Македонија
Одобрени 190 апликации на последниот повик за инвертер-клими во Битола

Од пристигнатите 290 апликации на објавениот јавен повик од Општина Битола за надоместување на дел од трошоците за купување клима-уреди инвертери за 2019, одобрени се 190 апликации, а одбиени се 26.
„Вкупната сума на обезбедените средства од 2.500.000 денари од страна на општинат, е во функција на стимулација на граѓаните за користење обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени. Средствата се доделени на апликантите врз основа на нивното исполнување на условите наведени во јавниот повик, до целосно исцрпување на средствата предвидени за повикот, односно заклучно со апликацијата со број 219“, велат од Општината.
Оваа година од страна на Општина Битола исплатени се 2.500.000 денари на претходниот јавен повик за надоместок на дел од трошоците за клима-уреди инвертери, додека на повикот објавен во периодот од 01.11.2018 – 07.02.2019 за печки на пелети, исплатени се 500.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Неделен возен ред поради Духовден, жичницата ќе работи вообичаено

Поради верскиот празник Духовден, денес (2.6.2023) и в сабота (3.6.2023), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
В недела (4.6.2023) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
В петок (2.6.2023), в сабота (3.6.2023) и в недела (4.6.2023) на линиите 59 (Карпош 3 – Кучевишка Бара – гробишта „Бутел“), 59А (Ново Лисиче – гробишта „Бутел“) и 59Б (Кисела Вода – гробишта „Бутел“) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.
Денес (2.6.2023), билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, а в сабота (3.6.2023) ќе имаат редовно работно време.
Жичницата денес (2.6.2023) ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.
Македонија
Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат листите на чекање.
Тој ги повика неговите колеги, без надомест да покажат хуманост, исто како што беше примерот на кардиохирурзите од Ниш, кои од почетокот на годината во саботите и неделите оперираа пациенти.
„Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица“ изјави Меџити.
Македонија
(Видео) Северина направи гужва на „Рузвелтова“

Поради концертот на хрватската пејачка Северина, вечерва во клубот „Мош“ во Скопје, настана хаос во сообраќајот на улицата „Рузвелтова“
Колона возила и нервозни возачи се движат и по булеварот „Илинден“. Според очевидци, на врата се чекало од 18 часот за влез на концертот на Северина.
Сообраќајот е целосно во застој, а полцијата ги брка сите што застануваат барајќи паркинг место.