Контакт

Македонија

Облачно време со температури дo 10 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено, информираат од УХМР.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе заврне локален дожд, а на планините снег.

Ќе дува слаб до умерен, а претпладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно облачно со умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Повеќе врнежи се очекуваат во понеделник кога дневната температура значително ќе се намали.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Објавено пред

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа во близина на мостот Гоце Делчев во центарот на Скопје во која загина пешак.

„Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка ‘бе-ем-ве’ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот“, соопштија од обвинителството.

По наредба на обвинителот ќе се врши обдукција на телото на починатиот, а од лицето кое управувало со автомобилот земени се примероци од крв и урина за да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства.

Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видеонадзорот на околните објекти со цел да се утврдат причините за несреќата.

Издадена е и наредба за технички преглед на автомобилот.​

Прикажи повеќе...

Македонија

Лекарската комора бара Фондот да ги повлече казните за матичните лекари

Објавено пред

Во интерес на пациентите, Лекарската комора бара Фондот за здравствено осигурување да ги повлече казните за матичните лекари и да најде решение кое е прифатливо за сите договорни страни.

Околу 1.000 матични лекари од почетокот на месецот добија казни за пропишување лек по истечен извештај од специјалист, за што рекоа дека е „прелевање на чашата“ и почнаа да се организираат за штрајк.

„Лекарска комора неколку пати досега реагираше до Фондот за здравствено осигурување со барање за повлекување на казните и нивно ревидирање, како и промени на казнената регулатива на ФЗО. Потенцираме дека сега матичните лекари повеќе отколку било кога не се во состојба да ги поднесат овие трошоци. Порачуваме дека во интерес на пациентите, здравствените работници и здравствениот систем е Фондот сериозно да постапи по овие реакции и во најкусо време да обезбеди решение кое е прифатливо за сите страни, бидејќи едностраното носење одлуки, без комуникација на договорните страни само ќе ги продлабочи проблемите кои постојат“, велат од Лекарската комора.

Од таму остро реагираат на моментот во кој се изречени казните, среде најголемиот притисок што го имаат матичните од почетокот на пандемија.

„Лекарската комора на Република Северна Македонија остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување, кое се случува во време во кое целиот здравствен систем, а особено докторите од примарното здравство се исцрпени од борбата со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Напомнуваме дека реакцијата се однесува на казните кои се изречени за административни пропусти во работењето и не се поврзани со пропусти во лекувањето“, велат од Комората.

Од таму нагласуваат дека апсурдно е лекарите да се казнуваат за административни пропусти. Најголем дел од лекарите пропишале лек на пациенти по извештај од специјалист со истечен рок.

„Матичните доктори во местата каде што нема специјалисти по одредени специјалности, лековите за хронична терапија кои требале да бидат пропишани врз основа на претходна препорака, односно медицински извештај од одреден специјалист, ги препишувале врз основ на медицински извештаи од специјалисти кои согласно режимот на препишување на лекови немале право да ги препишуваат. Ова се правело со цел да излезат во пресрет на потребите на пациентите“, објаснуваат од Лекарската комора.

На докторот приоритет му е обезбедување на континуитет во лекувањето на пациентите, сметаат од Комората и велат дека здравствената регулатива треба да биде во функција на овој приоритет. Лекарите се исцрпени од зголемениот интензитет на работа, а постоењето на нивните ординации од финансиски аспект е засегнато и со други негативни ефекти од кризата, како што е набавката на медицинска заштитна опрема која во целиот период на пандемијата е на нивен трошок, како и значително повисоките сметки за електрична енергија кои ги добиваат поради енергетската криза.

Казните за матичните лекари се од 15.000 – 75.000 денари, а има и такви кои по жалбата добиле само опомена. Од Фондот објаснија дека тоа зависи од видот на пропустот што го направиле. Дел од матичните лекари веќе известија дека си ги подигнале и ги платиле, но останаа на ставот дека револтот треба да го изразат преку штрајк.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски: Коридорот 8 го вративме меѓу врвните приоритети заедно со Бугарија

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Ејуп Рустеми, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), извршија увид на изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, со вкупна должина од 24,5 километри и вкупна вредност од 62,5 милиони евра, откако со бугарскиот колега Кирил Петков, при неодамнешните средби во Скопје и Софија се обврзаа да ги интензивираат работите за поскора реализација.

