Македонија
Новогодишна честитка од министерот за одбрана Зоран Јолевски
По повод новогодишните празници, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски упатува честитка до вработените во Министерството за одбрана, припадниците на Армијата на Република Македонија и сите граѓани.
„Изминатава година, вие припадниците на Армијата уште еднаш покажавте и докажавте дека заслужено ја имате најголемата довербата од граѓаните на Македонија.
Вашата подготвеност и решителност се покажа на дело во периоди кога тоа им беше најпотребно на граѓаните особено за време на трагичниот настан кој го зафати скопскиот регион, но и предизвика сериозна опасност по жителите од тетовскиот регион. Како поддршка на припадниците на Граничната полиција во зачувување на нашата граница од нелегално преминување успеавте да спречите повеќе од 20.000 мигранти. Но, нема да ги заборавиме и вашите колеги кои беа и оние кои се денес во мисија во поддршка на мирот. Благодарение на вас почитувани припадници – амбасадори на мирот, нашата земја, Република Македонија е дел од земјите кои ги споделуваат човековите вредности“, вели Јолевски во честитката.
Потсети дека во годината што изминува во Министерството започнаа неколку значајни процеси, чии резултати ќе ги видиме во следните неколку години. Најзначаен е процесот на модернизација, и првата опрема ќе почне да пристигнува во 2017 година.
„Пред нас секогаш ќе има нови предизвици кои само заеднички ќе можеме да ги надминеме. Тоа е нашиот мотив да покажеме дека сме подготвени да се соочиме и да ги реализираме задачите и проектите кои не очекуваат, а со тоа да придонесеме за колективен напредок на Република Македонија. Со искрени желби, најнапред за добро здравје, љубов, среќа, вам и на сите граѓани на Македонија им посакувам успешна Нова година“, заврши Јолевски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Каранфилова -Пановска: Преку отворени и инклузивни процеси СДСМ ја зголемува внатрешната демократија
Еден од трите столба, во мерењето на индексот на транспарентност е внатрепартиската демократија, аспект кој е многу важен, затоа што внатрепартиската демократија резултира со степенот на демократизација на партиите и рефлектира како како тие партии се однесуваат кон граѓаните и кон јавноста, генерално и кога се опозиција, но и кога се на власт. Дилемата што ја наметнува истражувањето, е дека партиите генерално се порасположени да бидат демократични кога се во опозиција, отколку кога се на власт, рече заменичка претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска на денешната панел-дискусија за транспарентност на политичките партии.
Таа се осврна на внатрепартиската демократија во СДСМ, велејќи дека доколку сега би се направиле истражувањата и мерењата, би имале малку поинакви резултати од овие кои се направени во време кога СДСМ ги загуби изборите.
– Во ноември 2024 се одржа долгоочекуваниот конгрес на СДСМ на кој беа избрани извршните и централните тела на партијата. Веќе е распишан Отворен повик за самокандидирање на претседатели на општински организации и за претседател на град Скопје. Со оглед на тоа дека лидерот на СДСМ беше избран од директни, внатрепартиски избори, а после следеше период од неколкумесечно негово консолидирање за да може да настапи со стратегија околу тоа како да се воспостави понатамошното раководство. И во тој контекст највисокиот орган на партијата, конгресот, одржа седница на 27 ноември. На последниот 30. конгрес на СДСМ каде бев избрана како заменик-претседател на партијата, функција каде се водеше сметка за родовиот баланс, што е покажа дека СДСМ не само што има свесност и приоритет за родовата еднаквост, туку тоа го демонстрира и во пракса, рече Каранфилова Пановска.
Се осврна и на фактот дека при изборот на раководството и членовите, се водеше многу сметка за неколку принципи, а тоа принципот дека процесот треба да се одвива отворено и инклузивно, зад сите овие именувања, луѓето кои се дојдени на различни позиции, се избрани со широк консензус во рамки на самата партија. Вториот принцип беше мултиетничноста која се зголемува.
– Што ќе правиме за да демократизацијата добие вистинска смисла во контекст на истражувањето, тоа е целосна комуникација меѓу централната и општинските организации. Ова ново раководство на СДСМ, е со план и идеа дека ќе воспостават сериозни линии на комуникации меѓу централното раководство и новите раководства кои треба да се случат на ниво на општинските организации. Со предлог партиската програма, ќе организираме средби со сите граѓани и поддржувачи за да го видиме нивниот придонес и идеите со што СДСМ треба да се занимава во наредни 4 години. Како демонстрирање на демократија и демократичност, СДСМ ќе оди во насока и на интегрирање на младите и жените кои се во фокусот, покрај мултиетничноста, рече заменик претседателката на СДСМ, Каранфилова-Пановска.
