Контакт

Македонија

Облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено попладне во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Утринската температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб и умерен ветер од североисточен правец.

Во вторник ќе биде променливо облачно и свежо, во утринските часови со локален слаб дожд. Потоа во наредните денови ќе има пораст на температурата.

Македонија

Казнети 365 лица за неносење маска

Објавено пред

Во последните 24 часа, полицијата казнила 365 лица за неносење заштитна маска.

„Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 365 прекршоци“, соопштија од МВР.

Министерството  апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Правилната употреба на заштитна маска е клучна во справувањето со ковид-19

Објавено пред

Во земјава задолжително е носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можност за одржување на дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари, отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично. Важно е маската да се употребува секогаш кога не може да се одржи потребното растојание и како што е дефинирано во протоколите – и на работни места, состаноци, обуки, конференции, настани и собири на отворено, на плажи и слично.

Правилната употреба на маската или прекривката за лице е клучна за ефикасно спречување на ширење на вирусот.

Пред употреба, потребно е рацете да ви бидат чисти, претходно измиени со сапун и вода (во времетраење од 60 секунди) и откако добро ќе ги исушите да ги дезинфицирате со дезинфекционо средство (во времетраење од 20 секунди) на база на алкохол, па потоа да ја наместите маската. На горниот дел од маската има метален адаптер кој треба да го притиснете со што ќе ја адаптирате маската прилагодувајќи ја истата на носот, а со ова ќе ја прилепите за лицето со што целосно ќе ги прикриете устата и носот.

По употреба, внимателно отстранете ја маската ластикот на едниот крај кај увото према другата страна со што помалку допирање на истата. Маската треба да се фрли во отпад со капак со што ќе се заштити и околината од можно дополнително ширење на вирусот. Потоа, повторно измијте ги и дезинфицирајте ги рацете, како на почетокот.

Доколку користите платнена маска/ прекривка за лице внимавајте да бидат целосно покриени носот и устата, не ја допирајте од предната страна со раце и во случај да се намокри или извалка променете ја со нова. Маските за повеќекратна употреба мора да се перат по секоја употреба, ставањето и отстранувањето на маската мора да биде проследено со соодветна хигиена на раце.

Клучно за справување со вирусот е доследно да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од страна на секој граѓанин – носење на лична заштитна опрема – маска, одржување на растојание од 2 метри, честа хигиена и дезинфекција на раце.

Прикажи повеќе...

Македонија

Облачно време со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето денеска ќе биде претежно облачно со чести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Во текот на денешниот ден, како и во текот на ноќта, повторно се очекува да наврне поголема количина воден талог, на места над 35 литри на квадратен метар. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Во наредните денови ќе продолжи период на променливо облачно, нестабилно и посвежо време, со повремени врнежи од дожд и грмежи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе за коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет2 часа

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет2 часа

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет2 часа

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет16 часа

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет16 часа

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет17 часа

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на ковид-19, што е далеку од колективен умунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион17 часа

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет18 часа

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија22 часа

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Македонија22 часа

Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент...

Топ22 часа

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се...

Свет23 часа

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија24 часа

Министерството за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет1 ден

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет1 ден

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Македонија1 ден

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и влада што движи бргу напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет1 ден

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите што ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, а повеќе...

Македонија1 ден

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Досие