Контакт

Македонија

Објавени условите за добивање субвенции за инвертери

Објавено пред

Град Скопје како една од мерките против загадувањето на воздухот набргу ќе распише јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертери и други современи уреди за затоплување. На јавниот повик ќе се прифаќаат фискални сметки за купен инвертер од 1 јануари 2019 година, граѓаните ќе може да аплицираат на јавниот повик од март, а исплатата на средствата ќе се врши по завршувањето на претстојните претседателски избори.

Сите граѓани на Скопје кои имаат фискални сметки за купување инвертер во 2019 година и кои ги исполнуваат посебните услови за учество на јавниот повик од 1.3.2019 година ќе имаат можност да аплицираат за субвенции на инвертери. Субвенционирањето на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на посовремени уреди за затоплување за 2019 година ќе се финансира од буџетот на Град Скопје за 2019 година. Висината на субвенцијата ќе биде во износ од 50 отсто од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

За надоместување на дел од трошоците, барателот треба да ги исполнува следниве критериуми:

I. Право на учество:
Право на субвенционирање дел од средствата за купување инвертери во 2019 година имаат физички лица жители на град Скопје (општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари) и кои ги исполнуваат следниве услови:
- да има живеалиште на подрачјето на град Скопје (општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај Центар, Чаир и Шуто Оризари),
- инвертерот да го купил во 2019 година сè до завршување на јавниот повик, односно исцрпување на средствата од буџетот на Град Скопје за субвенционирање за купување инвертери,
- да нема искористено субвенции од кој било извор во Република Македонија за затоплување на своето домаќинство (станбен објект),
- до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
- станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
- да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи,
- да има платено данок на имот за станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, заклучно со 2018 година.
(1) Само едно лице од домаќинство може да поднесе едно барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на еден уред.

II. Услови за учество:
При разгледување на барањата за субвенционирање предвид ќе бидат земени оние во кои подносителот ги исполнил следниве услови:

- доставил пополнет образец за јавниот повик за доделување субвенции за набавка на посовремен уред за затоплување,
- доставил доказ дека е жител на град Скопје, што се докажува со фотокопија на личната карта,
- доставил доказ во оригинал дека е извршено купување во 2019 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата,
- доставил фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут што ја користел,
- доставил фотокопија од трансакциска сметка и
- доставил потврда за платен данок на имот за станбениот објект заклучно со 2018 година.

III. Објавување на јавниот повик

Јавниот повик ќе биде објавен на 1.3.2019 година, а ќе трае до 30.11.2019 година, односно до исцрпување на средствата за оваа намена.
Купувачот на уредот за затоплување барањето за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје, на адреса булевар Илинден број 82, во архивата на Град Скопје (барака 16), секој работен ден од 8.30 до 15 часот.
Јавниот повик ќе се реализира по принципот прв дојден, прв услужен.

Македонија

Министерств за образование: Ги поддржуваме барањата на синдикатите за унапредување на правата на вработените во образованието

Објавено пред

Министерството за образование и наука соопшти дека ги поддржува барањата на синдикатите за унапредување на правата на вработените во образованието. Оттаму велат дека правото на работниците да се организираат преку синдикални организации и да го изразуваат незадоволството од одредени состојби, мерки и активности е уставно гарантирано.

„Јавноста знае дека минатата година платите на вработените во образованието од месец септември беа зголемени за 5%, додека следната фаза, односно следното покачување е предвидено веќе од следниот месец, со опфат на вработените во основното, средното и високото образование. 

Станува збор за реален и остварлив план кој е проектиран согласно буџетските можности. Планот, односно предвидените мерки беа презентирани пред синдикалните организации пред да започне нивната имплементација, за што синдикалните организации истакнаа позитивен став и барање овој позитивен тренд односно заложба за подобри услови и можности за работа да продолжи и во иднина, што секако е прифатено и се спроведува од институциите на системот“ се наведува во соопштението.

Дополнително, информираат дека континуирано се реализира процесот на трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време согласно доставените барања од страна на локалните самоуправи. Исто така додаваат дека континуирано се инвестира и во унапредувањето на образовната инфраструктура, а со цел обезбедување на подобри услови за образовниот процес на учениците, но и подобри услови за работа на наставниците.

„Веќе е усвоен целосно нов Закон за основно образование кој обезбедува повеќе права и можности за учениците и наставниците, како и Закон за наставници и стручни соработници во основното и средното образование, кој за прв пат им овозможува да напредуваат во звања и за тоа да добиваат повисоки лични примања. 

