Контакт

Македонија

Нов прекин на седницата за затворот на Груевски, одбраната побара изземање и на судијата известител

Објавено пред

Кога Врховниот суд по 2 и полчасовното одлучување го одби барањето судечкиот совет да биде изземен од случајот, одбраната подготви ново барање за изземање, овој пат за судијката известител Тања Милева.

Како образложение на барањето адвокатот Стерјо Зиков ја наведе поврзаноста на сопругот на судијката, Игор Милев, со СДСМ, како и изборот на судијката откако е започнато судењето за случајот „Тенк“.

Ова е трет прекин на седницата на која експремиерот Никола Груевски и поранешниот помошник-министер на МВР, Ѓоко Поповски, пред петочлениот судечки совет треба да објаснат кои се нивните жалбени основи за пресудата за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“ од 600.000 евра. За овој сучај Поповски е осуден на 6 и пол години затвор, а Груевски доби двегодишна затворска казна.

Судијката Периќ даде нова 30-минутна пауза за одлучување по барањето.

Виктор Јованов

Македонија

Хелсиншкиот комитет ги објави податоците за дискриминација за 2018 година

Објавено пред

Хелсиншкиот комитет го објави годишниот информатор за дискриминација за 2018 година. Според добиените податоци како најчести основи за кои граѓаните сметаат дека биле дискриминирани се: пол и род, сексуална ориентација, етничка припадност. попреченост и религија.Најчести области во кои граѓаните сметаат дека биле дискриминирани се: работните односи, пристапот до добра и услуги, здравство и образование.

Хелсиншкиот комитет за човекови права во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје го спроведува проектот „Унапредување на човековите права“. Една од активностите во рамките на овој проект е подготовка на Годишен информатор за дискриминација за 2018 година кој ги претставува збирните податоци добиени од здруженијата на граѓани за регистрираните случаи на нееднаков третман, информациите од јавен карактер добиени од првостепените судови за бројот на судски постапки во делот на заштита од дискриминација, како и обработка на податоците од годишните извештаи за 2018 година на Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител во однос на регистрираните случаи, поведените постапки и донесените мислења за заштита од дискриминација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нови играчки за градинките во Бутел

Објавено пред

Детската градинка ,,11 Октомври” денес се опреми со нов крупен игровен дидактички материјал наменети за сите клонови на градинката,како и 140 нови креветчиња наменети за градинката во Бутел 1.

Pедагогијата изобилува со дидактички материјал со кој се стимулираат нозете од мали нозе да бидат активни и да се вклопат во средината.Во таа насока,општина Бутел презема сопствена иницијатива за подобрување на стандардот на образование,при што посебно се води грижа за децата од преучилишна возраст.Средствата наменети за набавка на оваа опрема се обезбедени од Буџетот на Општина Бутел.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео)Арсовски: Јанева и Заев се лице и опачина на иста паричка којашто значи криминал

Објавено пред

Катица Јанева и Зоран Заев се лице и опачина на иста паричка која што значи криминал. Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев, а Заев e човекот кој и даде највеќе поддршка и стоеше позади нејзе цело време.Ниту Заев ќе можеше да се богати и да уценува за политичко влијание без Катица Јанева, ниту пак Катица Јанева ќе можеше да рекетира и исто така да се богати без поддршка на Заев и институциите кои ги контролира тој самиот како и раководството на СДСМ, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Јанева четири месеци беше оставена на слобода за да ги исчисти трагите кои водат директно до главата на октоподот, за кој сите знаат кој е тој.

,,Четири месеци наместо истрага, гледаме фарса. Лошо сценарио, од уште полоши сценаристи кои што го смислиле. Вчера УЈП најави дека од утре ќе почнеле да го истражуваат меѓународниот сојуз на Боки 13 преку кој се вршел еден дел од рекетот.

Што ли правеа УЈП четири месеци, зошто токму од утре почнуваат да истражуваат? Дали беа во спрега и УЈП и Финансова полиција и МВР и сите надлежни институции заедно со рекетарите кои што вршеа рекет? Каде беа овие институции цели 4 месеци откако е почната истражната постапка и зошто не соработувале во истрагата бидејќи нивното влијание во истрагата е многу важно и со сите докази кои што можат да ги обезбедат?Дали на овој начин им се даде време на осомничените да се скријат сите траги од доказите за целиот криминал и рекет кој што беше на очиглед на целата јавност?

Во Република Македонија нема ниту правда и нема ни да има се додека е Зоран Заев и СДСМ на чело на власта. Законите не важат за СДСМ и законите не важат за Зоран Заев.Зошто се уште не е почната постапка и истрага за синот на Катица Јанева, Лазар Јанев за кој знаеме дека е вработен како маркетинг директор во телевизијата на првоосомничениот и за кој има силни сомнежи дека работел со првоосомничениот во делот на рекетот и заедно со него одел по состаноци во фирми, кои што биле предмет на рекет? Дали со смешните обвиненија за Катица Јанева за стекнат надомест од 4.500 евра во мебел, а милион ипол бил изрекетиран од бизнисмен, Заев пробува да ја амнестира за рекетот кој го правела во негово име? Класична амнестија и намалување на целата одговорност за криминалот кој што го правел. Нормално тоа не смее и нема да помине.

СДСМ и Зоран Заев се паника. И Заев е подготвен сите да ги жртвува за самиот тој да си ја спаси кожата и да не се стигне до главата на октоподот.Оваа Влада на СДСМ и Зоран Заев повеќе немаат кредибилитет да ја водат Владата на Република Македонија и да одговараат за иднината на граѓаните и државата.Потребни се предвремени парламентарни избори и потребна е обнова на Македонија која многу брзо ќе се случи по падот на СДСМ”, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Маскирани мажи нападнале гости додека гледале фудбал во кафуле во Хрватска, петмина повредени

Гостите на едно кафуле во општината Бискупија во близина на Книн, го гледале фудбалскиот натпревар на „Црвена звезда“ кога група...

Топ2 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ3 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија3 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија4 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија5 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет5 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија5 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа6 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија17 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија17 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион18 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија20 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија21 час

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија21 час

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија21 час

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија24 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија1 ден

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ1 ден

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион1 ден

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Досие