Македонија
Нови дојави за бомби, се евакуираат учениците од ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром

Се евакуираат учениците од основното улиште „Љубен Лапе“ во Аеродром по нова дојава за бомба.
Родителите се повикани да си ги земат децата, а училиштето веќе е полупразно.
МВР е на терен и прави проверки. Информации за тоа кои сè училишта денес добиле закани за бомби најавуваат за подоцна во текот на денот.
Минатата недела, првпат во второто полугодие, закани за бомби добија осум средни училишта во Скопје. По проверките, МВР утврди дека се работи за лажни дојави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Чаир е на Ахмети и на ДУИ, порача Груби

Демократската унија за интеграција со митинг во Чаир.
На митингот присуствуваат лидерот на партијата Али Ахмети, претседателот на Собранието Талат Џафери и министри од редовите на ДУИ.
Вицепремиерот Артан Груби пред почетокот кажа дека митингот е продолжение на собирите што ги имаше ДУИ во Тетово, Гостивар, Желино, Врапчиште и други општини, и најави продолжение и по другите ограноци на партијата.
Тој демантираше дека луѓето на митингот се дојдени под притисок. Напротив, според него собирот се одржува во убава атмосфера, спектакуларно и ќе бидат испратени убави пораки.
„Чаир е на Али Ахмети и на ДУИ, порача Груби, негирајќи дека станува збор за реваншизам кон Изет Меџити од „огнената група“.
Додаде дека Меџити, бил поканет, но, како што наведе, „на крајот на краиштата никој не се кани во својот дом“.
Македонија
(Видео) Ахмети прави спектакл во сала, улиците претворени во паркинг

Засилено полициско присуство на дел од улиците во Чаир, а колони од автомобили се паркирани на улицата Христијан Тодоровски Карпош во оваа општина. Очевидци коментираат дека ДУИ запоседна дел од улиците за свои паркинзи.
Причината е најавуваниот митинг од страна на ДУИ.
Во Чаир пристигна лидерот на ДУИ Али Ахмети придружуван од неговите партиски колеги, Талат Џафери и владините министри.
„Синиот океан Чаир му припаѓа само на Али Ахмети! Те сакам многу“, напиша на социјалните мрежи Артан Груби пред почетокот на настанот.
Македонија
Македонците се најнесреќни на Балканот, според светскиот извештај за среќа

Граѓаните на Северна Македонија се најнесреќни во регионот, покажува најновиот Светски извештај за среќа за 2023 година.
Спoред медиумите во регионот, Северна Македонија е на 87 место меѓу 137 земји, на последно место на Балканот и меѓу најнесреќните земји во Европа.
Во регионот Словенија е најсреќна и се наоѓа на 22 место, Косово е на 34 место, Србија на 45, Хрватска на 48, Грција на 58 место, Црна Гора на 67, Босна и Херцеговина на 71, Бугарија на 77 и Албанија на 83 место на светскиот извештај за среќа.
Само Грузија (90 место), Украина (92) и Турција (106) се рангирани пониско од Северна Македонија, е наведено во извештајот.
Авганистан и Либан се најнесреќните земји во светот, Финците се најсреќни, а во првите пет се и Данска, Исланд, Израел и Холандија.
Ова е 11-та година од објавувањето на извештајот за 20 март – Меѓународниот ден на среќата, кој беше прогласен од Генералното собрание на Обединетите нации во 2012 година.
Извештајот секоја година го составуваат научници од Соединетите Американски Држави врз основа на анкети на Институтот Галуп, кој опфаќа 137 земји.