Контакт

Македонија

Нова рунда преговори за името во Њујорк

Објавено пред

Денеска и утре министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржат нова средба за името во Њујорк, во посредство на медијаторот Метју Нимиц.

Како што информира Министерството за надворешни работи, средбата меѓу двајцата шефови на дипломатијата ќе се одржи во присуство на личниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.

Минатиот викенд се одржа лидерска средба во Скопје, на која премиерот Зоран Заев информираше дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки колега Алексис Ципрас е Република Илинденска Македонија.

„Со ова можно решение го чуваме достоинството, го потврдуваме и го зајакнуваме нашиот македонски идентитет. Илинден е гаранција и за мултиетничка Македонија. Илинденската Македонија е држава и општество за чија благососотојба и развој подеднакво се ангажирани и Македонците и Албанците и Турците и Србите и Власите и Ромите и Бошњаците, и сите други што се бореле и избориле за слободна и независна Македонија“, истакна Заев.

Грчката страна го отфрли предлогот и даде до знаење дека преговорите треба да се насочат кон предлозите на Нимиц.

„Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц, како што знаете, не се согласуваме со петтото име од неговите предлози, и да одиме напред кон усвојување на еден стратешки план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име“, рече Коѕијас пред два дена од САД.

Во пресрет на новата рунда преговори во Њујорк, Коѕијас изјави дека не е ниту оптимист, ниту песимст, но има волја да најде решение, па се надева дека и другата страна ќе покаже прагматизам и реализам.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ферид Мухиќ гласаше против потребата од ратификување на договорот по итна постапка

Објавено пред

Од

Пратеникот Ферид Мухиќ, од редовите на владејачкото мнозинство гласаше „против“ потребата од ратификување на договорот со Грција по итна постапка.

Собранието со 69 гласа „за“ и 40 „против“ денеска ја утврди потребата од донесување на законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Единствена Македонија: Новинарските платеници треба да знаат дека Бачев не се криеше, туку војуваше против хунтата на Заев

Објавено пред

Од

Единствена Македонија преку соопштение реагира на вчерашните, како што велат од партијата, лаги на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, кој, според нив, преку своите новинарски платеници во партиските портали „Денешен“, „Курир“, „Република“ ширел подмолни лаги дека претседателот, Јанко Бачев, побегнал од завчерашниот митинг пред Собранието, па бил човек на Заев, па, излегол неповреден од протестот.

„Ние сме свесни за очајот на овие новинарски јаничари и платеници, претходно на Груевски, сега на Мицкоски, зошто ги шират ваквите лаги, свесни дека членството не ВМРО-ДПМНЕ масовно ги напушта предавничките политики на на нивните ментори од раководството на ДПМНЕ. За разлика од платениците од порталите на ДПМНЕ, ‘Денешен’, ‘Курир’, ‘Република’, кои бараат и ликуваат за морбидни сцени со повредени лица на протестот, ‘Единствена Македонија’ не посакува на било кој протест да има повредени, како што имаше на сенародниот митинг пред Собранието со употреба на бруталната и незаконска сила од полицијата“, се наведува во партиското соопштение.

Од „Единствена Македонија“ велат дека целиот македонски народ бил сведок оти пред Собранието првата испукана шок бомба и првиот солзавец од полицијата биле фрлени токму врз претседалот Бачев, кој правел обиди да го запре полицискиот хермелин.

„Возилото тргна да го гази народот и притоа претседателот Бачев се здоби со сериозни повреди за што беше хоспитализиран во една скопска болница“, појаснуваат од партијата.

Додаваат и дека за разлика од, како што велат, новинарските платеници на Мицкоски кои од безбедна дистанца во своите домови го следеле протестот и чекале инструкции од Центарот за комуникации, претседателот на „Единствена Македонија“ бил со македонскиот народ цела вечер пред Собранието и војувал со марионетската власт во Скопје по цена на своето здравје и живот.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ денес не се враќа на седница

Објавено пред

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да учествува во работата на Собранието, заради , како што велат кршење на Уставот и законите, со одлуката по скратена постапка да се ратификува договорот со Грција. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски ја обвини власата дека брза со ратификување на договорот на штета на граѓаните.

