Контакт

Македонија

Обединети за Македонија: Поканата од НАТО треба да биде стимул за исполнување на условите

Објавено пред

Партијата Обединети за Македонија го поздрави добивањето покана за членство во НАТО.

„Ја поздравуваме одлуката за отпочнување преговори за приклучување на Република Македонија кон алијансата, нагласуваме дека Република Македонија вложи огромен напор, помина долг пат, но овој успех не смее да биде занемарен“, велат од партијата.

Секако, се додава во сопштението, дека прогресот не застанува овде. „Напротив, ова треба да биде најсилниот стимул за исполнување на конечните услови до конечниот триумф. Македонија во НАТО, рамо до рамо со најголемите и најмоќните“, велат од ОМ.

Македонија

Хуманитарен настан во Ѓорче Петров во чест на Марија Михајловска

Објавено пред

Од

Хуманитарен настан со поддршка од Општина Ѓорче Петров во чест на прерано починатата жителка на оваа општина Марија Михајловска ќе биде организиран утре во реонскиот парк.

Целокупната програма стартува од 12 часот на пладне со крводарителска акција во Центарот за култура во Ѓорче Петров, а продолжува вечерта од 19 часот и 30 минути со музички перформанс на повеќе изведувачи.
Средствата собрани од пијалаците вечерта ќе бидат донирани за Симона Николова од Скопје, која боледува од Фридрикова атаксија. Општина Ѓорче Петров ги повикува оние кои се во можност да присуствуваат на хепенингот, да ѝ оддадат почит на Марија и да бидат хумани, односно заедно да придонесат во лекувањето на Симона.

Михајловска пред две години на 28-годишна возраст загина во сообраќајна незгода. Со настанот, постхумно, утре ќе биде одбележан нејзиниот 30. роденден.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров во дводневна посета на Косово

Објавено пред

Од

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денеска се наоѓа во дводневна официјална посета на Косово.

Покрај средбата со својот домаќин, првиот заменик-премиер и министер за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, Димитров ќе биде примен и од претседателот Хашим Тачи, како и од претседателот на Владата, Рамуш Харадинај.

Се очекува разговорите да бидат посветени на прашања од билатералните односи меѓу двете земји, како и перспективите на натамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучително економската размена, трговијата и инфраструктурното поврзување.

Исто така, ќе бидат разменети и мислења околу перспективите на состојбите во регионот и неговото интегрирање во европските и евро-атлантските структури.

Прикажи повеќе...

Македонија

Викендов второ прскање против комарци во Скопје

Објавено пред

Од

Градот Скопје известува дека претстојниов викенд ќе почне втората дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на град Скопје.

Авионската дезинсекција на подрачјето на градот ќе се одвива в сабота и в недела во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција ќе почне в недела и ќе заврши најдоцна до четврток, во периодот од 23 до 4 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитров во дводневна посета на Косово

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денеска се наоѓа во дводневна официјална посета на Косово. Покрај средбата со својот...

Македонија12 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше...

Македонија13 часа

Власта бескомпромисна за амнестијата, од опозицијата велат дека не ни разговараат за тоа

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба рече дека нема да има амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Македонија14 часа

(Видео) Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача Мицкоски

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашање...

Македонија14 часа

(Видео) Заев: Броени се деновите до референдумот, решение за ДИК на следната лидерска средба

Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната...

Македонија14 часа

(Видео) Ахмети: Очекувам решение во наредните денови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба, рече дека постојат разлики меѓу партиите и дека очекува храброст од сите...

Македонија15 часа

(Видео) Касами: Државата е во критична состојба

Беса цени дека државата е во критична состојба и во сериозна позиција за да продолжи со процесот за евроинтеграции, изјави...

Топ15 часа

Обвинение за три лица што тргувале со малолетничка и сексуално ја искористувале

Основното јавно обвинителство денеска до надлежен суд поднесе обвинение против еднa жена за сторено кривично дело трговија со дете, а...

Топ15 часа

Власта бара гаранции за успешен референдум, опозицијата реагира дека дошле неспремни на лидерска

По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот. Според неофицијалните информации што...

sovetnicka, vlada, dolg sovetnicka, vlada, dolg
Македонија17 часа

(Видео) Советничка на Заев стопирала наплаќање долг кон приватна фирма, сопствениците ќе останат на улица

Петнаесет лица, сопственици на кумановската фирма „Кридеа“, стравуваат дека ќе станат  бездомници бидејќи испорачувале услуги за државната фирма „Економија Идризово“,...

Македонија17 часа

Власта и опозицијата едногласни – пратениците ја изгласаа Декларацијата за членство во НАТО

Со 76 гласа „за“, без „воздржани“ и „против“, пратениците ја изгласаа Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија...

Македонија18 часа

(Видео) Четворицата лидери пристигнаа на средбата во Клубот на пратеници

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца од власта. На средбата учествуваат...

Македонија19 часа

Нема фер пристап на референдумот ако цензусот се книжи како „против“

Поважно од карактерот на референдумот е фактот дали политичките партии ќе ги почитуваат резултатите, велат експретседателот на Собранието, Стојан Андов,...

Македонија19 часа

Села нема покана, Касами доаѓа на лидерска

Денешната лидерска средба, која е закажана за напладне, треба да се одржи во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца...

Македонија20 часа

Советот за етика бара Владата да го испита инцидентот со фоторепортерите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во...

Свет21 час

(Видео) Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските...

Регион21 час

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот...

Свет21 час

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени од страна на спасувачки тимови на вчерашната прес-конференцијата...

Европа21 час

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал...

Македонија1 ден

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев...

Досие