Контакт

Билтен

Одложено рочиштето за „Поткуп“ за 3 април, Заев ќе прими награда за најградоначаллник

Објавено пред

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, во четврток не се појави во судот на закажаното рочиште за случајот „Поткуп“, затоа што ќе присуствува на доделувањето на награда за најградоначалник во Сараево.

Како што презентираше одбраната на Заев пред судот, Заев добил награда за најградоначалник на Југоисточна и Средна Европа и ќе присуствува во Сараево на врачувањето на наградата.

Рочиштето беше одложено за на 3 април. Адвокатот на Заев, Јаким Наумов во изјава за новинарите истакна дека не е изземен обвинителот Златко Биковски од обвинителството за организиран криминал и корупција.

Според одбраната Биковски е дел од „злосторничкото здружување“ на власта и од политички причини сака да му наштети на Заев како шеф на опозицијата.

Биковски, како обвинител дојде во овој случај на последното рочиште за да го замени обвинителот Владимир Милошевски кому пак му е истечен мандатот.

Денеска во судницата повторно беше присутен обвинителот Владимир Милошевски кому во меѓувреме му го продолжиле мандатот за нови шест месеци што според одбраната претставува преседан. На судењето не дојде ни сведокот Иван Николов од кого, според обвинението, Заев побарал 160.000 евра./крај/со/бб

Најново

Забава2 минути

(Фото/Видео) Запомнете го овој изглед: таа спои неспоиво и покажа зошто е кралица на храбрите модни комбинации

Пенелопе Круз важи за жена со стил и вкус, а речиси секоја нејзина модна комбинација раскажува уникатна приказна. Нејзиниот најнов...

Македонија21 минута

Времето утре: претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните...

Забава34 минути

Како да се грижите за косата по 50-тата година? Овие трикови ѝ ги враќаат мекоста и сјајот

Косата се менува со возраста, исто како и кожата. Рутината за нега што некогаш била доволна, можеби повеќе нема да...

Македонија44 минути

Министерството за правда за бегството на Ива Михаилова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,...

Европа46 минути

Лавров: Нема повторно да наседнеме; Зеленски не заслужи оддишка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува прекин на непријателствата и оти...

Спорт48 минути

Осасуна го смени тренерот и веднаш назначи нов

Осасуна во понеделник се раздели од тренерот Луис Мигел Рамис по осум натпревари на клупата и го замени со Јагоб...

Европа50 минути

Зеленски побара 60 дена; Кремљ понуди само еден

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска...

Свет54 минути

Ако некој е доволно луд да нè нападне, ќе го уништиме, порача Врховниот командант на НАТО во Европа

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, на Безбедносниот форум во Варшава предупреди дека...

Спорт55 минути

Барселона нема намера да го продава Олмо

Баерн Минхен е заинтересиран за Дани Олмо, но Барселона нема намера да се откаже од шпанскиот репрезентативец. Според каталонскиот весник...