Контакт

Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп

Објавено пред

Прекинот на сообраќајот на регионалниот пат Градско-Прилеп кај тунелот на местото викано Фариш, кој беше на сила од 17:15 часот престана да важи во 18:30 и во моментов сообраќајот се одвива нормално.

Како што информираа од Авто-мото сојузот, причината за прекинот била сообраќајна незгода.

Засега нема информации за евентуални настрадани, ниту, пак, за штетата предизвикана во овој инцидент.

Македонија

Царовска: Создаваме подобри услови за достоинствено активно живеење на постарите лица

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствува на првиот Совет за стареење во Анкара, со кој претседава турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Таа имаше свое обраќање на коешто истакна што Република Северна Македонија прави за активно живеење на старите лица.

„Повозрасните не треба да бидат пасивни, туку активни членови на секое општество и да учествуваат во сите политчки и општествени процеси. Наша задача е да создадеме услови за ова. Повозрасните опфаќаат 12% од нашето население, а според проценките на ОН овој процент ќе достигне 18,8% до 2030 година. За да им овозможиме подобри услови, активно и исполнето секојдневие ги унапредуваме законите, институционалните и алтернативните услуги, а воведовме и социјална пензија, за оние на 65 години, кои го граделе нашето општество, но не стекнале право за пензија и немаат друг извор на приход од кој можат да се издржуваа“, истакна Царовска.

За оваа цел, Владата ги реализира активностите од Националната стратегија за развој на социјалната заштита и Националната стратегија за постари лица 2010 – 2020.
Царовска најави дека МТСП во соработка со експерти од БиХ започнува пилот програма за подобрување на дневните центри, кои се клучни за социјализација и активација на постарото население.

Исто така, со поддршка на Светска банка изготвена е студија за функционирање на пензионерските домови којашто даде јасна слика за сегашната состојба на домовите. Оваа студија содржи јасни препораки за подобрување на пензионерските домови.

Во насока на подобрувањето на состојбите со сместувачките капацитети за грижа на старите лица и утврдената потреба за дополнителни сместувачки капацитети, особено во Градот Скопје, Министерството за труд и социјална политика започна активности за адаптација на објект, кој во минатото беше користен за згрижување на деца, кој во иднина ќе функционира како установа за згрижување на стари лица, а ќе биде со капацитет за сместување на околу 100 стари лица.

Со новиот предлог Закон за социјална заштита ќе се воведе нова услуга “помош во домот“ која ќе треба да обезбеди поддршка на старите лица во домашни услови и поддршка за живот во местото на живеење.

Целта на Советот што се одржува во Анкара е да се најде начини за подобрување на квалитетот на активното живеење на постарите лица, бидејќи на светско ниво се зголемува процентот на стари лица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Манчевски: Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите

Објавено пред

Повисоки плати и поголема заштита за инспекторите со новиот закон за инспекциски надзор, најави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

„Очекуваме позитивно да влијае врз фирмите, особено помалите кои најчесто мора да затвораат пред да им се даде шанса да ги исправат неправилностите.

Манчевски рече дека во сите инспекциски служби има вкупно 1 000 инспектои, што е недоволно и дека со претходните правила никој не можел да стане инспектор.

За платите, вели Манчевски, предност имаат оние кои се изложени на ризик, како инспекторите во пазарната инспекција, кои работат ноќе во клубовите со алкохолизирани лица, што не е исто со инспекторите во образованието.

„Предвидени се зголемувања на палтите но ќе дадеме предност на ризичните категории. Планот е платите да се зголемуваат годишно за 10 отсто и да достигнат до 30 проценти“, истакна Манчевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не само од власта туку и од опозицијата.

Тој на денешната прес-конференција рече дека со години алармирале за непотизам додека СДСМ бил во опозиција, но тогаш јавноста не била информирана како сега.

На прашање зошто сега се бараат откази откако изби скандалот со вработувањата, а СДСМ е на власт две години, тој повтори дека овие теми ги отвориле и кога биле во опозиција.

