Контакт

Македонија

Одбележан денот на Единицата за специјални задачи „Тигар“

Објавено пред

Од формирањето на единицата, како формациски, односно организациски дел на нашата полиција, на 13 март 1981 година, па сè до денес генерациите нејзини припадници изградија еден маркантен, професионален историјат, етаблирајќи се како препознатлива и почитувана единица со кадар чиишто храброст и потенцијал овозможуваат секогаш да биде подготвена и да одговори на сите поставени работни задачи и предизвици, независно колку биле сложени и специфични, истакна министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во обраќањето пред припадниците на Единицата за специјални задачи „Тигар“ на одблежување на денот на единицата.

„Како министер за внатрешни работи имам огромна почит и благодарност на сите оние припадници на ЕСЗ кои ги дадоа животите на браникот на татковината. Нивната жртва не смее и нема да биде заборавена. За вас и за сите кои досега го носеле амблемот со тигарот на нивната униформа и во нивното срце, љубовта кон професијата, кон својата земја и обврската кон граѓаните биле и се на прво место и ние сме ви бескрајно благодарни за тоа“, потенцираше министерот Чулев во обраќањето.

Честитајќи го јубилејот, министерот порача дека секој од нив е свесен за значењето и улогата на ваков вид безбедносна служба, така што мораме и во иднина, континуирано, да вложуваме во развојот и работата на ЕСЗ и не само заради одржување на највисоките европски и светски стандарди за функционирање на ваков вид специјални полициски единици, туку и заради безбедноста и спокојот на секој наш граѓанин.

На одбележувањето на денот на ЕСЗ „Тигар“ присуствуваа и Славјанка Петровска, дополнителен заменик-министер за внатрешни работи, и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

Македонија

И во услови на пандемија одбележан 22 Септември – Денот без автомобили

Објавено пред

Во цела Европа, во рамки на Европската недела на мобилност (ЕНМ), се одбележува Денот без автомобили, 22 Септември.

Годинава, поради неповолната епидемиолошка ситуација предизвикана од Kовид-19, активностите се организирани претежно преку онлајн кампањи, но во некои македонски градови се организираат активности и со физичко присуство, но со почитување на здравствените протоколи.

Во одбележувањето на Европската недела на мобилност активно се вклучија Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Берово, Кочани, Пробиштип, Куманово, Гостивар…

Во рамки на кампањата се организираа велосипедски дефилеа, промовирање на пешачки зони, нови велосипедски патеки, еколошки програми и проекти, мобилни апликации и слично.

Активностите и настаните се во духот на овогодинешната тема на ЕНМ, „Мобилност за сите без емисии“, со која се потенцира значењето на пристапноста до превоз без емисии на штетни гасови и се промовира важноста на изборот на секој поединец, граѓански организации или компании, дека со личниот избор на начинот на транспорт секој може да придонесе за почист воздух во градовите, помал сообраќаен метеж и поздрав, поразновиден, а воедно и позабавен начин на превоз.

Во оваа насока, Министерството за животна средина, со помош од Делегацијата на ЕУ и ЕУ Инфо Центарот изработи кампањски материјали и интерактивни алатки кои ги употребуваат и останатите држави вклучени во одбележувањето на Европската недела на мобилност.

Материјалите се достапни на следните линкови: ТЕМАТСКИ НАСОКИ и 10 лекции ЗА ПОДОБРА УРБАНА МОБИЛНОСТ научени од пандемијата.

Повеќе информации за текот на активностите за ЕНМ 2020, може да добиете на следниот линк.

Оваа година во Европската недела на мобилност со свои активности учествуваа 2.900 града од 51 држава од Европа и светот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот.

Како што порача Мицкоски, „ќе се протестира против неправдата, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев“, а движењето ќе почне од Министерството за правда, до Основниот суд 1.

Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта?
Поминаа 4 години, оваа иста,…

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, September 22, 2020

 

„Поминаа неколку дена, има ли осомничени за крвавите шипки по главата на критичар на власта? Поминаа 4 години, оваа иста, стара и потрошена влада направи ли вистинска борба против криминалот и корупцијата или станаа мафија?

-Кога Луј Витон судството носи “трас-трас” одлуки кои ги диктира Заев

-Кога шипките и тупаниците се одговор кон критичарите и опозицијата

-Кога власта врши прогон кон медиуми и ВМРО-ДПМНЕ за законско рекламирање, а молчи што стотици илјади евра остануваат непокриени во извештаите на СДСМ, а обвинителството тоа не сака свесно да го види

-Кога мајка оди во затвор затоа што купила државен автомобил кој и сега го користи мафијата, а во исто време троши 8 милиони евра за набавка на нови службени возила истата таа мафија

-Кога невини се во затвори затоа што ја сакаат Македонија, а нивните семејства страдаат

-Кога судството го штити криминалот

-Кога обвинителството молчи за рекетот, панамските пари и бизнис зделки на Заев-Дака за милионски бизниси во Тетово

-Кога обвинителството не сака да го види криминалот во Еуростандард

Одговорот е ПРОТЕСТ. ПРОТЕСТ против неправди, реваншизам и насилство на мафијата на Заев. Среда во 18.30 часот, од министерството за (не)правда до Основен суд 1. За правда која ќе стигне до сите, безусловно. Се гледаме!“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Објавено пред

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, и додаде дека со наредниот предлог-буџет за 2021 година ќе се разгледа креирањето на ваквите мерки.

Тој сепак прецизира дека субвенцинирањето за вработувањата нема да важи само за Албанците, туку за сите етникуми и за сите правни субјекти во државата.

„Тоа е содржано во поглавјето за еднакво општество за сите, страница 39, параграф 3 каде е опишано како ќе изгледа мерката. Политичарите да ги читаат мерките пред да даваат коментари“, рече Бектеши.

Министерот изјави дека веќе се разгледуваат неколку опции тоа од наредната година да почне да се реализира.

„Мојот личен став и на министерството е дека нашите сектори ќе работат на креирање на такви мерки. Што се однесува на коментарите, јас само би сакал да ве повикам на владината програма која се усвои од страна на собранието, а ние како членови на владата сме задолжени да ја реализираме“, рече Бектеши.

Како што појасни, етничката припадност нема да биде пресудна при вработувањата, туку квалификациите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет1 час

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа3 часа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт3 часа

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија3 часа

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија3 часа

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет4 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија4 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија5 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија6 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија15 часа

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија21 час

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет21 час

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија21 час

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија22 часа

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија23 часа

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија24 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија1 ден

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа1 ден

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Досие