Македонија
Нови 815 заразени со ковид, починале четворица луѓе

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 1.814 тестови, а регистрирани се нови 815 случаи на КОВИД-19: Скопје – 320, Битола – 63, Куманово – 48, Тетово – 44, Кавдарци – 36, Прилеп – 32, Велес – 27, Гостивар и Струмица – по 26, Охрид – 24, Штип – 23, Кичево – 19, Радовиш – 18, Гевгелија – 17, Неготино – 16, Струга – 13, Кочани – 9, Ресен – 8, Дебар и Берово – по 6, Крива Паланка и Валандово – по 5, Крушево – 4, Свети Николе, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 3, Македонски Брод – 2, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (815), регистрирани се 158 реинфекции.
Регистрирани сe 1.252 оздравени пациенти од: Скопје – 375, Битола – 145, Охрид – 127, Куманово и Прилеп – по 80, Тетово – 59, Струга – 55, Велес – 34, Гостивар – 31, Кавадарци – 30, Штип – 28, Кичево – 26, Ресен – 23, Струмица и Дебар – по 21, Неготино – 18, Крива Паланка – 16, Радовиш – 14, Кочани и Демир Хисар – по 11, Крушево – 9, Валандово – 7, Свети Николе и Берово – по 6, Гевгелија и Македонски Брод – по 5, Пехчево – 4, Кратово – 3, Делчево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица од Велес (86г и 74г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица, од Скопје (88г и 88г), двете лица се починати во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 19-29.07.2022 година.
Направени се 1.814 теста преку: ИЈЗ-198, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-56, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово-46, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–137, Жан Митрев (Филип Втори)-15, Авицена-25, Биотек-78, Систина-58, лабораторија Лаор-18, Синлаб-8, Ремедика-0, Плодност-18, Генеа-9, Никоб Лаб-58, ВФВ Медикал-8, Ели Медика Плус-5, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-17, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 884.
Досега во земјата се направени вкупно 2.120.452 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 328.995, бројот на оздравени пациенти е 315.083, на починати е 9.377, а бројот на активни случаи изнесува 4.535
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 155308, Активни 1883
Куманово 17537, Активни 237
Битола 16929, Активни 336
Прилеп 14894, Активни 210
Тетово 14053, Активни 178
Кавадарци 11443, Активни 222
Велес 10375, Активни 152
Гостивар 9943, Активни 126
Охрид 9626, Активни 211
Струмица 8476, Активни 136
Штип 8440, Активни 117
Кичево 5897, Активни 85
Кочани 5287, Активни 50
Струга 4966, Активни 96
Гевгелија 4601, Активни 64
Неготино 3914, Активни 62
Ресен 2907, Активни 54
Свети Николе 2718, Активни 23
Радовиш 2666, Активни 63
Крива Паланка 2535, Активни 32
Делчево 2017, Активни 3
Дебар 1750, Активни 36
Берово 1737, Активни 18
Валандово 1554, Активни 21
Виница 1419, Активни 16
Пробиштип 1291, Активни 5
Богданци 1051, Активни 12
Кратово 1034, Активни 26
Крушево 976, Активни 22
Демир Хисар 891, Активни 22
Македонски Брод 771, Активни 9
Демир Капија 606, Активни 2
Македонска Каменица 527, Активни 1
Пехчево 494, Активни 2
Дојран 362, Активни 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовски: Во Скопје сум, да не ме мислат од СДСМ, сликата е од поодамна

