Контакт

Македонија

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмуз+“, Лидија Димова, и три други лица, осомничени за злоупотреба на милиони денари од европски фондови.

Четворицата се товарат дека причиниле штета од големи размери на доверените средства на европската заедница во вкупен износ од 25.334.543 денари.

„Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. Три лица како соизвршители се осомничени дека сториле кривично дело измама на штета на средства на европската заедница од член 249-а од Кривичниот законик, првоосомничената сторила и продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353 став 5 и став 3 во врска со став 1, а четвртото лице е осомничено дека сторило кривично дело несовесно работење во службата предвидено и казниво во член 353 -а став 1 од Кривичниот законик“, соопшти Обвинителството.

Во текот на денешниот ден Обвинителството до Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог за изрекување мерки на претпазливост за тројца осомничени.

Односно, заради обезбедување присуство и за непречено водење на кривичната постапка, Обвинителството му предложи на судот на осомничените да им определи мерки на претпазливост со обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Осквернавен споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид, МНР со осуда

Објавено пред

Осквернавен е споменикот на брегот на Охридското езеро, кој беше подигнат во спомен на бугарските туристи кои ги загубија своите животи во потонувањето на бродот „Илинден“, јави бугарската новинска агенција, БГНЕС.

Во трагичниот инцидент се удавија 15 бугарски туристи. На бродот имаше над 50 лица од Бугарија, кои патувале кон манастирот „Свети Наум“. Бродот „Илинден“ потона на 200 метри од брегот, на 5 септември во 2009 година.

Вечерва македонското Министерството за надворешни работи го осуди инцидентот.

„Министерството најостро го осудува вандалскиот акт на скрнавење на споменикот во Охрид. Надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме достоинствено да ја паметиме ова трагедија. Вратите на историскиот Охрид остануваат ширум отворени за сите туристи, а посебно се секогаш добредојдени нашите пријатели од соседна Бугарија“, се наведува во соопштението на македонското МНР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Објавено пред

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-431, Куманово-57, Дебар-14, Штип-41, Прилеп-60, Тетово-41, Струга-29, Велес-55, Битола-37, Охрид-37, Кавадарци-44, Гостивар-94, Гевгелија-14, Струмица-18, Крива Паланка-7, Радовиш-11, Крушево-8, Кочани-13, Пробиштип-2, Македонски Брод -2, Валандово-3, Виница-3, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-20, Кичево-15, Ресен-10, Неготино-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 819 оздравени пациенти од: Скопје-256, Куманово-57, Дебар-6, Штип-26, Прилеп-49, Тетово-50, Струга-13, Велес-42, Битола-42, Охрид-27, Кавадарци-33, Гостивар-52, Гевгелија-6, Струмица-29, Крива Паланка-5, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Берово-9, Валандово-6, Виница-11, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-17, Кичево-13, Ресен-2, Неготино-13.

Починати се 28 лица, девет пациенти од Скопје (54, 71, 80, 62, 86, 82, 70, 82 и 62г), четири од Куманово (76, 78, 69 и 85г), еден пациент од Дебар (82г), еден од Штип (61г), пет пациенти од Тетово (83, 72, 74, 62 и 64г), еден од Струга (57г), еден од Велес (70г), еден од Охрид (39г), двајца од Гостивар (69 и 53г),еден д Струмица (55г), еден од Кратово (74г) и еден пациент од Ресен (69г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 59701, бројката на оздравени пациенти е 36825, на починати е 1658, а бројот на активни случаи изнесува 21218. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 26140, активни 10211
• Куманово 3656, активни 938
• Дебар 454, активни 92
• Штип 2594, активни 551
• Прилеп 2903, активни 1060
• Тетово 3742, активни 963
• Струга 1391, активни 427
• Велес 1896, активни 718
• Битола 1932, активни 834
• Охрид 1543, активни 615
• Кавадарци 1187, активни 469
• Гостивар 2413, активни 896
• Гевгелија 708, активни 229 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 128 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1654, активни 588
• Крива Паланка 416, активни 120
• Радовиш 417, активни 114
• Крушево 126, активни 76
• Кочани 1215, активни 291
• Пробиштип 347, активни 82
• Демир Хисар 196, активни 91
• Македонски Брод 163, активни 45
• Пехчево 96, активни 26
• Берово 347, активни 89
• Валандово 204, активни 71
• Виница 365, активни 163
• Делчево 432, активни 188 (118 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 151, активни 59
• Свети Николе 807, активни 224
• Кичево 1218, активни 501
• Ресен 452, активни 194
• Неготино 536, активни 293 (59 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3084 теста се преку: ИЈЗ-940, ЦЈЗ Скопје-76, Авицена-246, Биотек-325, МАНУ -225, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Систина со PCR метода -194, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-33, Инфективна клиника-5, ГАК-11, Синлаб-40, Ремедика-21, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -759, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 325.959 тестирања на Ковид -19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 628
• Гази Баба – 1517
• Аеродром -1471
• Карпош – 1194
• Центар – 1144
• Кисела Вода – 1268
• Ѓорче Петров – 895
• Бутел – 588
• Шуто Оризари – 209
• Студеничани – 53
• Сарај – 166
• Арачиново -33
• Илинден – 259
• Сопиште – 60
• Чучер Сандево – 102
• Петровец –138
• Зелениково -82
• Странец – 197
• Нераспределен- 207

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во интервјуто за БГНЕС.

Антонијо Милошоски од протестот во Велес порача дека премиерот Зоран Заев дека треба да поднесе оставка и го опиша како „прилично неурамнотежена личност и политичар“.

