Контакт

Македонија

Обвинение за Лидија Димова за злоупотреба на 320.000 евра од европски програми

Објавено пред

Обвинителката Сузана Мирческа-Кузмановска поднесе обвинителен акт против Лидија Димова, разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Александар Гочев, тогашен нејзин близок соработник и Ана Павлиду, пензионира благајничка во институцијата.

dobivaj vesti na viber

Според обвинителката, сите три лица оштетиле средства на европската заедница. Лидија Димова се гони дека со намера за друг да прибави имотна корист ја злоупотребила положбата и овластување па постапила спротивно на Законот за јавни набавки и Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Таа ангажирала соработници во Агенцијата без да објави оглас, а меѓу нив е и ангажирањето на Зоран Златковски. Истовремено, Димова се гони и за исплаќањето  издатоци за службени патувања. Обвинителката бара одговорност од Димова и за склучени договори без јавни набавки.

„Не почитувајќи ги начелата на законитост, еднаквост и јавност, без да објави јавен конкурс, не постапила совесно, стручно и непристрасно и ги дискриминирала потенцијалните кандидати, овозможувајќи повластување на повеќе надворешни лица со кои склучила поединечни договори и ги ангажирала како соработници, експерти, обучувачи и др. Воедно, не практикувајќи ги Анексот II од Водичот на Европската комисија и Планот за јавни набавки на Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност за 2018 година во пет наврати постапила спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на парични средства сопственост на Буџетот на РСМ или средства со кои управува Европската заедница или се управува во нивно име, не објавила оглас, не ги почитувала општите правила и не спровела постапка за јавна набавка, а склучила договори со четири правни лица за кои овозможила имотна корист“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Александар Гочев е второобвинет и се гони бидејќи употребил факсимил со кој прикажал невистинити податоци за патување со цел да извлече пари од Агенцијата.

„Второобвинетиот времено ангажиран како надворешен соработник, заедно и по претходен договор со првообвинетата, во временскиот период од почеток на 2019 година до месец април 2020 година употребувајќи факсимил што му го дала првообвинетата изготвил десет обрасци за ‘каса исплати’ и прикажал невистинити податоци дека наведениот износ на парични средства претставува аванс за негово службено патување, без притоа да приложи соодветна документација пропишана во подзаконските акти. Врз основа на овие обрасци од страна на третообвинетата – благајник во Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност му биле исплатени парични средства во вкупен износ од 943.757,00 денари“, посочија од Обвинителството.

Багајничката Ана Павлиду се гони бидејќи овозможила Гочев да ги извади средствата од Националната агенција.

Третообвинетата, како службено лице, благајник во Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност пропуштила должен надзор и несовесно постапила при вршење на своите овластувања и должности и со тоа за друг прибавила поголема имотна корист. Таа, обрасците со невистинита содржина ги примила од второобвинетиот, иако немале оригинален потпис на првообвинетата, ниту придружна документација и спротивно на работните обврски на нејзиното работно место не изготвила благајнички дневник и касов извештај од благајната и на второобвинетиот му ги исплатила паричните средства“, додаваат тие.

Со опишаните дејствија обвинетите предизвикале штета на други средства на државата – средства со кои управува Европската заедница или се управува во нивно име во вкупен износ од 19.945.731,00 денари или околу 320.000 евра.

„При што првообвинетата сторила две кривични дела и тоа кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.5 в.в ст.3 в.в ст.1 в.в чл.45 од Кривичен законик и кривично дело измама на штета на средства на Европската заедница од член 249-а ст.2 в.в ст.1 в.в чл.22 од Кривичен законик; второобвинетиот сторил кривично дело измама на штета на средства на Европската заедница од член 249-а ст.2 в.в ст.1 в.в чл.22 од Кривичен законик и третообвинетата сторила кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в ст.2 в.в ст.1 од Кривичен законик“, вели Обвинителствoто.

Македонија

Сончево и топло време со температури до 36 степени

Објавено пред

Времето денес ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=9

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, попладне со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 35 степени.

Продолжува периодот на многу топло време. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Власта веднаш да престане да преговара за македонскиот идентитет, јазик и историја

Објавено пред

Власта да престане со преговори за македонскиот идентитет, јазик историја, да се вратат од Софија и да кажат дека преговори ќе продолжат само кога ќе има услови да се сочува нашето достоинство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Ѓорче Петров.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски истакна дека очекува од власта веднаш да престане да ги распродава македонските државни и национални интереси.

– Јас очекувам да престанат да ги распродаваат македонскиот идентитет, култура, наследство, историја, тоа очекувам од овие ако можам така да ги наречам македонски официјални лица, тоа очекувам. Веднаш да престанат, да се вратат од Софија и да кажат дека работата не бива, престануваме во овој момент, кога ќе се создадат услови тогаш ќе продолжиме, во овој момент очигледно не постојат услови со кои што можеме да го сочуваме нашето достоинство. Ете тоа очекувам, потенцираше Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Власта на дивјачки начин прави дефокус од тешкиот живот, инфлацијата и предавството со Бугарија

Објавено пред

Срам за демократијата, очигледно дека некој ги охрабрува вака да се однесуваат, ова е чин на дивјаштво што можеше да се види вчера во комисијата за европски прашања. Мислам дека главната цел е да направат дефокус од реалните теми, а тоа е тешкиот живот, инфлацијата, предавството кое што го прават на дневна основа, преговараат позади очите на јавноста, преговараат двајца луѓе блиски на Бујар Османи, едната дури од Брисел долетана до Софија, а другиот од неговиот кабинет. Преговараат за македонскиот идентитет, јазик, македонската историја, култура, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при вечерашната посета на Општина Ѓорче Петров за вчерашниот настан во Собранието.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски посочи дека ова е исто така и дефокус од тоа што следи, одлуката на РКЕ за новата цена за електрична енергија, дефокус тешкиот живот и од власта не најдоа друг начин и се обидоа со дивјаштво да го направат.

„ Ги жалам тие луѓе на кои овој човек ќе им биде педагог и е ги образува да бидат утре академски граѓани. Наместо денеска да излезе и да се извини и да побара прошка од јавноста, го гледаме оправдувања, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека уште потрагично е што нивниот колиционен партнер СДСМ извади пратеници кои од 2020 досега немаат ниту една дискусија, но затоа вчера имаа статуси на социјалните мрежи како овој бил најдобар претседател на комисијата за европски прашања.

„ Катастрофална ситуација, но ќе се бориме, нема да се откажеме, одиме до целта до победа. Знаат дека им доаѓа крајот и во паника прават вакви дивјачки работи. Логично е да понесат одговорност но како се однесуваат СДСМ и ДУИ не очекувам дека ништо ќе се случи, но ќе дојде денот кога ќе има одговорност. Институциите ќе ги преземат луѓе кои се демократски расположени, кои веруваат во европски вредности и нема да има вакви дивјачки чинови, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт9 часа

Нуров со злато за Македонија на Медитеранските игри!

Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал во борење во категоријата до 97 килограми на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако...

Свет10 часа

Пристигна првата реакција на Москва за влезот на Шведска и Финска во НАТО

Русија е толку моќна сила што приемот на Шведска и Финска во НАТО пактот не е важен во глобална стратешка...

Европа11 час

Ердоган попушти – постигнат договор за членство на Финска и Шведска во НАТО

Турција го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Нииниште. Во меѓувреме потврда...

Македонија12 часа

Мицкоски: Власта на дивјачки начин прави дефокус од тешкиот живот, инфлацијата и предавството со Бугарија

Срам за демократијата, очигледно дека некој ги охрабрува вака да се однесуваат, ова е чин на дивјаштво што можеше да...

Свет13 часа

Макрон: Русија не смее да ја добие војната во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по самитот на Г7 во Германија изјави дека плановите на Русија во Украина ќе пропаднат....

Македонија14 часа

ИДЧПД: Адеми е недостоен да ги претставува граѓаните

Институт за демократија, човекови права и дигнитет – Скопје го осудува вчерашниот инцидент во македонското собрание. Оттаму жалат што повторно...

Македонија15 часа

И денес тензично на Комисијата за европски прашања, потпретседателката не дозволи процедурални обраќања

Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ побара процедурални обраќања, а не амандманска расправа за измените на Законот за работни односи. Таа...

Македонија16 часа

Силјановска-Давкова: И за лаик е јасно законот кој доведе до тепачка не може да одредува пензионирање на судии и обвинители

Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не и е јасно како на дел од судиите и обвинителите им се...

Македонија17 часа

Нови 168 ковид-позитивни – нема починати

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...

Македонија19 часа

Високи тонови и караница во Собранието, каде што вчера имаше тепачка

Со високи тонови и карање почна денешната седница на Комисијата за европски прашања, каде што вчера имаше тепачка. Координаторот на...

Регион20 часа

Одел во Грција на одмор со семејството, го уапсиле за воени злосторства

Соседна Грција одредила притвор за 59-годишен српски државјанин, кој е уапсен по европска потерница од хрватските власти поради воени злосторства...

Македонија21 час

Милошоски со кривична пријава против Азири, кој напиша „Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе“

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири. Ваквиот чекор доаѓа...

Европа22 часа

Поранешен функционер на ЦИА: Во Кремљ се подготвува заговор против Путин, би можел да заврши како Троцки

Даниел Хофман, поранешен висок офицер на ЦИА, кој служел како шеф на станица во Москва, тврди дека Путин би можел...

Свет22 часа

Во камион во Тексас починале 46 мигранти

Американските служби јавуваат дека најмалку 46 тела се пронајдени во приколка на напуштен камион на периферијата на Сан Антонио, Тексас....

Европа22 часа

Зеленски: Русите извршија терористички чин со нападот на трговскиот центар

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово ја осуди Русија за нејзините пресметани воздушни напади врз трговскиот центар во градот Кременчук велејќи...

Македонија23 часа

(Видео) „Како на Дивиот Запад“ – собранискиот инцидент во медиумите од соседството

Во Собранието на Северна Македонија дошло до физичка пресметка кога пратеникот на СДСМ-ДУИ, Арбер Адеми, со шолји за кафе и...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Адеми да си поднесе оставка како пратеник, а потоа да одговара за нападите

ДУИ си го брани криминалот со физички напади врз пратениците, Ковачевски да го осуди дивеењето на Арбер Адеми, реагираат од...

Европа1 ден

Медведев: Секој упад на Крим ќе биде објава на војна на Русија

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека секој упад на полуостровот Крим од страна на земја членка на НАТО може...

Македонија1 ден

Џафери свикал итна координација: Граѓаните самите ќе проценат од снимките кој го предизвика инцидентот

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, попладнево свика итна координација на која беа поканети сите координатори и...

Македонија2 дена

Вархеји очекува Скопје и Тирана во наредните денови да ги отворат пристапните преговори со ЕУ

Говорејќи пред членовите на Европскиот парламент и парламентите на земјите на патот кон членство во ЕУ, еврокомесарот за проширување Оливер...