Гледам ме споменуваат СДСМ на прес конференции дека сум на одмор во моментов, да не ме мислат, не сум на одмор, во Скопје сум долго време со работни обврски и тоа го знаат и самите бидејќи молчеа за цензурата на нивната министерка за која ги прозивав изминатиов период, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, по информацијата од СДСМ дека тој летува на Монте Карло.
„Имено, да, се работи за слика од поодамна годинава и бидејќи ги интересира моето патување таму, еве ќе им објаснам. Бев на приватно патување со семејството на гости кај најблиски роднини од потесното семејство на мојата сопруга (нејзин дедо, татко на нејзин родител) кои живеат во Франција и сакаа да си го видат правнукот (син ми), бидејќи се повозрасни и со ковид кризата и нивната возраст не го имаа видено откако се роди. Бидејќи живеат повеќе од 50 години во Франција и стекнале имот таму, летниот период си го поминуваат кај нив, секогаш изминативе 20 години, на местата кои ги споменуваат господава од власта дека сум ги посетил. Ако толку ги интересира, бидејќи на таа локација бев неколку денови и тоа на гости кај дедо на сопругата, морам да им потенцирам дека не потрошив повеќе, отколку еден просечен одмор на било кој функционер на власта и СДСМ“, вели Арсовски.
„Но, слика од мене и сопругата во моментов на СДСМ им е поважна за да се дефокусира целата јавност од реалните проблеми, а тоа се:
– историски најлошо менаџирање на власта
– историски највисок степен на корупција
– распродавање на национални интереси
– штетен протокол со Бугарија
– наместени тендери од прв до последен за провизии на луѓе блиски од СДСМ
– најзадолжена држава во регионот
– најнеуспешна Влада што постоела
– историски најниска доверба во судството од 8%
– покачувањето на даноците, инфлацијата и задолжувањето
– илјадници починато заради лошо здравство, од кое се обогатија со провизии крвавите раце на СДСМ
Никогаш не сум имал намера да се објаснувам за ништо, но во моментов го правам тоа затоа што се работи за дефокус и лага дека сум во моментов таму на одмор и дека се работи за луксуз и бидејќи мислам дека јавноста заслужува да знае кај сум бил, иако не сум носител на никаква државна функција и никогаш не сум бил и иако ова што го пишувам, тие што ме познаваат го знаат уште од моментот кога сум во брак“, додава Арсовски.
Ако мојата посета кај роднини е потрагична од сѐ што се случува во државава, додава тој, тоа е доволен показател дека власта дефокусира од реалните проблеми.
„И, да, со напади кон мене лично и моето семејство во обид за деградирање без ниту еден аргумент, во ниту еден случај нема да ме замолчат.
Затоа, од сега најавувам, многу набрзо јавноста ќе дознае за уште еден криминал на власта, криминал кој го имаат направено криминалците од СДСМ.
Мојот одмор чинеше ич пари, за разлика од милионите евра кои ги украдовте од народот, на криминален начин на кој ќе продолжам да се борам за да одговарате.
Воедно да им порачам да не бидат лицемери колегите од СДСМ, ваквите хајки што ги нарачуваат против мене, ги нарачуваат од луксузните плажи и луксузни хотели, платени со парите на народот. Има разлика нели?“, прашува Арсовски.
Македонија
Делегациja од кабинетот на Пендаровски оддадe почит на осумтемина армиски резервисти загинати кај Љуботенски бачила

Делегациja од кабинетот на претседателот на државата, во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Валентин Диневски, посебен советник за безбедност, по повод 21-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положи цвеќе пред спомен-обележјата во општина Ѓорче Петров и во Волково, пред спомен-обележјето во село Љубанци и во касарната „Илинден“ во Скопје.
Македонија
Наплатата на паркинг преку смс порака е повторно во функција

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ја известува јавноста дека успешно заврши процесот со надградба на системот за зонско паркирање, со цел подобра и поефикасна услуга. Проблемот со наплаќање преку смс пораки е решен. Економскиот оператор задолжен за надградба на овој систем, во соработка со мобилните оператори деновиве работеше на надминување на проблемите при наплата на паркинг преку смс, соопштија од оваа институција.
„До корисниците на нашите паркинг услуги упатуваме извинување, воедно оштетените корисници ги повикуваме да поднесат барање за обештетување. Барањето можат да го поднесат писмено преку е-пошта на [email protected], кадешто ќе ги остават своите податоци – име и презиме, број на регистерска таблица, дата и време на паркирање, телефонски број од кој е извршена наплатата, како и зона кадешто било паркирано возилото“, се истакнува во соопштението.
Проблемот со наплатата преку смс порака, кој воглавно се должеше на нефункционалност кај претплатниците на мобилниот оператор „А1 Македонија“, е надминат уште во понеделникот, меѓутоа оставивме тест период од три дена, за со сигурност да ги информираме корисниците на паркинг услугите дека системот е надграден и е во целосна функција, појаснуваат од ЈП „Градски паркинг“.