Контакт

Македонија

Обвинителството одлучи дека никој нема да одговара за бегството на Мијaлков

Објавено пред

Jавниот обвинител кој постапуваше во предистражната постапка отворена по повод недостапноста на обвинетиот Сашо Мијалков, при обид да му се врачи решение за куќен притвор, утврди дека нема место за јавнообвинителска одлука, од причина што не е утврдено постоење на кривично дело што се гони по службена должност, информираат од Обвинителството.

Од таму посочуваат дека во рамки на предистражната постапка биле преземени поголем број на истражни дејствија:

„Обезбедени се безбедносните камери од повеќе локации, прибавени листинзи за телефонски комуникации за вкупно 54 телефонски броеви од интерес, сослушани беа вкупно 37 лица, меѓу кои и министрите за правда и внатрешни работи, директорите на АНБ и БЈБ, премиерот, државниот јавен обвинител, основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и претседателот на Основниот кривичниот суд Скопје. Извршени се и полициски разговори со дополнителни 20 лица за кои се сочинети службени материјали. Во постапката беа обезбедени докази и податоци од различни правни лица. За потребите на предистрагата, беше извршена анализа на вкупно 18 одземени телефони и на одземени уреди за видеонадзор, беа извршени две вештачења и беа обезбедени службени материјали за постапувањето на сите инволвирани органи“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Од таму посочуваат дека неспорно е дека обидот за врачување на решението за куќен притвор на обвинетиот Мијалков од Основниот кривичен суд Скопје, останал безуспешен и дека во периодот од 21.02.2021 обвинетиот и покрај преземените дејствија за негово лоцирање бил недостапен за органите на прогонот, се до 16:55 часот на 23.02 2021 година, кога доброволно се пријавил во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.

„Главното прашање на кое беше фокусирана предистражната постапка беше – каде бил обвинетиот во периодот кога бил недостапен на органите на прогонот и дали во овој период имал помош од одредени лица за истиот да остане сокриен“, појаснуваат од Обвинителството.

Притоа, прибраните докази упатуваат дека обвинетиот бил во својот дом се до доаѓањето на полициските службеници.

„Оваа констатација е потврдена со снимките од видео надзорот од хотел Мериот, службената евиденција на ЕСНД која упатува дека обвинетиот на 21.02.2021 година околу 15 часот стасал во својот дом, исказите на лицата кои работеле како негово лично обезбедување и исказот на сопругата на обвинетиот. Воедно, прибраните докази потврдуваат дека телефонот кој го користел обвинетиот зрачел на базната станица која го покрива неговиот дом“, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител утврдил дека поставеноста на теренот на улицата каде се наоѓа домот на обвинетиот, овозможувала тој незабележано да излезе од својот дом.

„Беа прегледани видео записите од камерите поставени во домот на обвинетиот, камерите од околните објекти, хотели, јавни претпријатија, камерите од Сејф Сити за движење на возилата кои беа предмет на интерес. Притоа не е забележан обвинетиот како се одалечува од својот дом. Сепак, од доказите обезбедени во предистражната постапка како теорија на случај се наметна само теоријата дека Мујалков се оддалечил од својот дом во моментот кога полициските службеници се доближиле до куќата и побарале да му врачат решение. Ова меѓу другото, произлегува и од околноста, дека телефонот кој обвинетиот го користел се гаси во истиот момент кога полицијата доаѓа пред неговиот дом. Од тој момент кога полицијата дошла пред куќата на обвинетиот, до моментот кога службените лица го пребарале домот, поминале најмалку 45 минути, во кое време имал доволно голема временска рамка да се оддалечи од својот дом, а местоположбата на неговиот дом овозможувала тоа да биде направено незабележано преку задниот излез, движејќи се пеш во реон кој не е обезбеден со безбедносни камери и лоцирајќи се во некој од околните објекти“, посочуваат од Обвинителството.

Јавниот обвинител извршил и проверки во насока на постоење на евентуална логистичка или друга поддршка во однос на оддалечување од домот на обвинетиот.

„Притоа беа сослушани членовите на неговото семејство, како и членовите на неговото обезбедување, а од страна на полицијата привремено биле одземени и телефонските уреди кои ги користеле овие лица. Сите овие дејствија беа преземени во насока на утврдување на околноста дали овие лица му пружиле помош на обвинетиот. Од анализите на одземените телефони, за кои беа обезбедени и листинзи, како и од анализата на листинзите, не беа утврдени податоци и информации кои се од значење за кривичната постапка, односно не беше пронајдено постоење на докази дека било кое од овие лица на било каков начин му помогнало на обвинетиот да остане недостапен на органите на прогонот“, се наведува во соопштението.