„Некој преземал обврска Македонија да ја стави во потчинета состојба. Власта не дава можност за расправа, туку брза. Ако договорот е добар зошто ја менуваат матичната комисија, и брзаат во еден ден? Зошто не организираат прослава ако е договорот е толку добар?“, праша Милошоски.

Тој додаде дека ова е уцена што некој преземал обврска да ја оствари.

„Со овој договор Македонија сама ја поништува пресудата на Меѓународниот суд која беше во наша корист. Со договорот се откажуваме од успесите до сега и 140 земји кои не признаа под уставното име. Владата го злоупотреби европското знаме. Договорот е антиуставен и понижувачки“, рече Милошоски.

Тој додаде дека договорот со Бугарија немал европско знаменце и се рагледувал на Комисијата за надворешни работи, за разлика од овој договор и тоа според него е доказ дека власта не ги почитува правните норми. Милошоски не кажа дали целосно ќе ја бојкотираат работата на Собранието или само денеска.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

ВМРО-ДПМНЕ денес не се враќа на седница

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да учествува во работата на Собранието, заради , како што велат кршење на Уставот...

Македонија46 минути

Делегација на демонстрантите бара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Демонстрантите, кои во пресрет на седницата за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, започнаа протест пред Собранието...

Македонија1 час

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа пауза и ја напуштија седницата

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието побараа пауза по што ја напуштија седницата. Претходно, од 109 гласа, со 69 „за“...

Македонија1 час

Демонстрантите ги повикаа Мицкоски и пратениците да излезат од Собранието и да им се придружат

Помала група демонстранти се собраа пред зградата на парламентот поради закажаната седница, на чиј дневен ред е предлог-законот за ратификација...

Македонија1 час

Собранието по скратена постапка ќе го ратификува договорот со Грција

Oд 109 гласа, со 69 „за“ и 40 „против“ Собранието ја усвои потребата договорот со Грција да биде ратификуван по...

Македонија2 часа

Демонстрантите пред Собранието бараат оставка од Владата, а не ратификација на договорот за името

Помала група граѓани денеска повторно излегоа на протест пред Собранието на РМ поради закажаната седница, на чиј дневен ред е...

Македонија4 часа

Со почеток на расправата за договорот со Грција, почнуваат и протести пред Собранието

Договорот за промена на името, со кој се решава спорот меѓу Македонија и Грција, денес ќе биде ставен во процедура...

Македонија15 часа

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Македонија15 часа

(Видео) Демонстрантите со порака до Владата да се откаже од договорот со Грција

На протестите пред Собранието на Република Македонија, кои продолжуваат веќе петти ден, демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил...

Македонија17 часа

Протест пред Собранието на Република Македонија

Петти ден по ред, пред Собранието на Република Македонија толпа граѓани протестираат поради договорот со Грција за промена на името...

Македонија20 часа

(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога...

Македонија21 час

(Видео) Демонстрантите се жалат на употребата на шок-бомби, МВР вели – полициска процена

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле...

Македонија23 часа

Обвинителството и МВР ќе истражуваат – кој испраќа заканувачки пораки и слики на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека било известено од страна на Министерството за внатрешни работи за заканувачки пораки и слики...

Македонија23 часа

Приведениот новинар одбил да се легитимира, велат од МВР

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал активен...

Македонија24 часа

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош....

Македонија1 ден

Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција...

Македонија1 ден

Владата ќе го достави законот за ратификација на договорот до Собранието

Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната...

Македонија1 ден

Син на екссудијка призна вина за крвавиот четврток – осуден на 1 година затвор

Нови двајца обвинети за настаните од крвавиот четврток минатата недела признаа вина, потврдуваат од кривичниот суд за „Макфакс“. На судското...

Надворешна политика1 ден

Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори со Македонија

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот...

Македонија1 ден

СДСМ ги осуди насилството и говорот на омраза пред Собранието 

СДСМ ги осуди вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците кои се обидуваа да спречат...

Досие