Македонија
Обвинителството незадоволно од одлуката за куќен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи за Онкологија, поднесе жалба

Скопското обвинителство вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и на организациски директор Нехат Нухи, во предметот „Онкологија”.
Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка .
„Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита“, велат од Обвинителството.
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и обвинителката Ана Гоговска Јакимовска претходно на прес-конференција информираа дека се поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ со кои се опфатени двајцата поранешни директори на Клиниката и четворица доктори онколози. Според обвинението, 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 непотребна терапија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ангажирани 60 војници за пожарот кај Ѓорче Петров, грчките канадери упатени кај Дојран

По барање на Центарот за управување со кризи, грчки канадери веќе дејствуваат на пожарот кај селото Николиќ, во близина на Дојран, заедно со две грчки противпожарни екипи.
Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров.
Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции. Приоритет е пожарот кај касарната Ѓорче Петров, каде што се ангажирани 60 припадници. Во село Николиќ се распоредени 60 припадници, во Крива Паланка дејствуваат 30 припадници, а една екипа од АБХО е ангажирана на пожарот во Визбегово.
Македонија
Поради пожар затворен дел од скопската обиколница

Поради пожар, затворен за сообраќај е делот од скопската обиколница од клучка Радишани кон Тетово, соопшти МВР.
Полицијата информира и дека од 17.20 часот е пуштен сообраќајот кон ГП Блаце, но само за патнички возила, а останува во важност забраната за движење на товарните возила.
Македонија
Најдено починато лице во близина на пожар во Кривопаланечко

Едно лице е најдено починато во близина на пожар во сeлото Лозаново, Кривопаланечко, соопшти МВР.
Во присуство на јавен обвинител се врши увид.