Контакт

Македонија

(Видео) Оградата се отстранува, граѓаните ќе одлучат што ќе се прави со железото

Објавено пред

Откако во вторникот на владина седница беше изгласано да се отстрани железната ограда околу Влада, денеска работниците почнаа со вадењето.

Оградата ќе биде ставена во депо, а што ќе се прави со неа, ќе одлучи Владата со граѓаните на дебата.

Од Владата велат за отстранувањето не се трошат пари од граѓаните, туку се користат внатрешните ресурси, односно постојаните капацитети на службите во рамки на Владата.

Одлуката за отстранувањето на оградата беше донесена со цел, како што беше наведно, да се ослободи целосно јавниот простор околу владината зграда, за да биде достапен за користење од страна на граѓаните.

Отстранувањето на оградата беше најавено уште во предизборието од страна на владејачкиот СДСМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Објавено пред

Општина Охрид ја започна најавената акција за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на општината, во согласност со законските процедури и Акцискиот план за постапување по препораките од последниот состанок на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Според предвиденото, во акцијата за уривање, паралелно ќе бидат отстранувани дивоизградени објекти кои што се во тек на израдба и оние дивоградби кои се опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти, кои се изградени во периодот од 2006-та до 2019-та година.

На почетокот, ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки и акцијата за уривање ќе ги опфати сите физички или правни лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на општина Охрид.

Во рамки на акцијата, денес се спроведува отстранување на дивоизграден објект на улицата „Марко Нестороски“ број 144, во согласност со Решението за отстранување ИП-1 бр. 36-843 од 13.09.2019 година и Заклучокот за дозвола за извршување ИП-1 бр. 36-843 од 19.09.2019 година. Се работи за дивоизграден објект во сопственост на физичко лице, кој е во фаза на карабина. Димензиите на објектот, врз основа на направениот записник се 10,45 метри на 12,50 метри во вкупна бруто површина од 130, 6 м2. Предметниот објект е лоциран на КП 10426/1 КО Охрид 2 и се градеше без одобрение за градење.

Општина Охрид е сериозно посветена на успешноста на целокупната акција за отстранување на дивоградбите и уште еднаш ги повикува сопствениците на дивоизградени објекти, да постапат согласно добиените решенија за отстранување на градбите. Во спротивно отстранувањето ќе го изврши општината, а трошоците за отстранување, ќе ги сносат лицата кои се задолжени во решенијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Објавено пред

Денешното рочиште за случајот „Тотал“ каде обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ Латас, е одложено за 17. октомври поради отсуство на член на судечкиот совет.

Предметот сѐ уште се наоѓа во доказна постапка.

Латас во случајот „Тотал“ е обвинет за даночно затајување како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје.

Според обвинението, во периодот од 2008. до 2015. година заедно со правни лица, со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави, давале лажни податоци.

Како што велат од обвинителството, правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За 4 години СЈО испумпа 12 милиони евра пари на граѓаните

Објавено пред

СЈО 4 години испумпа 12 милиони евра пари на граѓаните кои се потрошија за плати и хонорари за обвинителите рекетари и нивните роднини вработени како административен персонал, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„СЈО ги трошеше парите на граѓаните, а работеше за Зоран Заев. Заев најавуваше хајка, а СЈО веднаш отпочнуваше монтирана истрага. На обвинителите на СЈО им беа овозможени сите услови и комоција за работа, истите злоупотребија се и беа маша за рекетирање.

Во медиумите излегоа информации дека Катица Јанева 4 години земала месечна плата од бруто 120 илјади денари, а по основ на бонуси земала 250 илјади денари или вкупно 330 илјади денари месечно од буџетот биле одвојувани за Катица Јанева која на крајот заврши во затвор поради рекетирањето.

Според информации кои беа објавени во јавноста јавен обвинител во СЈО земал плата 120.000 денари бруто, односно 80.000 денари нето плус додаток од 160.000 денари секој месец.

Во медиумите видовме и прочитавме како во СЈО се вработувало непотистички и се вработувале партиски кадри на СДСМ. СЈО било претворено во институција за згрижување на роднини и партиски лица.

По примерот на обвинителите во СЈО биле и службениците, кои земале плата повеќе од просечен јавен обвинител во ОЈО. Многу дадени пари од граѓаните, а ефект никаков. СЈО беше само маша во рацете на Зоран Заев за спроведување на хајки и криминал.Одговорност за целото незаконско работење ќе има“ се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 минути

Воз на релација Гевгелија – Скопје прегази 23-годишен мигрант

Пакистанец на возраст од 23 години загина на пругата во близина на селото Ногаевци откако во него удрил воз кој...

Македонија29 минути

Почна уривањето на дивоградбите во Охрид

Општина Охрид ја започна најавената акција за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на општината, во согласност со законските процедури...

Македонија54 минути

(Видео) Одложено судењето на Латас, предметот „Тотал“ сѐ уште во доказна постапка

Денешното рочиште за случајот „Тотал“ каде обвинет е новинарот и поранешен уредник, Драган Павловиќ Латас, е одложено за 17. октомври...

Свет1 час

Во светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протестира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет3 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени при пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет3 часа

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска, ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет3 часа

Саудиска Арабија почна воена операција во Јемен

Коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија почна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа15 часа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет17 часа

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија22 часа

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија22 часа

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија23 часа

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион23 часа

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ1 ден

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија1 ден

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ1 ден

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет1 ден

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет1 ден

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет1 ден

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Македонија1 ден

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Досие