„Со колегата Петков многу време посветивме во разговор за важноста од Коридорот 8 и особено на патната инфраструктура, која во голема мера зависи од институциите и изведувачите. Се договоривме заедничката работна група во чија надлежност е патната инфраструктура, високо на својата агенда да го врати Коридорот 8 меѓу врвните приоритети на Европската Унија. На тој начин очекуваме поголема поддршка за целосна реализација и на патната и на железничката инфраструктура“, рече Ковачевски оценувајќи дека очекува поголема поддршка за целосна реализација и на патната и на железничката инфраструктура.

Притоа Ковачевски изрази охрабрување за силен интензитет на изградба на овој експресен пат, додавајќи дека и премиерот Петков се обврзал добро да провери што се случува со изградбата на патот од бугарската страна кај преминот Клепало кај Берово.

„Република Северна Македонија има стратешка определба за изградба и модернизација на Коридорот 8, како дел од Пан европските коридори што ја поврзуваат оската Исток – Запад и со инвестицијата се овозможува голем економски потенцијал и за овој дел од државата“, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изразувајќи задоволство од динамиката и реализацијата од над 70 проценти на експресниот пат, каде како што нагласи се дава дополнителен стимул во забрзување на градежните работи.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Рустеми, споделувајќи пообемни технички информации поврзани со изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка извести дека претходните проблеми се надминати.

„Идниот експресен пат Ранковце – Крива Паланка ќе има по една лента за возење и по една помошна лента за застанување во секој правец, со што значително ќе се скрати времето на патување меѓу Куманово и Крива Паланка“, истакна Рустеми, информирајќи дека во тек се градежни активности во зимски услови на втората делница.

Во овој дел од државата се отпочнати значајни проекти меѓу кои рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин, со вкупна должина од 32 километри, и вкупна вредност од 11,9 милиони евра и втората делница, која е веќе во завршна фаза и се очекува во скоро време да заврши.

Во изработка е проектната програма за проектирање на нов експресен пат Романовце – Страцин, којшто е планиран да се финансира од ИПА 3 инструментот и со сите овие рехабилитации, санации и изградби во регионот целта е да се добие комплетен Коридор 8, кој како главна артерија ќе биде безбеден и сигурен за учесниците во сообраќајот и инфраструктурно ја поставува Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ2 часа

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија2 часа

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ2 часа

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија3 часа

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет5 часа

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија5 часа

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет5 часа

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Свет6 часа

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот,...

Свет6 часа

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 350 милиони

Вкупниот број на потврдени случаи со Ковид-19 ширум светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати надмина 5,6 милиони, соопшти...

Регион18 часа

Возачот е виновен за автобуската несреќа на „Струма“, заклучи бугарското Обвинителство

Бугарското Обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик-главниот обвинител Борислав...

Регион19 часа

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Македонија21 час

Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет21 час

(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати. Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се...

Македонија22 часа

Ковачевски – Радев: Преку дијалог да дојдеме до решенија што ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички...

Европа24 часа

Oд 1 февруари нови правила за патување во рамки на ЕУ

Советот на ЕУ усвои ревидирана препорака за мерките кои влијаат на слободното движење за време на пандемијата Ковид-19, според која...

Македонија1 ден

Кривични за градоначалникот Пецаков и секретарот Китески, место да се изолираат отишле на прославата на Водици

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој по тестирањето за Ковид-19 не се...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски и Петков задоволни од меѓувладината седница и плановите на петте работни групи

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков на прес-конференцијата од крајот на заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија...

Македонија1 ден

Почина маестро Александар Џамбазов

Денеска во Скопје на 85-годишна возраст почина диригентот и композитор Александар Џамбазов, објави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). „Сојузот...

Македонија1 ден

Милошоски: Османи во Собранието да ги презентира македонските одговори на бугарските барања

Со писмо упатено до министерот за надворешни работи бараме да дојде пред Комисијата за надворешна политика во Собранието и да...

Досие