Во однос на анализата што се прави за начинот на вработувањата и дали имало непотизам и судир на интереси, министерот рече дека извешаите ќе ги доставеле до антикорупциска.

Во иднина Манчевски посочи дека ќе се менува начинот на кој се бираат луѓе во јавната служба. Проблемот, според него, е во раководната служба и со новите законски решенија кои се во подготовка ќе се консултираат експерти, невладини организации и сл.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не...

Македонија2 часа

Пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за Спасовски

Собранието треба да се ја продолжи 86. седница на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи,...

Свет3 часа

Силна зимска бура завеа со снег и дожд низ 39 американски држави

Силната зимска бура што провеа во САД вчера завеа во снег и во обилни дождови дури 39 американски држави на ...

Крвав четврток13 часа

Притвор за Јанакиески и Ристовски, за Груевски нова екстрадиција

Судијата на претходна постапка по барање на Јавното обвинителство им одреди мрека пртивор од 30 дена на поранешните министри Миле...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: „Апси Заев, можеш да нарачуваш и убиства, но нема да ти се исплашиме“

По информациите за вечерашното приведување на тројцата функционери на ВМРО-ДПМНЕ – Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, вечерва прес-конференција...

Крвав четврток14 часа

Русковска: Бараме притвор за Јанакиески и Ристовски поради опасност од бегство

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал при ЈО, Вилма Русковска, изјави дека распитот на осомничените ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски...

Крвав четврток16 часа

Вељаноски: Не чувствувам вина за упадот во Собранието

Поранешниот претседател на парламентот, Трајко Вељаноски, штотуку излезе од Основниот суд Скопје 1, каде што беше повикан на распит за...

Македонија18 часа

Трамп со писмо до Заев: Ви честитам за лидерството, обезбедивте просперитетна иднина за Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска прими писмо од американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое тој нагласува дека Северна Македонија е голем...

Македонија19 часа

Зелената градина на ГТЦ му се наметнува исто како и барокот, архитектите разочарани

Зелената градина за покривот на Градскиот трговски центар ги разочара архитектите како стручна јавност, а незадоволни се и скопјани, кои...

Македонија20 часа

Половина милион евра исплатени лани за патни трошоци на пратениците

Над 525 илјади евра биле исплатени за патни трошоци на пратениците во Собранието минатата година, покажува анализата на „Макфакс“ од...

Македонија20 часа

Заев потврди, Села му се налутил поради одземените ингеренции на Таравари

Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања потврди дека Зијадин Села не дошол на денешната средба за консензуален претседателски кандидат поради...

Македонија22 часа

Бектеши не чувствува морална одговорност за вработувањето на сестра му во МЕПСО

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека не чувствува морална одговорност за вработувањето на неговата сестра во МЕПСО. Тој вели...

Топ22 часа

Села му се налути на Заев, не доаѓа на средба

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, одби да присуствува на закажаната средба со премиерот Зоран Заев, на која требаше...

Македонија23 часа

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили иако пред два месеца само...

Топ23 часа

Дедото на Кирацовски ќе се повлече од работното место

Таткото на сопругата на пратеникот Александар Кирацовски, Борис Поповски, ќе се повлече од работното место, објави на „Фејсбук“ Кирацовски. Тој...

Македонија24 часа

Заев и Димитров нема да одговараат за велепредавство

Скопското обвинитeлство ја отфрли кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес поднесена против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи,...

Македонија1 ден

Сопругата на директорот на ЕЛЕМ вработена како шефица на кабинет во Централен регистар

Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај...

Македонија1 ден

Две бомби од Првата светска војна пронајдени во Битола

Вчера на булеварот 1 Мај во Битола, во близина на местото викано Црн Мост при изведување на градежни работи при...

Регион1 ден

Непознат маж му се заканувал на Мицотакис со бомба

Лидерот на опозициската Нова демократија во Грција, Киријакос Мицотакис, пријавил синоќа закана со бомба која ја добил додека сè уште...

Македонија1 ден

Бугарија го ратификуваше протоколот за НАТО

Со 140 гласа „за“, бугарскиот парламент го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, објави бугарската новинска агенција...

Досие