Македонија
Николоски-Силвестри: Имаме потенцијал за поголема економска соработка
Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри.
На средбата беа разменети мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, со посебен акцент на билатералните односи меѓу двете земји.
Министерот Николоски ја потврди добрата соработка со Италија и нагласи дека поддршката што ја овозможува Италија е значајна за севкупниот развој на државата.

На средбата министерот Николоски го запозна амбасадорот Силвестри со владината програма и инвестициите во инфраструктурата. Се отворија и прашањата за процесот на реформи кои се спроведуваат како дел од интегративниот пат на Македонија во Европската Унија.
Министерот изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка меѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ученикот кој беше прободен во училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели Стефковски
Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Нападот го извршил поранешен ученик, а повредениот е ученик во деветто одделение.
„Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен ученик кој минатата година го завршил своето образование во ова училиште, дошол и повредил ученик од деветто одделение. Во разговор со членови на семејството на повредениот ученик информиран сум дека детето е во добра здравствена состојба и се наоѓа на болничко лекување“, објави Стефковски.
Лицето кое го извршило нападот е уапсено. Според информации во јавноста, нападот се случил во основното училиште „25 Мај“. Од МВР известија дека 15 годишник вчера со остар предмет влегол во училиштето и повредил ученик.
Стефковски го осуди нападот и вели дека насилството не може да се оправда со ништо.
„Општина Гази Баба, останува во постојана координација со надлежните институции кои превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, вели градоначалникот.
Македонија
Во завршна фаза е изградбата на боксерската сала во Битола
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола.
Центарот за спорт и спортски активности е еден од шеснаесетте проекти финансирани од Владата на Македонија преку Министерството за спорт со вкупна вредност од над 43 милиони денари.
Надвор во завршна фаза е довршувањето на фасадата на објектот, а во внатрешноста на објектот се довршува подот.
Објектот е на два ката со површина од околу 930 метри квадратни. Има сала за тренинг со боксерски ринг и фитнес справи. Објектот има и соблекувални машки и женски со сопствени тоалети и бањи и тоалет за лица со посебни потреби. На источната страна се просториите за спортско качувачки клуб идентични како на боксерскиот клуб, со сала за тренинг и соблекувални.
Околината на објектот ќе биде партерно уредена и ќе има паркинг.
„Ова ќе биде место за тренинг и подготовка на битолските и македонските боксери. Битола има своја боксерска историја, а во сегашноста и свои шампиони, кои ќе добијат современи и модерни услови за нивните предизвици“, велат од Општината.
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“.
Таа им се заблагодари за долгогодишниот придонес на македонската дијаспора во Канада во јакнењето на економските, образовните, научните и културните врски со матичната држава, како и во промоцијата на македонските интереси и потенцијали на меѓународен план.
Беше истакната важноста на иницијативите како „Македонија 2025“, коишто придонесуваат за поврзување на домашната бизнис-заедница со успешни професионалци и инвеститори од дијаспората, поттикнувајќи претприемништво, иновации и економски развој.
Претседателката детално ги запозна со внатрешните и надворешните политички приоритети на државата, со посебен осврт на евроинтеграциските процеси. Тие, пак, ја предочија можноста за интензивирање на канадско-македонските односи на највисоко ниво.
Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на севкупната соработка и меѓународната афирмација на државата.