По однос на недостигот на кадар по предметите математика, хемија и физика, информираме дека Министерството за образование и наука ја има детектирано состојбата и во таа насока веќе неколку години се доделуваат стипендии во вредност од 18.000 денари на месечно ниво за студенти кои ќе се запишат на студиски програми од овие области, со цел обезбедување на кадар кој потоа ќе пренесува знаење на основците и средношколците“ објаснуваат од министерството. 

Оттаму уверуваат дека соработката и социјалниот дијалог со синдикалните организации ќе продолжи и во периодот што следи, преку инклузивен сеопфатен пристап во дефинирањето на сите следни мерки, проекти и активности кои директно ги тангираат вработените во образованието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Градежни активности на булеварот Кочо Рацин и улицата Индира Ганди

Објавено пред

Екипи на Град Скопје, вечерва од 19 часот, почнуваат со градежни активности за реконструкција на крстосницата на булевар Кочо Рацин со улицата 11 Октомври (кај Црвен крст).

Градежните работи ќе се одвиваат непрекинато во наредните 36 часа, со цел во понеделник наутро раскрсницата целосно да е проодна и сообраќајот да се одвива без застој во центарот на нашиот град.Реконструкцијата на целиот булевар се очекува да заврши во текот на следната недела.

Поради градежни работи – изведување на прекопи од страна на екипи на ЈП „Водовод и канализација“, улицата Индира Ганди денеска (17.08.2019 година, сабота) од 22 часот ќе биде затворена за сообраќај до 05 часот на 18.08.2019 (недела).

Градот Скопје ги замолува граѓаните за разбирање додека траат градежните активности и упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ветерот го отежнува гаснењето на пожарот кај Буковиќ, гори дабова шума

Објавено пред

Ветерот и тешко пристапниот терен го отежнуваат гаснењето на пожарот кој изутринава околу 10 часот избувна на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена е дабова и деградирана шума.

Гори поголема површина, а во гаснењето на пожарот се вклучени три противпожарни возила. Силниот ветер влијае на неконтролирано ширење на пожаро на сите страни. Засега нема опасност од негово приближување кон селата. Во гаснењето на пожарот е вклучено и месното население. е вклуч

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 часа

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ5 часа

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет5 часа

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет7 часа

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет7 часа

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура7 часа

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија8 часа

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија9 часа

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија23 часа

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ1 ден

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Македонија1 ден

(Видео) Рустеми: Ако чувствував влијание од Јанева за моето сведочење, ќе пријавев

Бурим Рустеми вели дека одговорил на сите прашања од обвинителството поврзани со случајот „Рекет”. Тој не сакаше да каже дали...

Топ1 ден

Загина 26-годишен тетовец на патот Гостивар-Тетово

Дваесет и шестгодишен жител на селото Топлица, Врапчиште, синоќа загинал во сообраќајна несреќа, откако изгубил контрола на возилото и излетал...

Македонија1 ден

Битолчанец го враќа сонцето од Кутлеш на шахтите

Битолчанец ги враќа отстранетите ѕвезди од Кутлеш на шахтите во градот кои беа отстранети според преспанскиот договор. Тој направил шаблон...

Свет1 ден

Трамп сака да го купи Гренланд

Претседателот Доналд Трамп сака да го купи Гренланд. За ваквата намера тој во повеќе наврати контактирал со данската влада, а...

Свет1 ден

Северна Кореја повторно лансираше две ракети што паднаа во море

Северна Кореја повторно истрела две балистички ракети со краток дострел кон источниот брег на земјата, соопштија официјални лица на Сеул,...

Европа1 ден

Пронајден цртеж на Да Винчи што бил сoкриен 500 години под неговото ремек-дело

Откриен е цртеж на Леонардо да Винчи, сoкриен повеќе од 500 години под една од неговите најпознати слики „Богородица во...

Регион2 дена

Грција се бори со шумските пожари, гори на неколку острови

Грчките власти испратија засилувања на пожарникарите кои се борат со голем шумски пожар во природен резерват на островот Евија, додека...

Европа2 дена

Шест европски земји ќе подадат рака за спас на 147 мигранти

Премиерот на Италија Џузепе Конте изјави денеска дека шест европски земји сакаат да ги преземат 147 мигранти кои се блокирани...

Свет2 дена

Киев и ЕУ се лути, Русија им нуди државјанство на три милиони Украинци

Киев и ЕУ се лути, откако Русија им нуди државјанство на околу три милиони Украинци од регионот на границата со...

Свет2 дена

(Видео) Кремљ ќе ги одликува пилотите херои кои слетаа избегнувајќи јато птици

Кремљ ќе им додели државни одликувања на двајцата пилота кои успешно принудно слетаа со патнички авион во кој имало 233...

Досие