Македонија
Николоски: Сериозен притисок врз Бугарија од ЕУ нема, има само декларативен притисок

Сметам дека е здраво да ја одржиме оваа дебата денес, особено што од 2009-та година навака очекувањата се раѓаат најмалку два пати годишно, во јуни и во декември, но за жал не се реализираат од добри познати причини. Не би зборувал многу за минатото, повеќе би зборувал за иднината и за неколку предизвици кои што мислам дека стојат пред сите нас, а на кои што како држава мораме да имаме одговор. Јасна и неподелена е одлуката и на власта и на опозицијата и на клучните политички партии во државата дека поддржуваат зачленување на Македонија во ЕУ“, истакна Александар Николоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, на седница на Националниот совет за ЕУ интеграции.
Николоски додаде дека постојат предизвици за кои што е потребно да се говори и за кои што државата треба да добива јасни одговори од партнерите не само од Брисел туку и од поголемите главни градови од ЕУ.
„ Доколку овој процес е замрзнат и е ваков каков што е се поставуваат најмалку две прашања, првото прашање е дали има јасна визија и стратегија за Македонија и за регионот, и второто прашање е кој е планот. Во континуитет и Македонија и регионот се соочуваат со криза, прво беше здравствената криза која што се уште трае. Во моментов веќе има енергетска криза за компаниите, а за граѓаните ќе започнат да чувствуваат следната година. На тоа неминовно ќе се надоврзе и сериозна економска криза, не само проследена со повисоки стапки на инфлација од она што се проектира за Буџетот следната година и што било проекција на инфлација за државата година наназад, туку и генерално низ намалена економска активност“, рече Николоски.
Николоски посочи дека ги наброја предизвиците со кои што Македонија се соочува и кои што делумно се производ на неуспешните политики на Владата но делумно се и регионални и глобални феномени за кои што до денеска не се добиваат одговори, ниту пак насоки, патокази каде државата може да се движи.
„ Јас сум сериозно загрижен и го зборував тоа на претходната седница на Националниот совет дека енергетската криза ќе биде искористена за одредени други геополитички игри тука во регионот“, појасни Николоски.
Николоски укажа дека ако се соочи државата со ситуација да во соседството цената на електричната енергија остане по иста цена и да е со најниска цена во Европа заедно со Украина, а во Македонија да се плаќа највисока цена на електричната енергија, ако се соочи државата со ситуација Скопје да има проблем со парното во смисла или да поскапи три пати или да го нема, а во одредени други соседни градови тоа да го немаат тоа ќе отвори сериозни предизвици внатре во државата, но и во регионот.
„ Како што мислам дека недостасува еден впечаток во јавноста, можеби реалноста е поинаква, но впечатокот е таков, а тоа е дека не постои посериозен притисок врз Бугарија. Постои декларативен притисок, постои притисок кој што е на зборови и тоа го гледаме сите, но сериозен политички притисок врз Бугарија не гледаме во изминативе три, три ипол години колку што е проблемот. А, сите сме свесни доколку има волја тоа може да се направи“, појасни Николоски.
Николоски запраша дали ќе има решение со Бугарија, ако нема притисок врз истата држава. И недостасува здрава дебата помеѓу општествената елита за регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вечерва зградата на Владата свети во сино во знак за подигање на свеста за аутизмот

Вечерва зградата на Владата свети во сино, во знак на 2 април Светски ден за подигање на свеста за аутизмот. Ова на социјалните медиуми го објави премиерот на Македонија Димитар Ковачевски.
„Давам неизмерна поддршка и почит кон лицата со аутизам, нивните родители, семејства, пријатели, наставници, соученици. Како Влада се залагаме да обезбедиме системски решенија за грижа за децата и возрасните со аутизам. Не сме сите исти, ниту по физички изглед, ниту по карактер, но сите во оваа држава имаат исти права“, напиша Ковачевски.
Како што вели тој, да ги прифаќаме различностите, бидејќи секој е различен и посебен на свој начин.
Македонија
Од понеделник пороен дожд

УХМР соопшти дека во понеделник, под влијание на нов влажен и постуден бран, ќе има врнежи од дожд кои попладне на повеќе места ќе бидат пообилни, над 30 литри на метар квадратен. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.
Следните три дена, ќе преовладува студено и ветровито време со повремени локални врнежи, претежно во западните делови.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Македонија
Левица: ДУП-от во Карпош ДПМНЕ го поддржа уште 2017 година

Со гласањето на Деталниот урбанистички план за блок ССЗ 01.10 кој се наоѓа во Злокуќани. се исправа неправдата која е нанесена на жителите во овој дел од општина Карпош, поголем дел Ромско население, поради тоа што со децении не е усвоен ДУП, а со самото тоа не може да управуваат со нивните имоти и да ги уживаат правата кои ги имаат останатите жители на Општина Карпош, велат од политичката партија Левица.
Со овој план, од партијата посочуваат дека конечно ќе може да се легализираат куќите во ова населено место.
Дополнително, со нивната легализација ќе може голем дел од домаќинствата да се инкорпорираат во јавниот комунален систем и да добијат квалитетна услуга, се вели во соопштението.
Од Левица потенцираат дека ова е еден од ретките ДУП-ови што нема елементи на бетонизација, а зачудени се од одлуката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ која не го поддржа овој ДУП.
„Земајќи го во предвид ова како и придобивките за жителите на овој дел од Општина Карпош, за очекување беше истиот да го поддржат сите советнички групи. Изразуваме зачуденост од одлуката овој ДУП да не го поддржат советничката група на ДПМНЕ. Токму советничката група на оваа политичка партија во март 2017 година го изгласаа овој ДУП во оваа форма“, посочуваат од партијата.
Велат дека нивната хистерична реакција е веќе видена во Советот на Општина Карпош, особено по „замрсените“ односи меѓу лидерот на партијата Христијан Мицковски и градоначалникот Стевчо Јакимовски.
„Сакаме да напоменеме дека во овие политички игри ДПМНЕ ги вовлече и советничките од Независни кои без соодветно образложение гласаа против жителите на Злокуќани. Нападите кон локалниот огранок на Левица во Општина Карпош се за очекување и претставува прелсикување на политиката која ДПМНЕ ја води на централно ниво, па за секој нивни неуспех, за секое национално велепредавство криви се Левица, а не нивните функционери кои во Собранието на Република Македонија за многу штетни закони гласаа заедно со СДС и ДУИ“, истакнаа од Левица.