Македонија
Нови 406 заболени и 12 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.149 тестирања, а регистрирани се 406 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 184, Куманово – 31, Штип – 23, Велес – 19, Битола – 17, Кавадарци – 13, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Прилеп и Гевгелија – по 11, Кочани – 10, Струмица – 9, Кратово – 7, Тетово, Охрид и Струга – по 6, Виница – 5, Демир Хисар – 4, Гостивар, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Кичево, Ресен, Дебар и Валандово – по 1.
Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од: Скопје – 223, Охрид – 48, Куманово – 23, Струга – 13, Кавадарци и Струмица – по 11, Битола – 10, Радовиш – 6, Крива Паланка и Тетово – по 5, Велес, Гевгелија и Кичево – по 4, Штип и Гостивар – по 3, Прилеп, Кочани, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, Делчево, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 од Скопје (63, 71, 72, 75, 81 и 85), 2 од Битола (63 и 80) и по едно починато лице од Штип (69), Кратово (71), Струмица (57) и Охрид (55). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 6 починати лица со датум на смрт од 8.9.2021 до 3.10.2021 година. Починатите лица се 4 од Скопје и по едно лице од Тетово и Струмица на возраст од 59 до 89 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а две во домашни услови.
Направени се 3.149 теста преку: ИЈЗ – 299, ЦЈЗ Скопје – 64, ЦЈЗ Битола – 61, ЦЈЗ Прилеп – 43, ЦЈЗ Тетово – 59, ЦЈЗ Куманово – 48, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 174, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 76, „Авицена“ – 141, „Биотек“ – 230, „Систина“ – 51, лабораторија „Лаор“ – 133, „Синлаб“ – 18, „Ремедика“ – 19, „Плодност“ – 29, „Генеа“ – 4, „Никоб лаб“ – 355, „ВФВ медикал“ – 61, „Ели медика“ – 36, „Ројал медика“ – 12, „Спектра-ММ“ – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.234
Досега во земјата се направени вкупно 1.308.188 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.458, бројката на оздравени пациенти е 175.881, на починати е 6.758, а бројот на активни случаи изнесува 10.819
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 84.283, Активни 5.217
Куманово 11.586, Активни 961
Тетово 10.849, Активни 836
Прилеп 9.100, Активни 285
Гостивар 7.965, Активни 410
Битола 7.143, Активни 245
Велес 6.309, Активни 330
Охрид 5.992, Активни 300
Кавадарци 5.984, Активни 209
Штип 5.793, Активни 234
Струмица 5.766, Активни 227
Кичево 3.991, Активни 353
Струга 3.802, Активни 110
Кочани 3.316, Активни 170
Гевгелија 2.440, Активни 88
Неготино 2.324, Активни 36
Свети Николе 1.925, Активни 108
Ресен 1.543, Активни 71
Радовиш 1.534, Активни 75
Крива Паланка 1.463, Активни 105
Дебар 1.451, Активни 66
Берово 1.210, Активни 16
Делчево 1.126, Активни 63
Виница 1.044, Активни 48
Пробиштип 925, Активни 35
Валандово 825, Активни 21
Кратово 590, Активни 64
Богданци 555, Активни 21
Крушево 529, Активни 21
Македонски Брод 473, Активни 28
Демир Хисар 450, Активни 33
Демир Капија 411, Активни 4
Пехчево 314, Активни 4
Македонска Каменица 307, Активни 24
Дојран 140, Актиевн 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Спасовски: Граничната полиција со зголемена откривачка активност при спречување на обидите за илегални преминувања

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и шефот на кабинет Митко Бојмацалиев, вечерва во Демир Капија оствари работна средба со полициските службеници од пунктот за борба со илегалната миграција и криумчарење мигранти во кој работат и делуваат полициски службеници од повеќе од организациски единици во склоп на оперативната акција „Рефлекс“.
„Со денешнава посета ја почнуваме серијата средби со полициските службеници на терен, каде што на лице место во работна атмосфера, директно на терен ќе имаме можност да посведочиме како се остваруваат задачите и плановите со цел да утврдиме што им е неопходно од опрема, процеси и организација за поефикасно извршување на работните задачи, поефикасна борба со сите видови криминал, борба со корупцијата а со тоа гарантирање на безбедноста на сите граѓани.“, потенцираше министерот Спасовски.
Спасовски рече дека од голема важност е потпишувањето на Статус договорот со Фронтекс и распоредувањето на нивни полициски службеници на границите на нашата држава, и дека во текот на 2023 година, продолжува спроведувањето на заеднички мешовити патроли со странските полициски службеници од осум земји во рамки на активноста на ИОМ од 2015 година. Илегалната миграција е актуелна тема што во голема мера влијае врз безбедносната состојба на државата, еден од стратешките приоритети на министерството за кој во континуитет се преземаат мерки во делот на справување со истата. „ За 2022 година, граничната полиција имаше зголемена откривачка активност од 31,2% при спречување на обидите за илегални преминувања. На границите со соседните земји спречени се 27.391 обиди за илегални преминувања. Јужната граница сеуште е клучна точка за влез на мигрантите и нивно натамошно движење, што се огледа и во бројот на спречени обиди на границата со Република Грција- 24.965, каде е забележано зголемување на обидите за 35,5%.“, презентираше дел од резултатите во борбата со миграцијата министерот Спасовски.
Спасовски истакна дека со зголеменото присуство на илегални мигранти на нашите граници, зајакната е и оперативната активност на полицијата на стратешко и регионално ниво што бележи откриени 107 случаи во 2022 година, што претставува зголемување за 68.2%, а бројот на спречени мигранти за речиси 80%. Најголем број од случаите 73% се откриени од страна на полициски службеници од Регионалниот центар „Југ“ чија ефикасност во делувањето се должи на заедничкото делување на мешани патроли со странските полициски службеници од осум земји кои вршат засилен надзор на јужниот дел од државната граница.
Спасовски потенцираше дека функционирањето на безбедносниот систем е основа за функционирање на правната држава и изрази уверување дека ваквите активности на терен директно ќе влијаат врз унапредување на ефикасноста на сите организациски единици на полицијата со цел остварување на уште подобри резултати во обезбедување на мирот и безбедноста на граѓаните на државата.
Македонија
“Бомбашот” пријавил лажни бомби, завршија проверките

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта, трговски центри и објекти во Скопје.
Министерството за внатрешни работи извести дека денес во 19.10 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 средни училишта и 5 други објекти во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициските службеници беа преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа беа извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки.
Македонија
Владата го проблематизира приемот во ЕУ со национални омаловажувања, му рече Мицкоски на словенечкиот амбасадор

Фрустрациите и разочарувањето кај македонските граѓани е огромно, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски на средбата со амбасадорот на Република Словенија, Милан Предан, кој ја завршува својата мисија во Македонија.
На состанокот се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во Македонија, како и македонските евроинтеграции и постојаните условувања за Македонија.
Мицкоски потенцираше дека владата не испорачува решенија за проблемите на граѓаните, дополнително го проблематизира македонското пристапување кон ЕУ со национални омаловажувања, а народот е разочаран и поради драматичното ниво на корупција.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ исто така истакна дека по многу национални откажувања, на Македонија треба да и се даде шанса да стане дел од Европската унија, без непримерни барања и без национални уцени.
На средбата, Мицкоски му се заблагодари на амбасадорот за одличните билатерални односи и поддршката која Словенија ја дава на Македонија во многу области.