Предистражната постапка се осврнала и на околноста дали на Мијалков му била соопштена информација дека за него е поднесено барање за мерка притвор, пред полициските службеници да направат обид за достава на решението за куќен притвор.

„Во оваа насока беа направени проверки на комуникациите на сите лица кои конретниот ден имале допир со информацијата дека ќе биде баран притвор за обвинетиот. Со извршената анализа на овие листинзи не се утврдени сомнителни комуникации реализирани помеѓу лицата кои биле предмет на проверки и лица кои се блиски со обвинетиот или лица кои би можеле да ја спроведат информацијата до обвинетиот“, велат од Обвинителството од каде додаваат дека врз основа на повеќе параметри јавниот обвинител констатирал дека во конкретниот случај веројатноста дека на Мијалков му е соопштена информацијата дека против него се бара мерка притвор е многу мала.

Во текот на предистражната постапка, јавниот обвинител констатирал слабости во меѓуинституционалната и интерната комуникација на надлежните институции, но во оваа насока, јавниот обвинител смета дека ваквите дејствија немаат кривично-правна импликација од причина што недостасува кривично-правна последица.

Имено, иако обвинетиот бил недостапен на органите за прогон, сепак самиот доброволно се пријавил. Со тоа отпаднал кривично правниот елемент на кривичните дела Злоупотреба на службената положба и овластување или Несовесно работење во службата, а тоа е прибавувањето на некаква корист за друг или нанесувањето на штета, односно недостасува последицата неопходна за постоење на кривично-правна одговорност кај службените лица кои преземале службени дејствија.

Македонија

(Видео) Шилегов на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Скопје го направивме успешна приказна

Објавено пред

Заедно со вас граѓаните успеавме да создадеме едно сосема ново, едно поинакво Скопје да го претвориме Скопје во една сосема поинаква, успешна приказна, а таа приказна не завршува тука. Скопје денес е многу подобро од пред 4 години. И тоа е така затоа што Скопје го заслужува најдоброто. А најдоброто допрва следува, порача пред насобраните граѓани на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Тој додаде дека после 4 години вложување многу љубов, средства, волја и упорност, разликите се видливи

„Луѓе без визија и морал не затрупаа во камен, стиропор и бронза, служевме за потсмев во светот додека се буквално се гушевме од невкусот и криминалот и во загадениот воздух, што ни го оставија во аманет, а денес, после 4 години вложување многу љубов, средства, волја, упорност во секое маало, во секое катче од Градот убав, од нашето Скопје, разликите се видливи, разликите се неспоредливи, нагласи Шилегов, додавајќи дека токму тоа опозицијата најмногу ја боли и води црна пропаганда, која паѓа во вода кога се возат по новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош, до обиколница, кога возат велосипед на булевар АСНОМ, кога се движат по Никола Карев или пластичарска или Босна и Херцеговина“, рече Шилегов.

Тој наведе дека само минатата година се реконструирани и изградени вкупно 21 улица, сите 23 средни училишта во градот се реконструирани и сега имаат нови енергетски ефикасни фасади и прочистувачи за воздух во секоја училница.

„Бас рапид транзит системот на брз автобуски превоз популарно наречен „трамвај на тркала“ е на чекор од неговата имплементација. Со потпишувањето на договорот за заем од 70 милиони евра, со поддршка на Владата, процесот на воведување на БРТ во Скопје го доведовме до точка од која нема враќање. За 4 години ќе почне да работи на двата правци“, истакна Шилегов, додавајќи дека токму СДСМ во Скопје имплементира најбрз концепт за превоз на патници во Европа.

Според Шилегов, денеска никој веќе не зборува за загадување.

„Започнавме војна со аерозагадувањето со воведување на нови 40 мерки“, истакна Шилегов.

Тој додаде дека само со субвенциите за инвертер клима уредите во Скопје се заменети 6.500 грејни тела, изградени се 2 нови зелени кровови на ГТЦ и Домот на градежници, третиот на Мавровка се прави, а воведен е целосно нов концепт за третман на комуналниот отпад, дивите депонии и дивите паркиралишта ги претвораме во паркови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Чаир почна со отстранување на хаварисаните возила од јавните површини

Објавено пред

Општина Чаир во соработка со Јавното општинско претпријатие „Шкупи Вјетер“ денеска започна со отстранување на хаварисаните, оштетени и напуштени возила, приколки и слично од јавните површини на територија на општината.

