Македонија
Николоски: Институциите да испитаат со кои пари се купени имоти во Дубаи од страна на роднини и бизнисмени блиски до владата на СДСМ

Институциите да испитаат со кои пари се купени имотите во Дубаи од страна на роднини и бизнисмени блиски до владата на СДСМ, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање дали има поконкретни информации за случаите со незаконското перење пари во Дубаи.
Николоски нагласи дека од она што се објавува по медиумите помеѓу сопствениците на имот во Дубаи се роднини и бизнисмени кои се блиски до актуелната гарнитура на власт, апелирајќи до надлежните институции да ги испитаат овие наводи со цел да се дознае на кој начин е стекнат имотот.
„Според податоците кои јавно беа изнесени, бројни лица од Македонија и бизнисмени поседуваат имот во Дубаи, она што се навестува во јавноста, пишуваа и одредени ваши колеги е дека помеѓу сопствениците на имот се роднини и бизнисмени коишто се блиски на актуелната гарнитура на власт а всушност мислам дека и целата јавност е запозната со честите посети на одредени богати семејства од Македонија во Дубаи коишто не се ни кријат, да ги објават фотографиите од Дубаи на социјалните мрежи. Она што треба да го одговорат во јавноста е за колку пари го имаат купено имотот? Дали е тоа направено преку легални трансакции и дали можат да докажат потекло на парите, а ги повикувам надлежните институции и пред сè управата за финансиско разузнавање, финансиската полиција, управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи да ги испитаат овие наводи затоа што ова не се наводи од улица условно кажано, туку се наводи коишто ги даваат врвни новинарски имиња и од регионот и од Европа, но и од светот. Така што треба да дадат одговори на овие прашања, на кој начин и со кој пари се стекнати тие имоти и дали тие имоти се можеби, односно тие пари се производ на кривични дела“, порача Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: За рангирањето на Шангајската листа ВМРО-ДПМНЕ нека се обрати кај татиниот асистент Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за образование, откако 11 години истото систематски го уништуваше, реагира СДСМ.
„За рангирањето на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и други универзитети на Шангајската листа ВМРО-ДПМНЕ нека се обрати кај нивниот претседател Христијан Мицкоски.
Мицкоски е професор на Машинскиот факултет при УКИМ, на тој ист факултет магистрирал и докторирал, а на истиот тој факултет професор бил и неговиот татко.
Мицкоски своевремено бил асистент кај сопствениот татко, што е врв на непотизам.
Ете така Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги замислуваат реформите во високото образование, градење кариера преку непотизам, роднински и пријателски врски.
Христијан Мицкоски е симбол на непотизам, а неговата ВМРО-ДПМНЕ симбол на деструктивност и дејствување на штета на интересите на граѓаните и државата“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Македонија
Кочоска Димитриеска: СДСМ е здружена криминална банда со ДУИ

„Министерката за култура воопшто не се огради, не пак да го осуди настанот. Повторно морам да кажам, зборуваме за потрошени пари на граѓаните на Република Македонија и најголем дел од нив преку таа прослава и исвиркувањето на некој начин се навредени нашиот идентитет, нашиот јазик“, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска одговарајќи на новинарско прашање за немањето осуда од страна на власта за исвиркување на македонскиот јазик за време на прославата за Рамковен.
Димитриеска Кочоска која присуствуваше на присуствуваше на протестот на оризопроизводителите во Оризари посочи како да очекуваме да не почитуваат нашите соседи, кога самите не се почитуваме и додаде дека СДСМ не го осудува ова однесување затоа што треба да си го осудат коалициониот партнер со кој се заедно во криминалите.
„Треба да излезат и да го критикуваат коалициониот партнер, а тоа е ДУИ. Но тоа е една здружена криминална банда која заради криминал и корупција ќе ги премолчи сите работи. Оттука министерката за култура нема храброст да искоментира што било“ рече Димитриеска-Кочоска.
Македонија
Бугарските историчари прогласија победа: „Ќе продолжиме да ги браниме позициите и за јазикот, браќата Миладиновци и Гоце Делчев“

Двегодишната битка за одбрана на позицијата на Бугарија во историските спорови со Северна Македонија ја достигна првата победа. Ова се наведува во ставот на бугарската Национална платформа „За Македонија“ во која членуваат бугарски професори – историчари и лингвисти.
Оттука предлозите на историската комисија ги оценуваат како победа за бугарската историска наука. Велат дека колегите во Скопје официјално го препознале очигледното, кое и тие многу добро го знаеле.
„Цар Самуил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот крстител Борис-Михаил го шират својот збор низ целото бугарско кралство, Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри. Сето тоа треба да биде запишано во детските учебници во Северна Македонија“, велат бугарските историчари.
Сметаат дека кон победата придонела посетата во јуни на Европскиот парламент во Стразбур на говорниците на Националната платформа „За Македонија“ професорите Николај Овчаров, Ана Кочева, Пламен Павлов и Спас Ташев, претставници на Бугарската академија на науките и Универзитетот Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“.
„Ќе потсетиме дека токму во тоа време се слушаа гласови од владата на Четирикратната коалиција дека ‘доста е со оваа историја’, ‘да им свртиме грб на историските проблеми’ итн. Но, нашите гласови се слушнаа и беа вградени во т.н. француски предлог, прифатен во двете земји. Се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме да ги браниме бугарските интереси во споровите за јазикот и за личности како браќата Миладиновци и Гоце Делчев“, наведуваат тие.