Контакт

Македонија

Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Сарај

Објавено пред

Утрово во експозитурата на НЛБ Банка во општина Сарај се случил грабеж од страна на вооружена група разбојници, информираат од банката.

Од таму додаваат дека во моментот на грбежот во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, кои сега се безбедни и во добра состојба.

„Претставници на банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во филијалата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план“, велат од НЛБ.

Во моментов сѐ уште нема детали за висината на направената штета.

Органите вршат увид на местото на настанот и се во блиска соработка со раководството на банката за што побрзо и ефикасно разрешување на случајот и разоткривање на деталите.

Од НЛБ Банка додаваат дека средствата на клиентите се сигурни бидејќи банката има осигурување на целиот свој имот и средства.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Ѓорѓиевски: Заев е главата на октоподот, тој мора да падне, повик за марш во 18 часот пред ЈО

Објавено пред

Зоран Заев три години владее криминално и деспотски во Република Македонија. Тој е главата на октоподот, кој штелува обвиненија, диктира пресуди и мести милионски тендери во исто време, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев нарачува, Врховен извршува, а Катица Јанева е запознаена за се. Сите чувме како без Заев не може да помине одлука на Врховен суд. Како без Заев, Катица ништо не правела, како без Заев судскиот систем не може да одлучува самостојно.

Аудио снимката пуштена во јавност е доказ дека во изминативе три години во Македонија нема поделба на власта на извршна, законодавна и судска. Имало еден човек кој бил се, тоа е Зоран Заев, главата на октоподот, шефот на мафијата во Република Македонија. Ова не е европска иднина.

Ова е само еден од редицата случаи во кои Заев директно се вмешал. За други случаи како што вели и тој самиот судиите кои ги притискал веќе знаат како размислува и носеле одлуки по негов терк и без да прашаат.

Ова е причината поради која угледниот магазин ЕКОНОМИСТ ја прогласи Република Македонија под Заев за хибриден режим. Криминалот, корупцијата и рекетот мора да запрат. Македонија нема повеќе време за губење.

Ве повикуваме сите граѓани на Република Македонија, кои не сакате криминалот да продолжи да царува да ни се приклучите на протестниот марш организиран од ВМРО-ДПМНЕ во 18 часот кој започнува од пред ЈО на платото на МОБ, до Врховниот суд на Република Македонија“ порача Ѓорѓиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Објавено пред

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не можел да оди па го симнувале во количка. Неподвижната жена со брза помош е пренесена во болница. Пожарот е изгаснат, а предизвикана е само материјална штета.

Командантот на скопската противпожарна бригада, Владимир Симоновски, вели дека една екипа пожарникари го гасела пожарот, а друга ги извлекувала луѓето од станот. Симоновски вели дека  огнот се раширил од плинска боца на која вареле кафе.

„Мажот варел кафе на плинска боца. Се потпалил чаршафот и од таму огнот се раширил насекаде. Во соседната соба беше неподвижната жена, живее на дијализа со  апарати приврзани за неа. Ја извлековме, докторите ја прегледаа и утврдија дека ѝ треба дополнителна помош. И мажот се пожали дека не може да оди, рече дека не му функционираат нозете поради стресот. Тој е подвижен, прво го изнесовме на балконот, а потоа го симнавме. Во станот имаше петмина“, изјави командантот Симоновски.

Од чадот во паника биле и други станари на зградата. Симоновски вели дека и покрај препораките во случај на пожар да не се користи лифт, станарка од зградата тргнала да излегува и се заглавила во лифтот па пожарникарите и неа ја спасувале.

Материјална штета од пожарот, Симоновски вели, има само запалениот стан. Станот до него го провериле и таму немало оштетувања, а на станот над опожарениот само прозорците биле поцрнети од чадот.

Командантот Симоновски вели дека опожарениот стан на булеварот АСНОМ бил од четириесетина квадратни метри и преполн со мебел, па главна грижа им било да ги спасат луѓето и да не дозволат огнот да се прошири во другите станови од зградата.

Пожарот го гаселе 18 пожарникари со пет возила, а пристигнале и две возила на Итна помош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Патник од Дубаи заврши на Инфективна клиника, се прават тестирања за коронавирус

Објавено пред

Пред неколку часа на Инфективната клиника во Скопје е примен пациент кој пред неколку дена допатувал од Дубаи, каде што престојувал шест дена. Лицето кое имало симптоми на грип се наоѓа на Инфективната клиника, каде што се прават теститирања за коронавирус, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

„Пред неколку часа е примен еден пациент кој минал шест дена во Дубаи, има симптоми на грип и за околу 2-3 часа ќе бидат готови резултатите“, рече Филипче и додаде дека се пристапува со целото внимание како за сомнителен случај заболен од коронавирус.

Филипче апелираше до сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувствуваат некои од симптомите да не се шетаат низ здравствените установи, туку да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје. Според министерот, здравствениот систем е подготвен и оти располага со доволен број кревети, маски, мантили и скафандери.

Вчера исто така со симптоми на грип на Инфективната клиника се јавило лице кое слетало од Милано, но тестирањата за коронавирус се покажаа негативни. Патникот е тестиран и нема коронавирус. Тој имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна.

Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, по што му се направени тестови согласно утврдениот протокол.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Патник од Дубаи заврши на Инфективна клиника, се прават тестирања за коронавирус

Пред неколку часа на Инфективната клиника во Скопје е примен пациент кој пред неколку дена допатувал од Дубаи, каде што...

Топ2 часа

Пожар во стан во Ново Лисиче, пожарникарите извлекуваат неподвижна жена

Пожарникари од скопската противпожарна бригада извлекуваат луѓе од запален стан во зграда во Ниво Лисиче. Командантот на противпожарната бригада, Владимир...

Актуелно2 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија2 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион3 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт5 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија5 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет5 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет15 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт16 часа

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет16 часа

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија18 часа

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет20 часа

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа21 час

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија23 часа

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Свет1 ден

Шведска – земја во која пратениците немаат привилегии, дури и кафето го плаќаат од својот џеб

Народните избраници во Шведска имаат право на канцелариски простор од седум квадратни метри, мали станови за службени лица и строги...

Македонија1 ден

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија1 ден

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија1 ден

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Досие