Македонија
Одложен вонредниот конгрес за промени во ВМРО-ДПМНЕ

Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ja информира јавноста дека донел одлука за одложување на конгресот закажан за 28 март во Скопје.
Како што велат од Оборот, ваквата одлука е донесена поради влошената епидемиолошка состојба и доцнењето со техничките подготовки.
„Навремено ќе ги информираме делегатите и јавноста откако ќе се утврди новиот термин“, се наведува во краткото соопштение во врска со одлагањето.
Иницијативниот одбор претходно побара оставка на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и избор на ново раководство преку вонредниот конгрес.
Во Одборот членуваат дел од поранешните високи функционери и истакнати членови на партијата, а ова тело на 10 февруари донесе одлука да закаже вонреден конгрес за 28 март.
Според членовите на Иницијативниот одбор, тие успеале да обезбедат поддршка од мнозинството делегати кои гласале на конгресот кога Христијан Мицкоски беше избран за претседател.
Од друга страна, пак, од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Централниот комитет на партијата за ваквата иницијатива заседавал уште пред неколку месеци и едногласно донел одлука таа да биде отфрлена.
Официјалната одлука на ВМРО-ДПМНЕ е за одржување редовен конгрес на партијата на крајот на месец ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Високи функционери од власта се директно инволвирани во “Мафија”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека е јасно како ден дека високи функционери од власта се директно инволвирани и директно раководеле со операцијата делење и фалсификување пасоши, бидејќи вработените службеници во МВР кои фотографираат и ги изготвуваат документите сигурно не се запознале со голем дел од криминалците, меѓу кои Седат Пекер, Вукотиќ и останатите. Службениците ја вршеле својата работа како и со сите други имаат потреба да извадат одредена документација, додека пак акцијата ја координирале луѓе од власта.
Тој истакна дека е несериозно за една земја криминалци како Седат Пекер по три месеци да престојуваат во Република Македонија, да се забавува и фотографира со коалиционите партнери на СДСМ, а во меѓувреме да не е приведен или уапсен за она што го правел тука во однос на неговиот пасош.
„ Фактите говорат дека штом тој лесно се движел низ земјата и функционирал нормално, тогаш зад него стоеле високи функционери на власта кои директно му помагале и го штителе во тек на неговиот престој..
Јован Вукотиќ неколку пати полетувал од аеродромот “Петровец”, бил уредно легитимиран и проверен, по што отпатувал од земјата. Тој самиот вели дека неговиот пасош не бил изваден по нелегален пат, туку дека сите податоци се точни, освен неговото име. После ваквите случаи, ниту МВР, ниту пак премиерот излезе со јавна осуда за овој чин, а дополнително на тоа не се повлечени и уништени тие пасоши, што дополнително ја разбиструва сликата за тоа кој е креаторот на целата оваа афера“ истакна претседателот Мицкоски.
Според Мицкоски, фактот што Владата се уште молчи и не се произнесува со информации дали се поништени овие патни исправи и дали некој воопшто одговара за овој случај, говори за тоа дека овие матни зделки и афери се случуваат секојдневно и тие не знаат од каде да започнат.
„ Додека тие молчат, овие луѓе се уште во своја сопственост имаат фалсификуван пасош, кој никој од властите не им го поништува. Тоа е сликата за власта во Република Македонија и за безбедносниот систем, кој е повеќе од разрушен, објасни Мицкоски.
Македонија
Пендаровски: Вакцинацијата да се одвива континуирано до целосна имунизација на населението

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посетa на вакциналниот пункт и на Итната медицинска помош при здравствениот дом во Гостивар. Тој беше запознаен со протоколите според кои се одвива процесот на вакцинација во Гостивар и гостиварскиот регион.
Пендаровски ја нагласи потребата процесот на вакцинација да се одвива континуирано до целосна имунизација на населението. Во тој контекст порача дека и личната одговорност на секој граѓанин е еден од предусловите за побрзо и побезбедно стекнување колективен имунитет.
Директорот на здравствениот дом, Јамин Синани, го информираше претседателот за моментално опфатените таргет групи, во коишто се вакцинираат граѓани над 77 години, со постепено намалување на возрасната граница којашто веќе опфаќа лица над 60 годишна возраст, како и за динамиката согласно која се имунизираат околу 50 граѓани дневно.
Пендаровски разговараше и со медицинските лица задолжени за спроведување на вакцинацијата, кои што истакнаа дека процесот се одвива непречено, според календарот на имунизација. Оние коишто денеска се вакцинираа, упатија апел до сите граѓани, и млади и повозрасни, да се вакцинираат, бидејќи како што велат, со тоа се спасуваат животи.
При посетата во Гостивар претседателот Пендаровски беше и во службата на Итната медицинска помош во рамки на здравствениот дом каде што со вработените разговараше за нивната работа, капацитетите и предизвиците со коишто се соочуваат, особено за време на пандемијата со Ковид-19. Од итната помош го информираа за бројот на интервенции на дневно ниво, поврзани со пандемијата, но и со други случаи. Во однос на имунизацијата истакнаа дека персоналот е веќе вакциниран, со исклучок на вработените коишто се уште закрепнуваат од Ковид-19.
Македонија
Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од контроверзните идентитетски и историски прашања.
„Не сум сигурен дека пренагласувањето на историската дебата, евентуално со лажни аргументи, е добро решение за иднината“, рече австрискиот социјалдемократ Андреас Шидер, претседател на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија на виртуелниот брифинг за Северна Македонија, пренесуваат медиумите во регионот.
Шидер рече дека како дел од неговата функција тој морал да научи повеќе за историјата, дури и повеќе отколку што сакал.
„Политичарите почнуваат да заплеткуваат прашања за идентитетот кога не може да одговорат на основните животни прашања“, рече Шидер.
„Се плашам дека е така кога станува збор и за ова прашање“, додаде тој.
Шидер истакна дека зеленото светло на Бугарија за пристапни разговори е „најдобро за решавање на соседските односи“.
„Оставете ги на страна прашањата за идентитетот и работете на други прашања“, порача тој.
Слична порака, како што пишуваат агенциите од регионот, испратил и бугарскиот европратеник Илхан Кјучјук, исто така известувач за Северна Македонија.
„Историчарите нека дискутираат за историјата, а политичарите да бидат храбри“, рекол Кјучјук.
Билатералните односи не треба да влијаат на пристапот на регионот во Европската Унија, додал тој.
Медиумите анализираат дека во ноември 2020 година Бугарија одби да прифати рамка за преговори за Северна Македонија блокирајќи го почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш