Контакт

Македонија

Николовски потпиша меморандум за соработка со НАПАГ

Објавено пред

Директорот на Студентскиот дом – Скопје, Дарио Николовски, потпиша меморандум за соработка со НАПАГ, национална асоцијација на престижни академски граѓани, соопштија од кабинетот на Николовски.

Преку оваа асоцијација и компаниите вклучени во нејзината мрежа, како што се посочува во соопштението, раководството на Студентскиот дом ќе гради нови соработки за повеќе бенефити за студентите.

„Се работи за мрежа на компании што самите студенти ги избраа, што уште еднаш докажува дека новото раководство на Студентскиот дом се раководи според потребите на студентите. НАПАГ е прва асоцијација во регионот која ги промовира студентите од сите професии и универзитети со цел да им помогне да го искористат својот потенцијал“, се посочува во соопштението.

Студентите заслужуваат повеќе можности и подобри услови во студентските домови, тие се нашиот приоритет и нашите насоки се во реализација на потребите на студентите, се наведува во соопштението од Студентскиот дом – Скопје.

Избори 2019

ДИК: Гласањето тече без проблеми, се гласа и во два старечки дома

Објавено пред

До овој момент гласањето тече без проблеми, оценија од Државната изборна комисија на прес-конференција информирајќи за гласањето на болните, затворениците, притворените и дијаспората кои денеска од 7 часот го остваруваат нивното гласачко право за претседателските избори и локалните кои се одржуваат во три општини. Од ДИК велат дека за прв пат гласаат и гласачи во два старечки дома. Гласачките места се отворени и таму, а 71 гласач ќе имаат можност да гласаат.

Во Избирачкиот список на овие избори се запишани вкупно 1.808.131 гласач.

„Веќе се отворени гласачките места во 32 наши дипломатско конзуларни претставништва во странство каде што 1.781 гласачи кои се пријавиле и чии пријави се прифатени од Државната изборна комисија имаат можност да го остварат своето гласачко право. Исклучок се само гласачките места во САД, кои ќе бидат отворени во 7 часот, согласно временската зона на ДКП. На гласачките места во 13 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 1.640 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот.
Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица ќе можат да го остварат и 7 гласачи кои се водат како внатрешно раселени“, информираа од ДИК.

Во текот на денешниот ден избирачките одбори ќе го спроведат гласањето на лица кои се болни или немоќни, или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 3.539 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни, како и 12 граѓани кои се пријавиле за гласање, а се во куќен притвор.

Државната изборна комисија издала акредитации за набљудување на 3.150 домашни, 419 странски набљудувачи, 289 преведувачи и 20 странски новинари.

Од ДИК потсетија дека гласачите своите гласачки ливчиња треба да ги обележуваат со заокружување на редниот број пред кандидатот за кој што сакаат да гласаат, со хемиско пенкало во сина боја.

Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 444, на кој заинтересираните граѓани можат да се јават и да постават прашање или да остават коментар до Државната изборна комисија, заедно со своите податоци за контакт, на кои би добиле одговор на поставеното прашање.

Новина која е воведена во однос на комуникацијата со граѓаните е тоа што за граѓаните со оштетен слух и говор на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на македонски знаковен јазик.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Иванов: Овој Велигден е посебен бидејќи го празнуваме во пресрет на посетата на Папата

Објавено пред

Претседателот Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и eпископ струмичко-скопски, Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

„На овој голем ден се потсетуваме на едно нешто. А тоа е дека иако самиот безгрешен и бесценет Господ Исус Христос, Синот Божји, со својата физичка смрт на крстот ја плати највисоката можна цена за да нè ослободи од заслужените последици на нашите грешки и промашувања. Со своето физичко воскресение, Тој го отвори патот и за наше воскресение во вечен живот.

Не постои појасна порака за Божјата љубов и милост кон човештвото од Велигден. Со векови и милениуми оваа порака им помагала на христијаните во Македонија да ги издржат и најстрашните прогонства, да им одолеат и на најсилните искушенија и да ги пребродат и најголемите премрежија. Но, овој Велигден за нас е посебен бидејќи го празнуваме во пресрет на посетата на Неговата Светост Папата Франциск на Република Македонија. Во време на длабока морална криза и отсуство на доверба, во нашата земја ќе дојде еден од најголемите живи духовни авторитети во светот. Ќе дојде за да прати порака на простување, помирување и сплотување. Затоа, длабоко верувам дека посетата на Папата Франциск е еден многу важен поттик за духовна обнова на Македонија и македонскиот народ и македонските граѓани.

Иако бројно мала, Католичката црква во Република Македонија дава несразмерно голем придонес кон духовниот живот и соживот во македонското мултирелигиско, мултиетничко и мултијазично општество. Св. Мајка Тереза е само еден пример за таквиот придонес. Во оваа прилика, на овој Велигден, сакам да ги повикам сите луѓе со чисти срца и со добра волја, независно од тоа дали припаѓаат на католичката, православната или протестантската гранка на христијанството, или пак на сосема друга верска или идеолошка традиција, да се вклучат во овој потфат за духовна обнова на Македонија во која ќе се почитува достоинството на секој човек. Бидејќи, веруваме дека секој човек е скапоцен во очите на Бог“, вели Иванов во честитката и нагласува дека ова е неговата последна велигденска честитка до верниците од Католичката црква за време на неговиот претседателски мандат.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре.

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со денешниот ден до 16 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до одделенијата за управни работи. На денот на првиот круг од претседателските и локалните избори, одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање лични карти во периодот од 7 до 19 часот.

Истото ќе важи и за вториот круг, кој ќе се одржи на 5.5.2019 година. Барањата за лични карти ќе се примаат до 4.5.2019 до 16 часот, а на денот на изборите, 5.5.2019 година, ќе се издаваат во периодот од 7 до 19 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 20199 минути

ДИК: Гласањето тече без проблеми, се гласа и во два старечки дома

До овој момент гласањето тече без проблеми, оценија од Државната изборна комисија на прес-конференција информирајќи за гласањето на болните, затворениците,...

Европа1 час

Уапсени две лица за убиството на новинарката во Северна Ирска

Две момчиња на возраст од 18 и 19 години се упасени во врска со убиството на новинарка за време на...

Свет2 часа

Напад на семејна прослава во Мексико, 13 мртви и тројца повредени

Непознати напаѓачи убиле 13 лица за време на упад на семејна прослава во Веракрус, во источниот дел на Мексико, соопштија...

Избори 20192 часа

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре. Сите барања за...

Топ2 часа

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“. МВР...

Топ3 часа

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во...

Европа3 часа

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на...

Свет3 часа

Во Египет референдум за продолжување на мандатот на претседателот

Египѓаните на референдум ќе гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Одлуката за распишување...

Избори 20194 часа

Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица

Денеска затворениците, раселените и немоќните лица гласаат на изборите за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат...

Свет16 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 201917 часа

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија23 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија24 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија1 ден

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија1 ден

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток1 ден

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија1 ден

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа1 ден

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20192 дена

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија2 дена

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Досие