Контакт

Македонија

Облачно со врнежи од дожд и снег

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи претежно од снег, а кон крајот на денот поради затоплувањето, на места врнежите ќе преминат во дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен снег. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а кон крајот на денот ќе бидат од дожд. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

Македонија

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија, поради позитивен колега – странец

Објавено пред

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран од денес се во изолација. Министерот за здравство Венко Филипче извести дека полицаец од Унгарија кој бил на служба на границата со Грција, имал позитивен тест на коронавирус.

„ Има информација за позитивен полицаец од граничната полиција од странство кој по враќањето во Унгарија е позитивен. Направени се анкети и триесетина странски полицајци кои се на нашата јужна граница и триесетина наши кои биле во контакт денес се тестирани. Завршени се епидемилошките анкети и на полицајците им се дадени решенија за изолација“, рече министерот Филипче.

Македонско – грчката граница ја чуваат околу 120 мешани полициски тимови во рамки на Фронтекс. На почетокот на пандемијата, во март, својот тим од десетмина полицајци во Гевгелија го повлече Србија поради коронавирусот, а претходно го повлече и тимот кој работеше на Табановце.

Прикажи повеќе...

Македонија

Автобусите 3, 3А, 3Б и 23 во Ново Лисиче сообраќаат по редовната траса

Објавено пред

Од денеска автобусите од јавниот превоз на линиите 3, 3А, 3Б и 23 во Ново Лисиче сообраќаат по редовната траса, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Во изминатите осум месеци, поради градежни работи во посочениот реон, возилата возеа по изменета траса, односно беа пренасочени по булеварот Србија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Чаирскиот градоначалник позитивен на Ковид-19

Објавено пред

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, преку социјалните мрежи соопшти дека е позитивен на Ковид-19.

„По извршениот тест вчера, сакам да ве информирам дека резултатот е позитивен“, напиша Ганиу на „Фејсбук“.

Тој вели дека длабоко се извинува и изразува жалење до сите со кои имал контакт изминатиов период.

„Од оваа положба уште еднаш апелирам и ве молам за внимание, почитувајте ги заштитните мерки и препораките“, се вели во објавата на чаирскиот градоначалник.

Ганиу вчера потврди дека е во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија, поради позитивен колега – странец

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран од денес се...

Македонија2 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија2 часа

67 новозаразени, еден починат и нов кластер во Тетово

Во последниве 24 часа од 868 тестови, регистрирани се 67 позитивни пациенти на коронавирусот, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. Еден...

Македонија2 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија3 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион5 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија6 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион6 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет7 часа

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет8 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт8 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа8 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет9 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет20 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет20 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија21 час

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија1 ден

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија1 ден

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија1 ден

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Досие