Македонија
Одземен имунитетот на Теофиловски, но одбиено барањето за негов притвор

Судиите од Судскиот совет денеска на седница одлучија да му го одземат имунитетот на судијата Зоран Теофиловски, но го одбија барањето за негов притвор.
Теофиловски е првоосомничен во групата од осум лица за кои Обвинителството отвори истрага поради сомнеж дека незаконски легализирале градба, а потоа и оттуѓиле земјиште во државна сопственост во Тетово. Штетата во случајот се проценува на речиси 860.000 евра.
Теофиловски се товари дека кон крајот на август 2011 година како тогаш одговорно лице, претседател на спортско здружение од Тетово, со намера противправно да се изврши упис на право на сопственост, поднесувајќи лажни докази, почнал постапка за легализација. Тој е осомничен за кривично дело злоупотреба на службената положба.
Зоран Теофиловски како актуелен член на Судскиот совет утринава самоволно се појавил пред судот, но се повикал на судскиот имунитет по што беше свикана итна седница на Советот за да се одлучи по ова прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Регистрирани се 266 нови позитивни ковид-случаи, нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи на Ковид-19: Скопје – 168, Куманово – 17, Битола – 14, Тетово – 12, Прилеп и Штип – по 9, Гостивар – 7, Кочани и Пробиштип – по 5, Кавадарци и Кичево – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Струга и Радовиш – по 2, Неготино и Ресен – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (266), регистрирани се 64 реинфекции.
Регистрирани сe 119 оздравени пациенти од: Скопје – 73, Битола – 7, Прилеп и Кочани – по 6, Струмица и Велес – по 5, Куманово и Кавадарци – по 4, Тетово – 3, Гостивар и Виница – по 2, Пробиштип и Делчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин нема регистрирано починато лице.
Досега во земјата бројот на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.273.
Македонија
(Видео) Партиска средба за разгледување на францускиот предлог

Во Клубот на пратениците во тек е средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на францускиот предлог чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската Унија.
Партиските претставници се очекува да ги изнесат своите ставови и забелешки за предлогот.
Оваа група ја сочинуваат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС.
Македонија
СДСМ: Ковачки е дезертер од Армијата, избра да им служи на деструкциите на Мицкоски

„Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица со насилството на протестите изминатите два дена, со дивеење на насилници со качулки, повредени полицајци, со каменување, фрлање запаливи течности, уништување го покажува своето вистинско лице и вистинска цел да создаде тензии, поделби и раздор, да се закочи целата држава“ се вели во реакцијата од СДСМ на денешната прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
„Ковачки е дезертер од Армијата кој избра да им служи на деструциите на Христијан Мицкоски.
Наместо да шири лажни вести Ковачки да одговори дали токму тој е координатор на поранешни припадници на единицата Волци кои синоќа ги предводеа насилствата, во обид да предизвикаат реприза на 27 април?“ велат од владечајката партија.