Контакт

Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – Ново Село

Објавено пред

Сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Ново Село, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода е нормализиран, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму додаваат дека сообраќајот се одвива нормално од 22 часот и 05 минути, по прекинот кој започна во 19 и 40.

 

Македонија

Унгарскиот амбасадор повикан во МНР, се бараат одговори за Груевски

Објавено пред

Во врска со информациите во јавноста дека поранешниот премиер Никола Груевски пребегал во Будимпешта и побарал азил во Унгарија, денеска во Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Република Унгарија во Скопје, Ласло Дукс, на средба кај државниот секретар Виктор Димовски, со цел проверка на информацијата и по дипломатски канали.

Во разговорот беше нагласено, дека на својот европски и евроатлантски пат, Република Македонија е цврсто определена да опстои на вредностите на градење на правната држава, фунционирање на независното судство и борбата против организираниот криминал и корупцијата на сите нивоа, вклучувајќи ги и највисоките, што беше дел и од препораките во експертскиот извештај на Прибе.

По средбата во МНР, потврда за веродостојноста на информацијата е добиена преку Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Објавено пред

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи.

,,По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело  ‘примање награда за противзаконито влијани’, се наоѓа во Република Унгарија. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил”, се вели во соопштението.

Министерството за внатрешни работи го информирало Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување меѓународна потерница за осудениот експремиер Никола Груевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Битола ќе бара да се санира мерната станица во центарот на градот

Објавено пред

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, на новинарско прашање ја коментираше актуелната состојба со неработењето на мерната станица 2 во центарот на Битола, при што информираше за преземените чекори по ова прашање.

„Одржувањето на мерната станица и нејзиното функционирање се во надлежност на Министерството за животна средина. Она што локалната самоуправа го направи е издаденото барање до инспекторот за животна средина во Општина Битола, да испрати допис до Министерството за животна средина за да се иницира практично акцелерирање на мерната станица“, посочи Петровска.

Во однос на ова прашање, на седницата на Советот на Општина Битола одржана на 24.10.2018 година беше донесена одлука со која се задолжува градоначалникот на општина Битола согласно со Законот за локална самоуправа и Статутот на Општината Битола, да преземе мерки за санација и враќање во функција на мерната станица Битола 2.

Претходно, Петровска се сретна и со претставници на организации од невладиниот сектор, кои работат на областа на животната средина. Дел од нив предложија конкретни мерки, кои понатаму треба да се земат предвид при изготвувањето на годишната програма за работа на општината на полето на унапредување на заштитата на животната средина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија2 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања4 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија4 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток5 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија5 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија5 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток6 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија8 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет8 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија8 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа9 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет9 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија10 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија11 час

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија11 час

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија19 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија1 ден

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ1 ден

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија1 ден

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Досие