Во делот на финансиска транспарентност и достапност до јавноста, резултатите од мерењето во 2024 година остануваат речиси идентични како и во 2023 година. СДСМ има разработени процедури за финансиско работење и редовно доставува извештаи до надлежните државни органи. На интернет страницата на СДСМ се објавени сите финансиски извештаи, како и извештаите од последните парламентарни и локални избори.
Во столбот достапност до јавноста, СДСМ покажува добри резултати идентично како и во мерењето спроведено во 2023 година. Ова се должи пред сè на сеопфатната партиска комуникациска стратегија, диверзификацијата на канали за комуникација (ФБ, Инстаграм, Твитер, Јутјуб итн.), како и официјална интернет страница богата со информации и новости, истакнуваат од партијата.
Македонија
Бектеши за повлекувањето на Груби: Тие што го познаваат Артан, добро знаат дека тој носи одлуки од општ, а не од личен интерес
Тие што го познаваат Артан, добро знаат дека тој носи одлуки од општ интерес, а не од личен, напиша на социјалните мрежи поранешниот министер за економија Крешник Бектеши по одлуката на неговиот сопартиец Артан Груби да се повлече од политиката откако беше објавено дека е ставен на т.н „црна листа“ на САД.
„Така е и оваа одлука полна со храброст, каде семејството е пред се. Артан се издвојува од многу други кога е време за големи одлуки“, пишува Бектеши.
„И покрај се, за мене и јас верувам дека и многу други кои те познаваат колегијално но и приватно, продолжуваш да бидеш вредна личност со високи доблести“, додава Бектеши за Артан Груби.
Македонија
(Видео) Битиќи: СДСМ е против алармантните измени на Законот за јавни набавки, бараме јавна расправа
Предлог Законот за јавни набавки поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека е аларамантен. Овој алармантен тренд за носење на закони по скаретна постапка отвора простор за манипулација и злоупотреба на институционалната моќ и ограничување на транспарентноста, кажа на прес-конференција Фатмир Битиќи од СДСМ.
Праксата, вели тој, не само што го намалува квалитетот на законите туку ја загрозува и довербата во парламентарниот систем. Бидејќи граѓаните ја губат можноста да бидат информирани и да бидат вклучени во процесите.
„Наместо отворена дебата, критичко размислување и соочување на аргументите сведоци сме на молскавично туркање на законски измени кои често служат за политички интереси и краткорчни решенија. Дополнително оваа практика го нарушува и системот на правна сигурност, што е еден од клучните столбови на правната држава, еден од основните постулати на демократските општества, а тоа е инклузивноста.
Кога законите се носат без консултација со засегнатите страни, без отворени дебати и без јавна расправа тој процес ја губи демократска легитимност. Токму ова се случува со предлог измените за јавни набавки за којшто слушаме низа на критики од граѓанаскиот сектор и демократски платофрми, здруженија кои ги следат појавите на корупцијата“, оценува тој.
Со предлогот поднесен од 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, како што додава, има еден нов обид за смена на Комисијата за жалби по јавни набавки, се одземаат ингеренциите на Бирото и се укинува одредбата за транспарентност. Според него, нема потреба веќе ниту за докажување на стручноста, познавањето на странските јазици, за лицата кои ќе бидат членови на државната Комисија за жалби по јавни набавки.
„Впрочем се укинуваат две суштински работи, едната е укинување на управната контрола, единствениот механизам за контрола на јавните набавки од поголем обем, за стоки и услуги и за работи во државата. Се воведува административна проверка наместо упрвна контрола.
Второ, се укинува можноста за јавно објавување на мислењата на Бирото за јавни набавки и исто така и јавните набавки во самото биро. Да не зборувам за зголемување на бројот на членовите, начинот на нивно разрешување и докажвањето на познавањата“.
Од неговата партија како што укажа, сметаат дека е ова директен упад во системот на јавни набавки. Потсети дека во 2019 година е донесен без ниту еден глас против, поддржан од сите пратеници, целосно усогласен со ЕУ легислативата.
„Образложението коешто овие 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ го кажуваат дека ова е во насоки на постигнување на некои индикатори од реформската агенда, не е точно. Треба да се унапреди системот а не за враќање назад. Токму водени од ова пратеничката група на СДСМ поднесе два амандмани кои бараме останување на сегашните одредби. Според член 152 од Деловникот на Собранието поднесовме до претседателот на Собранието и барање за јавна дискусија по основ на Законот за јавни набавки и чекаме претседателот соодветно на првата пленарна седница нашето барање да го стави на усвојување“.
Изрази надеж дека мнозинството ќе овозможи јавна расправа и ова да биде начин дека гласот на експертите, на стручната јавност, на невладините организации но и на опозицијата дека треба да бидат добредојдени.