Македонија
Нови 947 заболени и 21 починат од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 3.450 тестирања, а регистрирани се 947 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 453, Прилеп – 65, Велес – 56, Неготино – 44, Кавадарци – 41, Штип – 30, Тетово – 29, Куманово – 26, Струмица – 22, Гостивар и Битола – по 21, Охрид – 19, Гевгелија – 18, Кочани – 17, Струга – 12, Крива Паланка и Крушево – по 9, Ресен – 7, Берово и Кратово – по 6, Делчево и Демир Капија – по 5, Дебар, Радовиш и Богданци – по 4, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2.
Регистрирани се 397 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 175, Прилеп – 41, Кавадарци – 34, Куманово – 20, Велес – 16, Неготино – 15, Битола и Крива Паланка – по 14, Тетово – 11, Гевгелија – 8, Ресен, Пробиштип и Богданци – по 5, Гостивар, Штип, Струмица, Делчево и Кратово – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Берово и Валандово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Пријавени се вкупно 21 починато лице – 6 пациенти од Скопје (91, 90, 87, 66, 68, 78), 3 пациенти од Берово (59, 51, 70), по 2 пациенти од Куманово (72, 71), Велес (82, 56), Неготино (79, 79), Гевгелија (83, 59) и по 1 пациент од Кочани (66), Крушево (74), Богданци (54) и Демир Капија (75). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, двајца во домашни услови.
Направени се 3.450 теста преку: ИЈЗ – 729, ЦЈЗ Скопје – 95, „Авицена“ – 381, „Биотек“ – 324, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 188, „Систина“ – 261, лабораторија „Лаор“ – 191, МАНУ – 0, Судска медицина – 16, ЦЈЗ Битола – 72, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 6, ГАК – 0, „Синлаб“ – 61, „Ремедика“ – 31, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.092, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ „8 Септември“ – 0, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 555.367 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)
Скопје 453, активни 5.017
Прилеп 65, активни 757
Куманово 26, активни 393
Тетово 29, активни 316
Гостивар 21, активни 244
Штип 30, активни 154
Кавадарци 41, активни 572
Велес 56, активни 285
Битола 21, активни 255
Охрид 19, активни 436
Струмица 22, активни 202
Струга 12, активни 162
Кочани 17, активни 130
Кичево 2, активни 47
Неготино 44, активни 367
Гевгелија 18, активни 299
Свети Николе 2, активни 32
Крива Паланка 9, активни 129
Ресен 7, активни 73
Дебар 4, активни 17
Радовиш 4, активни 28
Делчево 5, активни 48
Берово 6, активни 45
Пробиштип 2, активни 34
Виница 2, активни 24
Валандово 2, активни 27
Крушево 9, активни 98
Богданци 4, активни 66
Кратово 6, активни 24
Демир Хисар 2, активни 36
Демир Капија 5, активни 38
Македонски Брод, активни 7
Македонска Каменица, активни 2
Пехчево 2, активни 6
Дојран, активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Димитров во работна посета на Виена

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денес престојува во работна посета на Виена. Димитров ќе има средби со Каролине Едштадлер, министерка за Европа и Устав и со министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.
Посетата е дел од турнејата на вицепремиерот Димитров на главни градови на ЕУ земји членки, а во контекст на изразените австриски заложби за интензивирање на процесот на проширување на ЕУ со државите од Западен Балкан, како и ангажманот на Австрија во справувањето со КОВИД-19 пандемијата и обезбедувањето помош врз основа на принципот на солидарност. Поконкретно, Димитров ќе се осврне на реформските чекори и цврстата посветеност на Северна Македонија во надминувањето на предизвиците и исполнувањето на европската агенда, а главниот акцент ќе биде ставен на изгледите за постигнување поголема кредибилност и остварливост на европската перспектива и нејзино конкретизирање преку одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.
На средбите ќе се отворат и темите повразни со билатералната соработка со Австрија како наш посветен поддржувач, која вклучува конкретна помош за спроведување на реформите во клучните области од процесот на европска интеграција, како и конкретни хуманитарни, инфраструктурни и инвестициски проекти.
Македонија
Денеска се вакцинираат лицата на 73 и 74 години

Денеска почнува вакцинацијата на сите граѓани од 73 и 74 години, кои се пријавени преку сајтот „vakcinacija.mk”, или преку матичните лекари.
Во А1 Арената „Борис Трајковски” во Скопје вчера заврши вакцинирањето на вработените во критичната инфраструктура. Досега се вакцинирани близу 30 000 граѓани.
„ Фреквенцијата на спроведување на вакцинирање е нешто зголемена во изминатите денови и од 700 до 800 вакцинирани дневно, сега има 1000 до 1500 вакцинирани и согласно пријавените термини тоа се спроведува во сите градови“, истакна вчера Филипче.
Тој нагласи дека како ќе доаѓаат вакцини, така ќе се надополнуваат системите. Како што информира, од компанијата „Фајзер” преку директен договор на 19 и 26 април треба да стигнат по 10.000 дози.
Исто така, се очекува и информација од Руската амбасада за дополнителни количини на вакцината „Спутник”, а до крајот на месецов би требало да пристигнат 76.000 дози на „Астразенека”.
Министерот најави дека се очекува од Кина да стигнат 200.000 вакцини, кои ќе бидат распределени по овој систем на вакцинација, што веќе се спроведува ширум државата.
Македонија
Шекеринска и Османи на состанок на НАТО: Одлучено е од 1 мај повлекување на сојузничките сили од Авганистан

Сојузничките сили на НАТО од 1 мај започнуваат со повлекување од Авганистан. Ова е одлуката на состанокот на министрите за одбрана и надворешни работи на НАТО на кој учествуваа министрите Бујар Османи и Радмила Шекеринска.
На состанокот сојузниците посочија дека очекуваат со тоа да се создадат услови за ново поглавје за иднината на Авганистан, во која главната улога ќе ја имаат граѓаните на земјата. Беше реафирмирана силната поддршка за развојот на демократијата, човековите права и зајакнувањето на безбедносните институции на Авганистан.
Земјите-членки на Алијансата се заложија за зајакнување на дипломатските напори за изнаоѓање на политичко решение и успешно завршување на мировниот процес во Авганистан преку внатрешниот инклузивен дијалог во рамките на земјата.
На состанокот министрите го анализираа и новиот развој на настаните во и околу Украина. Беше изразена загриженост за дејствија од страна на Русија, и зголеменето распоредување на воени трупи на границата со Украина.
Беше изразена силна и едногласна поддршка за Украина, како и за нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.
Беше потенцирана и поддршката на политичкиот дијалог во рамките на Договорот од Минск, за што ја повикаа Русија да се придржува до начелата на овој договор во насока на деескалација на тензиите и зацврстување на глобалниот мир и безбедност.
Нашата земја учествува во Авганистан од 2002 година. Во рамките на мисиите учествувавме со повеќе од 3.100 лица меѓу кои, штабни офицери и подофицери, ментори, пешадиски единици и медицински персонал.
Во моментов, Северна Македонија во мисијата во Авганистан придонесува со 22 припадници на Армијата.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш