Контакт

Македонија

Обвинетиот Агим Исмаиловиќ даде контрадикторни изјави за денот на убиството кај Смилковци

Објавено пред

Третообвинетиот Агим Исмаиловиќ во случајот „Монструм“ на распитот пред судот даде контрадикторни изјави за критичниот ден кога биле убиени момчињата на Смилсковското Езеро. Исмаиловиќ пред судот рече дека на 12 април 2012 година бил на работа во интернет-кафуле. Подоцна рече дека можеби бил дома и извршувал верски обред.

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, му предочи исказ даден кај истражен судија во кој тој тврдел дека работел на поставување канализација во својот дом. Тој го потврди исказот што го дал пред истражен судија, па обвинителката Фетаи го праша неколкупати да се потсети што точно се случувало критичниот ден и кои од исказите што ги дал за своето алиби се точни.

Обвинетиот рече дека се познавал со другите обвинети. Фетаи инсистира на одговор дали и кога последен пат се слушнал со својот брат Африм, кој е во бегство и за кого е распишана меѓународна потерница. Тој рече дека последен пат со братот се слушнал преку „Вибер“ кога Врховниот суд ги укина пресудите на пониските судови. На прашање на судот каде живее сега брат му, Агим Исмаиловиќ рече дека не знае и посочи да прашаат во косовската полиција.

Тој тврдеше дека полициски инспектори и „алфи“ го малтретирале во полициската станица во Кисела Вода, на што обвинителката постави прашање дали тоа го пријавил во полиција и во болница. Обвинетиот одговори дека колку што се сеќава, во болница не пријавил, а неговиот адвокат Насер Рауфи поднел пријава за постапувањето на полициските службеници. Исмаиловиќ тврдеше дека дента на убиството не се видел со обвинетите Хаки и Фејзи Азири.

Судењето го следат роднини на убиените момчиња и продолжува со распит на обвинетите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Формирана работна гурпа што треба да го реши проблемот со токсичниот отпад во ОХИС

Објавено пред

Од

На денешната 69. седница на Владата беше формирана работна група за изнаоѓање решение за проблемот со токсичниот линдан во АД ОХИС.

„Во однос на решавањето на проблемот со линданот во АД ОХИС од Скопје, Владата на седницата формира работна група составена од: Драги Рашковски, генерален секретар на Владата, Садула Дураку, министер за животна средина и просторно планирање, и Аднан Ќахил, министер без ресор. Оваа работна група во рок од 3 месеци треба да ја информира Владата за можните решенија на овој долгогодишен проблем“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поголем број наставници и професори ќе се вработат на неопределено време

Објавено пред

Од

Владата на вечерашната 69. седница донесе одлука за вработувања на неопределено време во основните и средните училишта.

„Владата на седницата ја прифати информација за вработувањата во основните и средните училишта и донесе одлука Министерството за образование и наука да побара согласност од Министерството за финансии за вработување лица на неопределено работно време во дејноста на основното и средното образование за работни места за кои може да се оствари полно работно време“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев го состави списокот: три министерства ќе добијат нови челници

Објавено пред

Од

Премиерот Зоран Заев попладнево го испратил предлогот за промена на составот на Владата до Собранието на Република Македонија.

Според него, Рената Тренеска-Дескоска, досегашната министерка за образование, е предложена за нова министерка за правда, а нејзиното место треба да го наследи нејзиниот актуелен заменик, Арбр Адеми, од Демократската унија за интеграција.

За министер за култура е предложен Асаф Адеми, кој доаѓа од Беса, а за министер без ресор е предложен Бардул Даути, кадар на ДПА.

Се очекува седницата за реконструкција на Владата да се одржи во текот на следната недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Заев го состави списокот: три министерства ќе добијат нови челници

Премиерот Зоран Заев попладнево го испратил предлогот за промена на составот на Владата до Собранието на Република Македонија. Според него,...

Македонија6 часа

(Видео) Лазаревски: Го напуштив работното место во МВР за да ги заштитам бомбите

Јас го напуштив моето работно место за да ги заштитам бомбите, таа одлука не беше само моја. Постоеше некаква опасност...

Економија8 часа

(Видео) Менаџментот на „Југохром“ најавува рестартирање на комбинатот во ноември

По средбата со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, менаџментот на „Југохром“ најавува дека до ноември ќе...

Македонија8 часа

(Видео) Функционерите на ДУИ најголеми трошаџии во Владата

Вања Михајлова, експерт за антикорупција, на денешната прес-конференција во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиуми против корупцијата“ истакна дека...

Македонија9 часа

Притвор за Ѓоко Поповски, одлучи судот

Судот му одреди притвор на поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, сè додека не почне да ја издржува затворската казна....

Економија9 часа

(Видео) Тевдовски: Платите во трудоинтензивните дејности пораснаа до 21 отсто

Работниците од текстилната, кожарската и индустријата за производство на облека имаа неправедно пониско ниво на минимална плата. Ако го погледнете...

Македонија11 час

Штетата е 75% од месечната плата на обвинителката Фетаи, рече Бедредин Ибраими

Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, во воведните зборови за предметот „Титаник 2″, рече дека наводната штета во предметот е...

Daily news12 часа

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува...

Забава13 часа

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Меган

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Маган Маркл по нивната свадба што се одржа во саботата,...

Вести14 часа

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа на Куба

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа што се случи минатата недела на Куба. Со ова, бројот на...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашната судска пресуда е неправда

Пресудата за ослободување на Зоран Заев од секаква вина за случајот „Поткуп“ е црн ден за македонското судство. Таа покажа...

Македонија15 часа

Пресуда за „Триста“ за Ѓоко Поповски

Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, денеска во кривичниот суд во Скопје ќе ја чуе пресудата за случајот „Триста“ во...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е амнестиран вторпат, пресудата за „Поткуп“ не нè изненади

Зоран Заев пред малку вторпат е амнестиран политичар за очигледен криминал. Зоран Заев повторно избега од соочување со правдата и...

Економија1 ден

Анита Ангеловска-Бежоска е нов гувернер на Народната банка

Собранието денеска ја избра Анита Ангеловска- Бежоска за нов гувернер на Народната банка, на местото на Димитар Богов, кому му...

Македонија1 ден

(Видео) Заев не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев во изјава пред судот по ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“....

Македонија1 ден

(Видео) Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија1 ден

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, која јавно ја прочита судијата Дарко...

Македонија1 ден

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија2 дена

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет2 дена

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Досие