Контакт

Македонија

Ново основно училиште во Центар со назив „Киро Глигоров“

Објавено пред

Владата денеска даде позитивно мислење за предлогот да се основа ново општинско основно училиште „Киро Глигоров“ во Општина Центар.

Основањето на училиштето беше предложено од страна на Министерството за образование и наука, а првите генерации ученици истото ќе ги прими во текот на претстојната учебна 2019/2020 година.

 

Македонија

Заев од Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска, денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Оливер Вархеји.

Еврокомесарот Вархеји ја пречека македонската делегација со пораката дека неговата цел, како и целта на Европската Комисија е за време на актуелното португалско претседавање со ЕУ да се прифати преговарачката рамка за Северна Македонија и да се одржи првата меѓувладина конференција за старт на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

Вархеји додаде дека ЕУ е посветена на Западен Балкан и дека денес после 2,5 години, во Советот на министри за надворешни работи на членките на ЕУ се води стратешка дебата за Западен Балкан во која деблокадата на европскиот пат на Северна Македонија е приоритет број 1 и дека Брисел ги вложува сите напори и ги поддржува сите идеи за решенија со цел да одблокира овој процес.

Претседателот на Владата Зоран Заев на средбата со еврокомесарот Вархеји истакна дека високо ги оценува овие напори на Европската Комисија и дека очекува соодветно ниво на соговорници и соработници од страна на Бугарија.

„Техничката Влада во Бугарија може да е можност за скорешно решение, но очекуваме другата страна да биде охрабрена за отвореност, подготвеност и посветеност кон решение“, нагласи на средбата премиерот Заев.

„Ние сме подготвени за разговори, веруваме дека треба да имаме уште еден обид во периодот што доаѓа, но треба да знаат и колегите во Бугарија и сите во Европска Унија дека за нашиот идентитет нема ниту да разговараме, ниту да преговараме и дека сите обиди тој да се става на преговарачка маса ќе бидат одбиени од македонска страна“, потенцираше на средбата претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев.

Премиерот Заев и еврокомесарот Вархеји на средбата во Брисел се согласија дека идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции на Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 748 пациенти

Објавено пред

Вкупната бројка на пациенти позитивни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 748 и има околу 920 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 13 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 319 лица. Дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

„Бројот на приеми во изминативе денови во ковид – центрите во Скопје се намалува и утрово до 8 часот имало 380 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, велат од МЗ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа

Објавено пред

Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа, а станува збор за неколку различни униформи, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според него, станува збор за шест различни униформи.

При тоа Единицата за брзо распоредување ќе добие урбана маскирна мултикам шара, комплет составен од комбинезон, зимска јакна со подјакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), дводелен комплет за дожд, четири различни капи (фантом, полар, безбол и беретка), навлака за шлем, дводелно пододдело со подкапа, термо и тактички ракавици.

Втората униформа како што појаснуваат од МВР е рурална маскирна мултикам шара за Единицата за брзо распоредување и за Единицата за обука и поддршка. Комплетот е составен од: зимска јакна со подјакна, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и трослојни со ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), блуза со долги ракави, навлака за шлем, шешир, дводелно пододдело со подкапа, ракавици термо и тактички.

Третиот дел од униформата на Единицата за брзо распоредување е комбинезон во темно-сива боја, изработен од специјален материјал НОМЕКС, кој што е тешко запаллив и се користи во услови на нарушен ЈРМ во поголем обем и апсење на опасни лица во затворени простории.

Меѓу новите униформи е и униформата во темно сина боја, наменета за Единицата за обука и поддршка, а комплетот е составен од следниве делови: зимска јакна со подјакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, pанталони рипс и ремен, три маици (со јака, без јака и тактичка маица со кратки ракави), четири капи (шешир, безбол, беретка и плетена капа), дводелно пододдело со подкапа, термо и тактички ракавици и дождовна наметка.

И, униформа во темно сива боја за СВР Скопје – Интервентн полиција, при што комплетот е составен од: комбинезон, зимска јакна со подјакна, кратка јакна, џемпер, кошула рипс и аутлас, панталони рипс и трослојни со ремен, четири различни маици (со јака и без јака, со долги ракави и тактичка маица со кратки ракави), блуза со долги ракави, шест капи (шешир, фантом капа, полар, безбол, беретка и плетена капа), навлака за шлем, термо и тактички ракавици, дводелен комплет за дожд и дождовна наметка.

Продолжуваме со осовременување, модернизирање и редовна набавка на униформи и опрема за полициските единици, потенцира министерот Спасовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Заев од Брисел: Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции

Премиерот Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и...

Македонија1 час

Од 12 до 18 мај полициски час од 24 часот, дозволено да биде и организирање настани на затворено

Кризниот штаб предложи олеснување на рестриктивните мерки – полицискиот час да почнува од 24 часот, угостителските објекти да работат до...

Свет2 часа

(Видео) Застрашувачки снимки од Индија, пациенти оставени да умрат, а лекарите го скриле видеото

Во Индија се појавија застрашувачки снимки од пациенти заразени од коронавирус, кои, според тврдењата на нивните семејства, лекарите ги оставиле...

Свет3 часа

(Видео) Пет лица повредени при напад со нож во Нов Зеланд

Пет лица се повредени, а три се во критична состојба откако биле прободени со нож во супермаркет во Нов Зеланд,...

Свет3 часа

Состанок на Министрите за надворешни работи на ЕУ, фокусот е Западен Балкан

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија денеска во Брисел ќе одржат дискусија за посилен политички ангажман на ЕУ со партнерите...

Свет3 часа

(Видео) Седум лица убиени на роденденска забава во Колорадо

Седум лица, вклучително и напаѓачот, беа убиени синоќа во пукање на роденденска забава во Колорадо Спрингс во американската држава Колорадо,...

Македонија20 часа

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Свет20 часа

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“. Тој откри...

Регион22 часа

(Видео) Хрватскиот министер за здравство вакцинираше граѓани

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно...

Топ22 часа

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија22 часа

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија23 часа

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија23 часа

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет24 часа

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Македонија1 ден

Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух

Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори...

Свет1 ден

Делови од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

Свет2 дена

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион2 дена

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт2 дена

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ2 дена

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Досие