Контакт

Крвав четврток

Обвинет за тероризам е гинеколог со над 15 илјади породувања, рече адвокатот на пратеникот Љубен Арнаудов

Објавено пред

Адвокатот на Љубен Арнаудов, Донче Наков, во воведниот говор за судењето за крвавиот четврток рече дека неговиот клиент Љубен Арнаудов, кој е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, бил успешен гинеколог со 37-годишна кариера и над 15 илјади породувања.

,,Владо Јовановски не треба посебно да го претставувам. Нормален човек со нормално семејство и со кредити, како што тој вели. Патриот и емотивен тип, како што вели Владимир Милчин”, рече адвокатот за актерот Владо Јовановски и додаде дека неговиот клиент не е терорист.

,,Богдан Илиевски. Архитект. Од семејство на правници. Мајка му е позната колумнистка”… говореше адвокатот на Илиевски, алијас Бетмен Велит.

,,Абдулфетах Аљими. Обичен полицаец. Има дадено гаранција за Зијадин Села, каде што тој ја даде својата куќа како гаранција дека нема да бега”, рече Донче Наков.

Крвав четврток

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Објавено пред

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Тој е осомничен дека го организирал упадот во законодавниот дом.

Во февруари на Јанкиески му беше определен куќен притвор поради опасност од бегство и влијание врз истрагата.

Обвинителството на почетокот на годинава отвори истрага против пет лица кои се сомничат дека се организатори на упадот.

Освен Јанакиески, како организатори се осомничени и експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовки и Никола Бошкоски, поранешен вработен во УБК кој е во бегство.

Неделава на распит во Обвинителството беше и Вељаноски, кој по излегувањето од зградата кусо рече дека се одѕвал на поканата на и дека не направил увид во доказите.

 

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

До крајот на мај, обвинение за организаторите на крвавиот четврток

Објавено пред

Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, рече дека најдоцна до крајот на мај очекува да биде подигнато обвинение за организаторите на упадот во Собранието од 27 април 2017.

„Најдоцна до крајот на мај очекувам да биде подигнато обвинение за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Но, не очекувам дека во скоро време ќе ми се укаже можност да го сослушам и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство“, рече Рускоска.

„Добар дел од сведоците кои планирав да ги сослушам ги сослушав. Оваа недела тече распитот на обвинетите. Следната недела веројатно ќе се договорам со одбраната да извршат увид во доказите, а ќе видам и дали треба да се сослуша уште некој сведок по што ќе ја привршам истрагата“, изјави Рускоска по промоцијата на Twinning Light проектот Стандардизација и хармонизација според ИСО17025 стандардот на лабораториите на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.

Обвинителката кажа дека се во фаза на преведување на потребните документи за екстрадиција на последниот обвинет во првиот процес за настаните во Собранието Дејан Давидовски, кој е во бегство во Шведска. „Вчера ги дадовме доказите на превод и кога ќе биде готов преводот на доказите и сè она што се бара во постапка за екстрадиција веднаш ќе биде испратено до Министерството за правда“, рече шефицата на обвинителството.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

(Видео) Вељаноски: Се одѕвав на поканата на обвинителството

Објавено пред

По неполн час, експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски излезе од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

„Се одзвав на поканата на обвинителството. Не направив увид во доказите“, рече Вељаноски по излегувањето од обвинителството.

Тој е еден од петтемина осомничени организатори и осмислувачи на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. За него во февруари обвинителството побара, но судот не определи притвор бидејќи Собранието не му го одзеде пратеничкиот имунитет.

Вештачењето на телефонот на Вељаноски, што беше дел од судењето за крвавиот четврток, покажа дека од неговиот телефон се испратени 4 пораки до Никола Груевски пред и на денот на крвавиот четврток.

Во моментите кога е избран Талат Џафери за претседател на Собранието, Вељаноски побарал од Илија Димовски пратеници да му го чуваат кабинетот. На Никола Тодоров, пак, му испратил порака да се собере народ. По настаните Вељаноски интензивно комуницирал со пратеникот Крсто Мукоски и со шефот на обезбедувањето, Горан Ѓошевски Леви, и двајцата неправосилно осудени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет51 минута

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур – домот на највисокиот водопад во светот

По четиригодишна изградба и огромен медиумски интерес, долгоочекуваниот аеродром ,,скапоцениот камен” Чанги во Сингапур е официјално отворен. Аеродромот се протега...

Избори 20191 час

ДИК: Гласањето помина без проблеми

Државната изборна комисија вечерва излезе со оценка дека денешното гласањето поминало тековно и без проблеми. Ден пред претседателските избори во...

Европа2 часа

Париз: Уапсени 126 лица на протестите на ,,Жолтите елеци”

На протестите на,,Жолтите елеци” во Париз се уапсени 126 лица, а полицијата со демонстрантите, кои подметнуваа и мали пожари, се...

Регион2 часа

САД ќе и испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” на Албанија

Соединетите Американски Држави (САД) ќе испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” во Албанија, со цел да ги зајакнат нивните воени капацитети,...

Регион4 часа

Трговски центар во Сараево евакуиран поради дојава за бомба

Трговски центар во Сараево беше евакуиран попладнево откако во сараевската полиција пристигнала дојава за поставена бомба. Со брза реакција на...

Регион10 часа

Во Косово вратени со авион десетици жени и деца на џихадисти од Сирија

Дестици жени и деца, членови на семејствата на косовски џихадисти кои војувале во Сирија, со авион биле вратени во Косово,...

Избори 201911 час

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре. Сите барања за...

Топ11 час

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“. МВР...

Топ12 часа

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во...

Свет12 часа

Брачен пар осуден на доживотен затвор, ги злоставувале нивните деца

Брачен пар од Калифорнија кој ја призна вината за повеќегодишното злоставување на нивните 12 деца, е осуден на доживотна казна...

Европа12 часа

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на...

Свет12 часа

Во Египет референдум за продолжување на мандатот на претседателот

Египѓаните на референдум ќе гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Одлуката за распишување...

Избори 201913 часа

Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица

Денеска затворениците, раселените и немоќните лица гласаат на изборите за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат...

Свет1 ден

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 20191 ден

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија1 ден

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија1 ден

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија1 ден

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток1 ден

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Досие