„Многу граѓани стануваат секој ден посвесни дека со Заев нивниот живот станува потежок. Животот во Македонија станува потежок, понижувањата за Македонија за жал стануваат поголеми и затоа сметаме дека Македонија може да го направи првиот чекор напред и во еконосмка и во здравствена и во национална и во инвестициска смисла и во секоја друга кога Заев ќе падне од власт. И затоа нашата порака е време Заев да си даде оставка за државата да може да исчекори напред без разлика кој и каде политички припаѓа. Треба да се обединиме против еден човек којшто е прилично неурамнотежен и како личност и како политичар и да ја зачуваме Македонија и како држава и да овозможиме да се движи напред“, рече Милошоски.

Потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски вечерва беше на собирот во Куманово, од каде што порача дека никој не смее да тргува со нашиот идентитет, јазикот и кумановците.

„Овде имало многу луѓе што се бореле за Македонија, овде лежат многу коски на многу херои на Костурница, но се разбира и многу борци што се родиле но и поколенија што останале во Куманово и што се гордеат со овој град. Не може некој со изјави макар бил тој премиер на држава да се потсмева. Не може да се заборави секоја една капка крв што паднала во Куманово за борбата против фашистите, против окупаторот , а се разбира било за слободна Македонија. Затоа драго ми е што во Куманово се собираме да направиме протест но ги охрабрувам насекаде во државата, не само општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ туку сите граѓани да ни се приклучат дали со нивните возила, дали на било каков друг начин да посветат малку време да ја покажат нивната пркост бидејќи промените започнуваат од секој еден од нас“, рече Мисајловски.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски од протестот во Охрид порача дека историјата не може да биде прашање за кое што ќе се договараат двајца лидери на две држави, бидејќи не се решава со два потписи.

„Остро се спротивставуваме на договорот со Бугарија и укажуваме дека веднаш треба да се прекине. Суверинитетот на една држава се добива со признавање на другите држави. Ние сме признаена држава, меѓудругите и од Република Бугарија. Ама со добивањето на суверенитетот се добива и внатрешното уредување како да си го направи државата. Ние самите можеме да одлучиме за јазикот, може да одлучиме за историјата, за какви учебници во образование ќе имаме“, рече тој.

Во Кавадарци се обрати Рашела Мизрахи која рече дека Заев треба да знае оти никој нема мандат да ја допира нашата историја, јазикот и нашиот народ.

„Драги пријатели како и вие денеска и јас сакам да живеам во Македонија во која системот на вредности е многу различен од денешниот на Заев. Сакам да живеам во онаа Македонија во која го спознав животот, пријателите, училиштето и учењето, ја осознавав честа, угледот и достоинството, го научив единството и соживотот, во која учев македонската историја Јордан Пиперката , Даме, Питу, Каев, Гоце, Илинден и илинденците, во онаа Македонија која се гордеше на тврдокорните, онаа земја која се гордееше со партизаните, со сите кои за неа го дадоа и животот. Во земја за која од славното Кавадарци, Неготино и за жал денес разурнатото село Праведник излегоа бројни комити, но и партизани. Земја која толку многу ви должи за црнината во која беа вашите баби и мајки, за сите деца и младинци кои во војните ги закопавте. Па јас сум со корен кавадаречки, дел од фамилијата ми живее тука. Мојата баба видете Ризова Трајанка,Злата малата Мавче која по раст е мала, но голема по дела и храброст е баш оттука од Праведник. Мафче и бригадата Добри Даскалов добро му го налплатија секој грев на окупаторот. Мојот прадедо Димо Бошков е оттука, Илинденец, осакатен од Турците за Македонија живееше до 113 години и го закопавме Македонец“, рече Мизрахи.

Во Битола вечерва беше Владимир Ѓорчев, кој пак, рече дека Македонија се буди, се ближи крајот на лошите политики на Заев кои и наштетуваат на земјава.

„Повод за овој протест кој што го имаме во Битола денес е општото огромно незадоволство кое што владее во Македонија од политиките, изјавите и постапките на Зоран Заев. Значи, она што се случува во Македонија е навистина еден изворен и оправдан револт. Македонија никогаш не била попонижена. Македонија никогаш не била поопљачкана. И затоа Македонија се буди. Ова не е само партиски контекст, ова е општонароден контекст, ова се сите луѓе кои што силно, силно ја сакаат и ја љубат Македонија“, изјави Ѓорчев од Битола.

Во Прилеп зборуваше претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски, кој рече дека за власта ништо не е свето и таа гази и врз последната гордост на својот народ.

„Еве денеска прашувам од тука, каква е таа администрација која брутално и крвнички погубила 18 мина во масакрот кај Дабница? Од кого биле убиени народните херои Орде Чопела, Кире Гаврилоски, Борка Талески, Мирче Ацев, Кузман Јосифоски Питу, Вера Ацева, Борка Левата… и 650 жртви колку што дал Прилеп во НОБ? Дали според нив загинале залудно борејќи се за своја држава?“, рече Проданоски.

Додаде дека Прилеп е град херој и како таков ќе остане бранител на светите идеали.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Осквернавен споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид, МНР со осуда

Осквернавен е споменикот на брегот на Охридското езеро, кој беше подигнат во спомен на бугарските туристи кои ги загубија своите...

Македонија6 часа

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека...

Свет6 часа

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија8 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија9 часа

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија11 час

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија11 час

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија13 часа

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија15 часа

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија17 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет17 часа

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет18 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет18 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет18 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт19 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет19 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет19 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија1 ден

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија1 ден

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Досие