Контакт

Македонија

Нимиц ќе ја тестира подготвеноста за решение

Објавено пред

Во пресрет на доаѓањето во Скопје, специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц најавува тестирање на подготвеноста на двете страни за спорот со името.

Тој во интервју за „360 степени“, вели дека последните неколку години не биле соодветно време за интензивни преговори околу името од различни причини, но изрази надеж дека прашањето повторно ќе биде главна тема за двете земји.

„Мислам дека помина доволно време. Мислам дека двете земји живеат заедно во мир веќе 25 години. Дојдена е нова генерација која сега го разгледува спорот. Постојат други предизвици во регионот кои не постоеја во 90 – тите. Така, можеби е дојдено време повторно да се разгледаат причините за загриженоста во периодот кога почна спорот. Но, морам да кажам и дека спорот за Македонија, како концепт, се уште се гледа многу различно од двете земји“, вели Нимиц.

Нимиц додава дека идентитетот на етнички групи не е предмет на преговори, бидејќи Обединетите Нации имаат работа само со суверени држави.

Посредникот за решавање на спорот утре пристигнува во Скопје, а ќе се задржи четири дена.

Го покани македонската Влада со цел да се дискутира за начините за постигнување напредок во разговорите со посредство на Обединетите Нации. Веднаш по посетата во Скопје, Нимиц заминува и за Атина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Цаневска – Арсовска: Орце не одговори од каде го најде Марјан Цветковски за директор на Фондацијата „Скопје – Град на културата“

Објавено пред

Од

Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот, обвини координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Катерина Цаневска – Арсовска.

„Она на што не сакаше да одговори Орце Георгиевски е од каде го најде Марјан Цветковски за нов директор на Фондацијата ‘Скопје – Град на културата’. Се работи за вечниот директор во Македонската радио-телевизија, кој 15 години беше директор и за кого имаше многу забелешки во работењето. Не сакаше да одговори ниту за непотизмот во Пожарникарската бригада. Потоа не сакаше да одговори за состојбите во Лајка. Зошто ретерираше од ставот за дивиот пешачки премин во Чаир?Исто така, не одговори конкретно ниту за понудената рака од СДСМ да му дадеме комплетна документација за да може Градот да конкурира за набавка на автобуси“, рече Цаневска – Арсовска.

Најверојатно не сака да одговори, додаде таа, бидејќи тука нема да може да има простор за трошење и злоупотреба на пари.

Цаневска – Арсовска, исто така, рече дека го добиле ребалансот на Буџетот со задоцнување, што, според неа, е кршење на Деловникот.

„Тоа беше и деловничко кршење во работата на Советот. И уште една работа – седницата повторно започнува со кршење на Деловникот. Наместо законските седум дена, материјалите за значајни точки, како што е ребалансот на Буџетот, ги добивме со задоцнување. Орце Георгиевски милува да каже дека тој е избран и дека тој одговара за работата на Советот. Да го потсетиме дека и ние сме избрани од граѓаните и одговараме пред граѓаните. Одговорноста не е само негова, туку и наша. Ние и понатаму ќе се бориме за интересите на граѓаните“, рече Цаневска – Арсовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сериозни пропусти во финансиското работење на Албанскиот театар утврдија ревизорите

Објавено пред

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Националната установа Албански театар – Скопје за 2024 година на сметката на основен буџет.

Во конечниот извештај, ревизорите изразиле неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики.

Ревизијата утврдила слабости во процесот на вршење попис на средствата и изворите на средства, како и дека не е воспоставена материјална евиденција за материјалните средства.

Дополнително, биле евидентирани градежни објекти без обезбеден акт за сопственост, како и материјални средства во подготовка и покрај обезбедено Одобрение за употреба и дадени препораки за пуштање во употреба на градежниот објект и опремата.

Во извештајот се наведува и дека не е дефиниран начинот на набавка, прием, издавање и задолжување со материјали и ситен инвентар, констатирани се слабости во начинот на регистрирање и евидентирање на полното работно време, како и намирување на обврски по проекти од минати години за кои не биле предвидени финансиски средства со тековниот Годишен план за работа.

Ревизијата дала препораки за надминување на утврдените состојби и подобрување на работењето на установата.

