Контакт

Македонија

Облачно и нестабилно со пороен дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи, посебно попладне во западните и јужните делови на земјата.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 9 степени, а дневната од 9 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со локален пороен дожд и грмежи. Утринската темпеаратура ќе достигне 7 степени, а дневната до 17 степени.

До вторник ќе се здржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, а во попладневните часови процесите локално ќе бидат поинтензивни. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат и ќе преовладува посончево и потопло време.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Димитров од Париз: Северна Македонија има заслужено место во визијата на Франција за иднината на Европа

Објавено пред

Со средбата со државниот секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Клеман Бон, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денес во Париз ја започна дводневната посета на Франција, прва посета на земјата по формирањето на новата Влада.

Централна тема на разговорот беше француската поддршка во контекст на успешното заокружување на нашата европска приказна годинава.

„ Принципелната француска поддршка изразена и преку обновениот пристап за преговори, е уште еден значаен елемент во клучниот период за усвојување на документот кој ќе го овозможи почетокот на преговорачкиот процес оваа година. Елемент кој ни дава за право да веруваме во успехот што ѝ треба и на Европа“ -истакна Димитров, потенцирајќи ја улогата на Франција како еден од стожерите на Унијата.

„ Колку поскоро земјите членки ќе постигнат консензус за Преговарачката рамка, толку побрзо ќе може да ја отпочнеме последната фаза од пристапните преговори и од успешната трансформација на нашето општество. На овој начин ќе се испрати позитивен сигнал и на регионот дека европеизацијата е единствениот пат за темелно зајакнување на демократските процеси и овозможување на економски раст и развој, а со тоа и подобрување на животниот стандард за граѓаните – порача вицепремиерот Димитров од Париз.

Соговорниците се согласија дека со усвојувањето на рамката и одржувањето на првата Меѓувладина конференција ќе се валоризираат сите напори и успеси што ги постигнавме изминатиов период и од аспект на реформите, но и во однос на затворањето на билатералните прашања со соседите. „Достигнување на Северна Македонија, но успех и на Европската Унија и нејзините земји членки” – заеднички констатираа Димитров и Бон.

Од француска страна беше реафирмирана подготвеноста за помош во реализирањето на она што ќе претставува заеднички успех и дека преговорите ќе ја следат новата методологија која што ќе придонесе за зајакната политичка димензија и предвидливост на процесот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре без вода делови на Центар

Објавено пред

Од ЈП „Водовод и канализација“ добивме известување дека утре, поради дефект на затворач од Ф 200 мм на булеварот Кочо Рацин бб, во периодот од 8 часот па сè до санирање на дефектот, без вода ќе останат дел од корисниците од булеварот Кочо Рацин, како и дел од корисниците од улиците Пролет, Стив Наумов и Тетовска (општина Центар).

Прикажи повеќе...

Македонија

Евромбасадорот Дејвид Гир на средба со претставници од ЛГБТИ+ заедницата

Објавено пред

По повод одбележувањето на 8-годишнината од ЛГБТИ-центарот за поддршка, денес, во социјалниот простор „Комитет“ се одржа средба помеѓу амбасадорот Дејвид Гир и активистите што се борат за правата на ЛГБТИ+ заедницата во земјата, обединети во Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија (НМХТ).

Заедничката средба отвори можност за дискусија на важните теми на денешницата, како за донесувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација и процесот на интеграција во ЕУ, но и за некои достигнувања преку напорната работа во минатото.

Амбасадорот Гир ја истакна важноста на законот за антидискриминација, што треба да се донесе, но и на Комисијата за заштита од дискриминација, што треба да резултира со назначување професионалци што ефикасно ќе ја подигнат свеста и ќе ги заштитат сите граѓани од дискриминација. Понудена беше ЕУ-помош на властите и на граѓанските организации во подобрување на правната рамка и практиките кон ЛГБТИ-луѓето. Сепак, во наредниот период поголемите и здружени напори ќе бидат од клучно значење за значително да се подобри почитувањето на човековите права на ЛГБТИ-луѓето, беше оценето на средбата.

„Во процесот на промовирање и борба за правата на ЛГБТИ-заедницата, особено се важни силните сојузници и поддршката, особено какви што имавме со претходното Собрание преку интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ. Оваа група беше една од најактивните и најуспешни групи во Собранието во последните неколку години и ние посветено работиме за повторно да ја формираме групата во рамките на новиот состав на Собранието“, беше посочено од страна на активистите.

„Во последните неколку години подобривме дел од законската рамка, но, за жал, доживеавме и процеси во кои правата на ЛГБТИ не беа високо на политичката агенда и останаа да чекаат подобри времиња. Донесен беше закон за спречување и заштита од дискриминација, кој првпат обезбеди заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, но исто така се соочивме и со негово укинување. Доживеавме слаба имплементација на Кривичниот законик во заштитата од злосторства од омраза засновани на сексуална ориентација и родов идентитет, неказнивост за говор на омраза кон ЛГБТИ-луѓето и недостиг на низа законски решенија, што соодветно ќе ги адресираат проблемите и потребите на оваа заедница“, кажаа учеснците.

Активистите се обврзаа дека и покрај сите предизвици, ќе продолжат да работат секојдневно за подобрување на состојбата со правата на ЛГБТИ во земјата и животот на луѓето од заедницата.

Тие оценија дека средбата е добар прв чекор за соработка и заеднички напори во обединетата борба за еднаквост на сите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија3 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Наука4 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија5 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија5 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија6 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија6 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион6 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион7 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет7 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет8 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа8 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија16 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет19 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа20 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија22 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија1 ден

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија1 ден

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа1 ден

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 ден

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Досие