Контакт

Македонија

Николоски: За почит е ставот на пратениците дека нема да гласаат за уставни измени

Објавено пред

Пратениците се најсилниот дел од ВМРО-ДПМНЕ и апсолутно е за почит што својот став решиле да го пренесат на овој начин, вели потпретседателот на партијата ,Александар Николоски, во врска со објавите на „Фејсбук“ на некои од пратениците дека ќе гласаат против уставни измени.

„Не мислам дека ставот на пратениците се противи на ставот на претседателот на партијата. Пратениците се најсилниот дел од ВМРО-ДПМНЕ. Тие ја чувствуваат вибрацијата на граѓаните. Тие се во секојдневна комуникација со граѓаните и штом решиле некои од нив вака јавно да го кажат својот став, значи дека тоа е она што го добиваат како вибрација од граѓаните и сакаат да го пренесат и тоа е апсолутно за почит“, рече Николоски на прашање дали оваа акција на пратениците е против ставот на лидерот Мицкоски дека партијата ќе го поддржи процесот ако успее референдумот.

Петнаесетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Меѓу нив се пратениците Влатко Ѓорчев, Ане Лашкоска, Лилјана Затуроска, Павлина Честојнова, Зоран Илиоски, Дафина Стојановска, Димитар Стевананџија, Лилјана Кузмановска, Трајче Димков, Никола Мицевски, Васил Пишев, како и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој, освен ставот дека нема да гласа за уставни измени, додаде и дека ќе го бојкотира референдумот.

Македонија

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

Објавено пред

 

Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во предметот “Титаник 3”. Тие и понатаму ќе го застапуваат предметот до донесување на пресудата. Во кривичниот суд попладнево стигнаа решенијата од Јанева.

Прерходно судијката Марија Клетничка дада пауза за Јанева да одлучи.

Предлогот за изземање на обвинителите дојде од адвокатот на Исмет Гури, Еленко Миланов.

Во третиот „Титаник“ на СЈО обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими, и Исмет Гури, заменик директорот на УЈП Скопје. Како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал.

Според обвинението, Аљими и Гури влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ. Првото рочиште за предметот се одржа на 16 март 2018 година.

Во третиот „Титаник“ на СЈО обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими, и Исмет Гури, заменик директорот на УЈП Скопје. Како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал.

Според обвинението, Аљими и Гури влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ. Првото рочиште за предметот се одржа на 16 март 2018 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арсовски: Ако Заев поседува докази зошто не е повикан како сведок?

Објавено пред

Како е можно премиерот на државата кој не треба да се меша во судската власт да поседува докази кога и тој самиот може да биде осомничен според видео снимките кои ги виде целата јавност каде што и самиот тој ја споменуван од осомничените? Ова прашање го постави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој праша какви докази и за кого поседува премиерот.

„Зошто Заев доколку поседува докази не е повикан ниту за сведок, иако според видеата кои што ги виде целата јавност може да биде и осомничен во целиот случај „Рекет“? За кои случаеви Зоран Заев има докази, дали можеби за рекетот кон бизнисмените, или пак за рекетот кон зетот на Фијат Цаноски кој можеби платил пари за да му се повлече обвинителен акт или пак можеби за некој нов случај за кој јавноста сеуште не го знае? Иако знаеме дека рекетирани биле десетици бизнисмени и биле земени десетици милиони евра“, рече Арсовски.

Опозицијата прашува дали премиерот Зоран Заев свесно манипулира со доказите и преку своето влијание во Судот сака да се заштити и тој самиот.

ВМРО-ДПМНЕ и на денешната прес-конференција укажа дека се неопходни предвремени парламентарни избори.

Прикажи повеќе...

Македонија

Територијалната противпожарна единица од Прилеп доби ново возило за брзи интервенции

Објавено пред

Денеска, во Прилеп, беше промовирано новото возило на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Прилеп. Тоа чини околу 5.000.000 денари, од кои 3.150.000 денари обезбеди Општина Прилеп, а преостанатите Пелагонискиот Плански Регион.

„Возилото најмногу ќе служи за брзи интервенции затоа што има високопритисна пумпа и собира доволна количина течност и пена за гаснење пожари. Заедно со противпожарното возило се набавени и 10 комплети опрема за пожарникарите. Сакам да кажам дека овде нема да застанеме со помагањето на ТППЕ, во најава имаме донација на две половни противпожарни возила од страна на прилепската компанија ‘Витаминка’, кои ќе бидат набавени во текот на септември. Сакам да му се заблагодарам на директорот на Пелагонискиот Плански Регион за помошта во набавката на ова противпожарно возило“, истакна градоначалникот Јованоски.

Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот Плански Регион, Гого Видимче, рече дека се следат барањата на градоначалниците на општините од регионот и во координација со нив се бараат начини за решавање на проблемите.

„Со самото доаѓање на функциите градоначалниците од Пелагонискиот Регион, поточно од Битола, Прилеп и од Ресен, укажаа дека има недостиг на возила за територијалните противпожарни единици. Оттаму произлезе нашиот проект ‘Јакнење на капацитетите на ТППЕ во Битола, Прилеп и во Ресен’ и преку тој проект се набави противпожарното возило за Прилеп и 10 интервентни одела, а за другите општини се набавија 16 апарати за дишење со компримиран воздух и 55 костими за отворен пожар. Ова е проект од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој, кои беа кофинансиери во набавката на ова возило“, нагласи Видимче.

„Ние како пожарникари упатуваме голема благодарност за донираната опрема, особено за новото возило со кое ќе се постигне поголема ефикасност во работата. Се надевам дека и понатаму ќе се продолжи со други донации, со цел да се даде акцент за важноста на работата на пожарникарите“, порача командирот на ТППЕ Прилеп, Виктор Стојчески.

ТППЕ Прилеп располага со 7 противпожарни возила, чија просечна старост е над 20 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија4 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ4 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија4 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Свет4 часа

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија5 часа

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа5 часа

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет6 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија17 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет18 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет19 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија19 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет19 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт21 час

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион1 ден

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет1 ден

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Досие