и сите граѓани знаат дека во изминатите 7 години, Владата предводена од СДСМ ги зголеми платите во образованието, кумулативно за над 55%. И во годините на здравствена, економска и енергетска криза, имаше пари за континуирано зголемување на платите во образованието. Ако во 2016 година основната платата на наставниците во основно образование изнесувала 21.100 ден., од септември 2023 год. таа изнесува 33.640 ден.  Ако во 2016 година основната платата на наставниците во средното образование изнесувала 21.950 ден., од септември 2023 год. таа изнесува 35.200 ден. СДСМ ги зголеми платите и во високото образование. Така, ако платата на редовните универзитетски професори во 2020 година изнесувала 36.211 ден, во 2024 год. таа изнесува 81.783 ден. Сосема е неоправдано, Владата предводена од ДПМНЕ да тврди дека нема можност да се покачат платите во образованието. СДСМ останува да бидеме партнери на наставниците во заштита на  нивните права. СДСМ ќе се спротистави на политиките на оваа Владата која свесно сака да ги стави наставниците и образованието воопшто на маргините на општеството“, завршува Николова.

Најново

Спорт7 минути

(Видео) „Бомбата“ на Мејтланд-Најлс спречи триумф на Јунајтед на „Хил Дикинсон“

Манчестер Јунајтед продолжува да освојува подарува важни бодови во Премиер лигата, откако попладнево одигра 2:2 на гостински терен против Евертон....

Спорт17 минути

(Видео) Кими од 19-то место до победа – Италија по 60 години има победник во Монца

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, триумфираше на Големата награда на Италија, 13-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1. Младиот...

Црна хроника30 минути

Скопјанец измамен за речиси 12.000 евра, му барале пари за наводно лекување на дете во странство

Седумдесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за 720.000 денари, oдносно околу 12.000 евра од лице кое му барало...

Македонија43 минути

Јанушев се огради од уапсениот возач: Неговото постапување нема никаква врска со мене, претходно возел и други функционери

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, целосно се огради од постапките на неговиот возач, кој беше уапсен во случај поврзан...

Црна хроника2 часа

Скопјанец приведен во Галичник, кај него пронајдени марихуана и халуциногени печурки

Полицијата приведе 47-годишен скопјанец во Галичник, откако при преглед кај него биле пронајдени повеќе различни материи. Како што информира МВР,...

Забава2 часа

(Видео) Избрана е Мис на светот 2026 – круната ја освои учителка од Доминиканската Република

Големото финале на 73. избор за Мис на светот се одржа во саботата, на 5 септември, во Виетнам, каде што...

Свет2 часа

Лавров: Мерц практично ни објавува војна

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со дрон на...

Црна хроника3 часа

Низа пријави за семејно насилство: напади и закани во Кавадарци, Гостиварско и Скопје

Повеќе случаи на семејно и партнерско насилство биле пријавени во полицијата во изминатите два дена, меѓу кои напади и закани...

Спорт3 часа

Историскиот договор го спречи враќањето на Бензема во Лион

„Лекип“, објави многу интересна приказна за иднината на Карим Бензема. Бензема го напушти Хилал, но дали тоа значи и крај...