Контакт

Македонија

Облачно време со локални врнежи од дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмежи, информира УХМР. На места ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде помеѓу 6 и 11, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд, особено попладне кога е можна и појава на грмежи. Температурата ќе се движи од 9 до 18 степени.

И утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, а локално ќе има услови процесите да бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло.

Од понеделник во попладневните часови повторно се очекува појава на локален дожд и грмежи.

Македонија

Манчевски:Мора да ја подобриме сликата за функционирањето на јавната администрација

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски се обрати на 11-тата конференција за човечки ресурси, во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Како што подвлече министерот Манчевски, управувањето во човечкиот и интелектуалниот капитал, е од голема важност за следење на глобалните процеси и трансформацијата.

„Користењето на интелектуалниот потенцијал се овозможува преку креирање на соодветни структури и изнаоѓање на решенија кои ќе одговорат ефикасно на предизвиците. Во МИОА, свесни за важноста и улогата што ја имаат вработените во секторот човечки ресурси за поставување на основата за функционален јавен сервис, активно работиме на развој и унапредување на оваа професија. Постојат многу искуства кои јавниот сектор може да ги искористи од приватниот. Не се така едноставно применливи, но цврсто верувам дека ќе ја подобрат работата и на јавниот сектор. Во таа насока, во тек се подготовки за измени на ЗАС и ЗВЈС, кои на јавноста ќе и бидат презентирани на крајот на јуни“, истакна министерот Манчевски.

Осврнувајќи се на активностите кои МИОА, ги презема во контекст на развој на професијата човечки ресурси, тој зборуваше за мрежата за човечки ресурси и новата веб платформа за подобрена соработка и комуникација.

„На крајот на минатата година, ја реафирмиравме мрежата за управување со човечките ресурси. Мрежата претставува платформа за комуникација, координација и соработка. Целта е администрацијата да биде поблиску до граѓаните. Исто така, мрежата има за цел да обезбеди поддршка на политиките за обезбедување на еднакви можности за вработените во јавниот сектор. Сите сме свесни за критиките кои се адресираат на вработените во јавната администрација. Наша заедничка цел мора да биде да ја подобриме сликата што јавноста ја има за начинот на којшто функционира јавната админстрација. Работата на одговорните за човечките ресурси, е од особено значење во тој процес. Особено кога зборуваме за подобрување на испораката на услугите до граѓаните“, рече министерот Манчевски.

На крај тој ја потенцираше важноста од соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор, за развој на секоја област и професија. Само заедно може да обезбедат општоприфатени стандарди за работа, кои ќе придонсат за поквалитетна и поефикасна соработка.

Прикажи повеќе...

Македонија

Асфалтирани улици со површина од 4.000 квадратни метри

Објавено пред

Општина Аеродром во изминатиот период асфалтираше улици со површина од 4.000 квадратни метри.Станува збор за реконструкција и одржување на веќе постојни улици во Горно Лисиче и Мичурин.

Општина Аеродром соопшти дека и во наредниот период ќе продолжи со овие активности на ниво на целата територија на Општината, со цел подобрување на инфраструктурните услови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Неформален состанок на министри за животна средина на ЕУ во Букурешт

Објавено пред

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки присуствува на неформалниот состанок на министри за животна средина на ЕУ, кој денес и утре се одржува во Букурешт, Романија во рамки на романското претседателство со Советот на Европската унија.
Темите на кои министрите за животна средина од земјите-членки на ЕУ, земјите-членки на ЕФТА и земјите-кандидати за пристапување во ЕУ ќе дискутираат се поделени во три сесии.

Првата сесија е посветена на климатски промени, при што фокусот е на иновативните решенија и улогата на граѓаните кон иднина со ниска употреба на јаглерод, преку максимално искористување на можностите поврзани со начинот на живот, циркуларноста и просторното планирање. Посебно е потенцирана потребата од препознавање и зајакнување на граѓанскиот активизам заради неговата улога во инволвирањето на граѓаните во долгорочниот процес на декарбонизација на државата.

Втората сесија се фокусира на резултатите од глобалната проценка на услугите за биолошка разновидност и екосистеми со импликациите за ЕУ рамката и глобалната рамка за биодиверзитет по 2020 година што ја направи Меѓувладината научна платформа за биолошка разновидност и екосистемски услуги (IPBES).

Управувањето со водите и контрола на загадувањето со пластика и микропластика на теченијата на реките до морињата е третата тема на која министерите за животна средина ќе разменат мислења.На денешната средба во рамки на работниот ручек ќе се дискутира и за стратешки прашања и искуства во процесот кон прилагодување на патот кон ЕУ. Домаќини и ко-председавачи на состанокот се заменик на премиерот и министер за животна средина, Грацијала Леокадија Гаврилеску и министерот за води и шуми, Јоан Денеш.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста (Skopje Pride) за правата на ЛГБТ заедницата во земјава ќе се одржи на 29 јуни, информираа...

Македонија2 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Горан Трајковски во петокот доставил барање за престанок на функцијата директор на...

Европа2 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион3 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech3 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет4 часа

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа21 час

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија22 часа

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија23 часа

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ1 ден

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија1 ден

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада1 ден

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Европа2 дена

Демонстрантите во Виена го прославија колапсот на владејачката коалиција

На плоштадот меѓу седиштата на австриската влада и претседателот на Републиката вечерва илјадници луѓе го прославија колапсот на владејачката коалиција...

Европа2 дена

Курц најави предвремени избори во Австрија

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, предложи распишување на предвремени избори во земјата откако вицеканцеларот и негов коалициски партнер, Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе...

Европа2 дена

Принцот Вилијам зборуваше отворено за смртта на мајка му и менталното здравје

Британскиот принц Вилијам, неодамна говорејќи за смртта на својата мајка, принцезата Дијана, ја опиша тагата што ја почувствувал како болка...

Македонија2 дена

(Видео) Стоилковски: Богоевски на свој трошок да направи тест за наркотици и да поднесе оставка

Пратеникот Павле Богоевски итно сам да се повлече од пратеничката функција, а МВР и ОБвинителството сериозно да го истражат случајот,...

Македонија2 дена

Медиумите и социјалните мрежи со осуда за Павле Богоевски-сентимент анализа на „Макфакс“

Пратеникот Павле Богоевски и неговиот став за аферата со „пола кокаин или масло од канабис“ наиде на многу негативни оценки...

Топ2 дена

Се запали возило во дворот на МВР

Денес околу 10 часот во кругот на Министерството за внатрешни работи се запалило службено возило. Возилото е од марката „пинц...

Забава2 дена

Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма во евровизиското финале

Македонската претставничка, Тамара Тодевска вечерва ќе настапи осма по ред во финалето на годинешниот Евросонг, во Тел Авив, Израел. Тамара ќе...

Македонија2 дена

СДСМ: Усвоени законите за првосудството и за прекин на бременоста што ги кочеше Иванов

Собранието повторно ги усвои законите од правосудството и Законот за прекин на бременоста кои се во интерес на државата и...

Досие