Во делот „Нагласување на прашања“ се посочуваат состојби поврзани со нерегулиран начин на користење на недвижни и движни ствари, функционирање на Управниот одбор без законски утврдениот број членови, внатрешната организација и систематизација на работните места, начинот на користење на паркинг-просторот наменет за публиката на театарот и судски постапки кои се во тек.

Во делот „Останати прашања“, ревизорите укажуваат на недефинирани механизми во Законот за културата за задолжително ангажирање на давателите на услуги во реализацијата на годишните програми за работа.

Во извештајот е наведено и дека во делот на внатрешните контроли не се донесени интерни процедури за значајни процеси во установата, не е систематизирано работно место за раководител на единицата за финансиски прашања и не се назначени лица за вршење на ex-ante и ex-post финансиска контрола.

Од Националната установа Албански театар – Скопје бил доставен допис во кој се наведува дека одговорното лице нема забелешки на Нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме проектот Чебрен и Галиште

Објавено пред

Од

Државата е блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се финансира проектот за хидроцентралата Чебрен и од каде би се обезбедиле околу 1,5 милијарди евра, колку што, според проценките, би чинела неговата реализација.

„Па јас вчера, во текот на брифингот, реков дека една од иницијативите која што ја имаме е сами, како држава, да го градиме, би рекол, целиот тој комплекс на централи на река Црна, над постоечката Тиквеш, во јавноста познат како проект Чебрен и Галиште. Направивме пресметки и цениме дека овој е стратешки проект, не само за Македонија како држава, туку и за регионот. До сега имаше многу неуспешни тендери, обиди за приватни партнерства, процеси поврзани со многу сомнежи“, рече Мицкоски.

Премиерот посочи доколку, како што рече, успееме да формираме синдикат на меѓународни финансиски институции, а разговорите се во таа насока, тогаш реално е да се очекува дека следната година ќе ставиме камен-темелник на овој историски проект.

„Има многу причини за кои верувам јас, и јас и колегите во Владата, и во компанијата АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, дека треба да се обидеме, вака народски кажано, да стиснеме заби и да го изградиме сами овој проект. Имајќи ги предвид климатските промени, убеден сум дека не само на Македонија како држава, туку и во регионот, ќе им требаат два резервоари за питка вода. Токму тие се тие акумулации, таков тип на резервоари. Така што, производството на електрична енергија можеби и не е примарен предизвик, можеби е терцијален или четврт по ред, имајќи предвид дека под постоечката хидроцентрала Тиквеш се наводнуваат некаде околу шеесетина илјади хектари земјоделско земјиште“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека ова е амбициозна најава, но не е невозможна и рече дека се многу блиску до конечна одлука самата држава да го гради овој проект.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Цаневска – Арсовска: Орце не одговори од каде го најде Марјан Цветковски за директор на Фондацијата „Скопје – Град на културата“

Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот, обвини координаторката на советничката група...

Економија7 минути

Беким Сали: Бизнисот останува главен двигател на економскиот развој на државата

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската...

Македонија10 минути

Сериозни пропусти во финансиското работење на Албанскиот театар утврдија ревизорите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Националната установа Албански театар – Скопје...

Спорт10 минути

Платини поднесе кривична пријава против првиот човек на ФИФА

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, покрена кривична и граѓанска постапка во француските судови против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино....

Свет13 минути

Потврдена казната од 8,5 години затвор за сатиричар за исмејување на Путин во Германија

Апелациониот суд во Москва денеска ја потврди казната затвор од осум и пол години што му беше изречена на германскиот...

Забава39 минути

Новиот роман за Гоце Делчев ги подели Македонците

Едни го нарекуваат најважното книжевно дело во последната деценија. Други велат дека отвора болни прашања за кои општеството не е...

Македонија41 минута

Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме проектот Чебрен и Галиште

Државата е блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Забава50 минути

Една од најголемите и најскапите приватни јахти во светот се закотви во Дубровник

Импресивната суперјахта „Дип блу“ се закотви пред Дубровник, откако претходно беше видена во водите на Мљет, пишува „Дубровачки дневник“. Станува...

Македонија1 час

Со Клинички центар во близина на обиколницата, може да привлекуваме пациенти и од соседните држави, рече Мицкоски и најави почеток на активностите в година

Премиерот Христијан Мицскоки се осврна на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар, коментирајќи дека може да се...