Контакт

Македонија

Нотарите и извршителите ќе поднесуваат анкетен лист за имотна состојба

Објавено пред

Нов состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), се прошируваат нејзините надлежности и се менуваат условите за именување претседател и членови на ДКСК, се новите измени на законот за спречување на корупцијата, кој денеска го презентира министерката за правда, Рената Дескоска.

„Се прецизираат и зголемуваат надлежностите на антикорупциска комисија, која ќе биде надлежна да го следи финансирањето на партиите. Во случај на сомневање за незаконито финансирање по сопствена иницијатива, ДКСК ќе презема мерки за утврдување на фактичката состојба“, рече Дескоска.

Со законот е предвидена и годишна контрола на имотната состојба на претседателот и членовите на ДКСК, а се проширува и кругот на лицата што ќе поднесуваат анкетен лист до ДКСК.

„Покрај сите избрани и именувани одговорни лица во јавни претпријатија, се предвидува и нотарите и извршителите да поднесуваат анкетен лист до ДКСК и УЈП и изјава за откажување од банкарска тајна“, додаде Дескоска.

Измените на законот се на јавна дебата, а министерката очекува што побргу законот да се пушти во собраниска процедура.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Иванов на прием организиран од Трамп

Објавено пред

Од

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, заедно со својата сопруга, Маја Иванова, присуствуваше на прием организиран од страна на американскиот претседател, Доналд Трамп.

Како што информираат од Kабинетот на Иванов, приемот е организиран за шефовите на делегациите на 73. Генерално sобрание на Обединетите nации во Њујорк.

Прикажи повеќе...

Македонија

Централен регистар: Сите вработувања во институцијата се транспарентни и законски, за нив нема жалби и приговори

Објавено пред

Од

За сè што не е регулирано во Законот за Централен регистар и колективниот договор на ЦР се применуваат одредбите од Законот за дминистративни службеници и Законот за работни односи и воедно демантираме дека вработените во оваа институција се државни службеници, односно информираме дека вработените во Централниот регистар се административни службеници, велат од Централниот регистар како реакција на изјавата на пратеничката Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму појаснуваат дека согласно со став 2 и 4 од член 4 од Законот за административните службеници за потребите на Централниот регистар се потврдени и регулирани со самиот Закон за Централен регистар, а воедно е дадена и утврдена можноста во самиот закон со колективен договор да се уредат прашањата за и од работен однос.

„Во врска со наводите од страна на пратеничката, упатени до Централниот регистар, поврзани со колективниот договор и постапката за вработување во институцијата, ја информираме дека целосно транспарентната постапка за вработување во Централниот регистар беше спроведена согласно со Законот за Централен регистар, сите позитивни законски норми и општи акти на Централен регистар, како и согласно со колективниот договор склучен помеѓу директор на Централен регистар и претседателот на Синдикалната организација на ЦР. Согласно со Законот за ЦР и Законот за работни односи, директорот на ЦР има потпишано нови договори за вработување со сите вработени за коишто нема ниту жалби ниту приговори од ниту еден вработен“, се наведува во соопштението на Централниот регистар.

Воедено ја известуваат претставничката на Законодавниот дом дека во иднина стојат на располагање да ја информираат за сите позитивни законски норми, одредби и прашања кои се однесуваат на работата и процесите што се одвиваат во институцијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јово Вангеловски два и пол часа сведочеше во Обвинителството за злоупотребите со АКМИС-системот

Објавено пред

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, повеќе од 2 и пол часа во зградата на Јавното обвинителство дава исказ како сведок за предистражната постапка за злоупотребите со АКМИС-от во кривичниот суд во Скопје и во Врховниот суд.

На прашање за што бил повикан, рече дека бил повикан како сведок. Му поставувале прашања обвинителите. Рече дека влегол во Обвинителството од таму од каде што се влегува бидејќи камерите претходно не го регистрираа дека влегува од главниот влез. Извори од ОЈО велат дека тие не му овозможиле да влезе од службениот влез.

Вангеловски е повикан како сведок во предистражната постапка што ОЈО Скопје ја отвори за злоупотреби на системот за електронска распределба на судски предмети. Извештајот што го изготви Министерството за правда утврди многубројни нерегуларности во АКМИС-системот во најголем дел во кривичниот, Апелациониот и во Врховниот суд.

СЈО го посочи Вангеловски како еден од четворицата судии што го има во бомбите и кој издавал информации во јавноста за одредени предмети.

Исказ во Обвинителството даде и поранешниот прв човек на кривичниот суд, Владимир Панчевски, кој е осомничен за злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Стаменковска: Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што не се изјаснија против уставните измени

Нема притисок врз пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не се изјаснија дека ќе гласаат против уставните измени, вели пратеничката Невенка Стаменковска,...

Топ3 часа

Фотографирале девојки на плажа во Охрид, сликите ги објавиле на веб-страница за интимни средби

Две лица од Свети Николе и од Охрид фотографирале девојки на плажа во Охрид и ги лажеле дека сликите ќе...

Економија4 часа

Плати од 97.000 денари и за новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика

Плати од 97.000 денари ќе добива и новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика. Тие неодамна на веб-страницата објавија колкави...

Свет6 часа

(Видео) Највисоко ниво на заштита, Трамп во ОН пристигна со „ѕверот“ и со ладилник полн со крв

Американскиот претседател, коj вчера имаше говор во Обединетите нации, во Њујорк пристигна со највисоко ниво на обезбедување – се возеше...

Економија6 часа

НБРМ: Денарот е стабилен, не постои опасност за евентуална девалвација

Народната банка на Република Македонија информира дека како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика цврсто стои на...

Регион7 часа

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пелешац

Апокалипса на Пелешац по пожарот што дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на...

дијамант дијамант
Забава7 часа

Најскапиот дијамант во светот проценет на 50 милиони долари на аукција во Женева

Розовиот дијамант од скоро 19 карати тргнува на светска турнеја пред да биде понуден на аукција во Женева, а се...

Свет7 часа

(Видео) Макрон ја критикуваше политиката на Трамп и доби аплауз

Францускиот претседател, Емануел Макрон остро ги критикуваше во Њујорк светските лидери кои ги гледаат исклучиво своите интереси и порача дека...

Регион8 часа

Брутално убиство на 33-годишен геј активист ја бранува Атина

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад...

Свет20 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион22 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија24 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија1 ден

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток1 ден

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток1 ден

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ1 ден

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток1 ден

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story1 ден

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток1 ден

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион1 ден

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Досие