„Претходно беа залепени писмени предупредувања на вкупно идентификувани 75 хаварисани возила и со тоа беше даден рок од 8 дена за нивно отстранување од страна на самите сопственици. По истекот на рокот од 8 дена од страна на општинските инспектори и службите на ЈОП ‘Шкупи Вјетер’ е направен увид и констатирано е дека 54 возила се веќе отстранети од самите сопственици“, соопштија од општината.

Со акцијата која започна денеска ќе се отстранат останатите 21 хаварисани возила.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев на трибината „Најдоброто“ во Скопје: Направивме сè, на ред е ЕУ да испорача

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва се обрати пред граѓаните на Скопје и ја отвори првата од караванот трибини „Најдоброто за нашата општина“.

Во воведниот дел од обраќањето, Заев се осврна на актуелната состојба со процесот на евроинтеграциите и надминување на нелогичните блокади на патот кон ЕУ.

„Ви носам поздрави од Париз, од главните градови на цела Европа, преточени поздрави во силна и искрена поддршка за нашата татковина чиј главен град е ова наше убаво Скопје. Скопје е гордо и почитувано кога Северна Македонија е горда и почитувана. За нас е многу важно што земјите членки на ЕУ, меѓу кои и Франција го поддржуваат процесот на интеграција во ЕУ. Пред нас е Самитот на Европскиот Совет во јуни, вистинска можност за чекор напред и за решение кое ќе ја оттргне блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решенија, а најважното просперитетно решение сега за нас е решението за почеток на преговорите, одобрен од сите земји членки на ЕУ“, рече Заев.

Тој истакна дека државата направила сѐ што треба во процесот на реформи и исполнување на критериумите и дека сега на ред е Европската Унија.

„Направивме се, сработевме, ги исполнивме сите критериуми, на ред е ЕУ да испорача. Подготвени сме за билатерален дијалог кој ќе донесе разумен и взаемно прифатлив договор во рамките на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија. Секако прашањата за македонскиот јазик и идентитет не се и не може да бидат на која било маса. Се бориме за иднината на земјата и ќе направиме се за неа. Да се бориш за својата земја, за својот народ, за својат град, општина, е привилегија, чест, одговорност“, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт4 часа

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион7 часа

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија8 часа

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија9 часа

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија10 часа

Регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од: Куманово – 5,...

Македонија10 часа

Еко-активистите бараат увид во извештајот за состојбата на исечените дрвја, Богдановиќ тврди дека биле стари и суви

Еко-активистите изразија револтираност од, како што велат, масакрот на дрвјава на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, направен вчера. Од...

Македонија10 часа

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое првпат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни...

Македонија11 час

Продолжен притворот на Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат...

Македонија12 часа

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД изразија поддршка за итен почеток на преговорите за Македонија и Албанија во ЕУ, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент,...

Македонија12 часа

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со...

Топ14 часа

Албански државјанин им дал мито на полицајците, кои во неговиот камион пронајдоа дрога вредна 200.000 евра

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил...

Свет14 часа

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца постари од три години

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, што ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба...

Свет15 часа

(Видео) Бајден: Ќе донираме половина милијарда вакцини за сиромашните земји и нема да бараме против-услуга

Американскиот претседател Џо Бајден, кој најави дека САД ќе донираат половина милијарда вакцини против Ковид-19 во 92 земји кои се...

Македонија15 часа

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит

Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит. Гимназијалците и оние од стручното образование, избираа помеѓу предметите...

Македонија15 часа

Успешно извршена четвртата трансплантација на срце

Рано утрово, срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Министерот за здравство,...

Македонија15 часа

Макрон: Лично сум вклучен да се најде решение со Бугарија

Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, време е да се конкретизира без да се губи...

Спорт1 ден

Пандев: Знаеме дека сите навивачи живеат со нас!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев во интервју за МТВ пред стартот на Европското првенство, вели дека сите во...

Свет1 ден

Затворска казна за Французинот што му удри шлаканица на Макрон

Судот во Франција денеска го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон на...

Македонија1 ден

Нови 18 заболени и еден починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 8,...

Регион1 ден

Европската комисија: Западен Балкан да се стрпи за слободно патување во ЕУ

Европската комисија го поздравува напредокот на земјите од Западен Балкан во однос на епидемиолошката состојба и вакцинацијата, но вели дека...

Досие