Контакт

Македонија

Одржан третиот состанок на Советот за реформа во јавната администрација

Објавено пред

Во Владата денеска се одржа третиот состанок на Советот за реформа во јавната администрација. Целта на состанокот, како што информираат од Владата, беше координирање меѓу релевантните институции за клучните реформи во областа на јавната администрација во претстојниот период, кои треба да ја подобрат функционалноста и финансиската дисциплина на јавната администрација и органите во состав на Владата.

На состанокот, додаваат од таму, беа презентирани првичните наоди од извештајот за мапирање на институциите и анализата на законската рамка што ја уредува институционалната поставеност, изработени од УНДП, нацрт-насоките и известувањето за спроведувањето на Стратегијата за реформата во јавната администрација (2018-2022), како и акцискиот план и нацрт-системот за следење, оценување и известување за Стратегијата за реформата во јавната администрација и акцискиот план.

Исто така, на состанокот беше дискутирано за буџетските импликации за 2019 година од акцискиот план на Стратегијата за реформата во јавната администрација, како и за предлогот за воведување нов систем за висока раководна служба, кој ќе придонесе кон професионализација на високите структури на управување. Дополнително, се дискутираа предлози за следење на именувања и разрешувања, вработувања и отпуштања како алатка што ќе придонесе за департизација на јавната администрација, стои во владиното соопштение.

Во текот на состанокот министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ја потенцира нужноста од забрзување на динамиката за спроведување на хоризонталната функционална анализа на органите на државна управа, агенциите и инспекциските служби од централната власт, што ќе овозможи на почетокот од следната година да се започне со имплементација на реорганизацијата. Во продолжение на оваа дискусија беа разгледани препорачани модели на структурирање на јавната администрација.

На состанокот, додаваат од Владата, присуствуваа и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, претставници од Секторот за европски прашања и претставници од Агенцијата за администрација.

Македонија

Сончево време со температура до 32 степена

Објавено пред

Од

Времето денеска ќе биде релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а дневната од 26 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степен.

До понеделник ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време за овој период од годината, соопшти УХМР. Од вторник поради продор на студена воздушна маса, ќе има зголемување на облачноста проследена со врнежи од дожд и повремено засилен северен ветер. Дневните температури значително ќе опаднат, во поголем дел од земјава повеќе од 10 степени.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Објавено пред

Од

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс.

Како што соопштија од Владата, на средбата во Белата Куќа, која дојде на покана на потпретседателот Пенс, премиерот Заев истакна дека оваа можност доаѓа во клучен историски момент за нашата земја.

„Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев го запозна потпретседателот Пенс за активностите за спроведувањето на референдумот на 30 септември, како чекор кој ќе ја потврди иднината нанашата земја во најмоќните сојузи НАТО и ЕУ, и дека во таа насока, тој ги повика сите политички лидери, вклучувајќи ја и опозицијата, да се вградат во таа иднина. Премиерот Заев за време на разговорот рече дека Република Македонија нема алтернатива за интеграцијата во ЕУ и НАТО, и дека граѓаните на нашата земја препознаваат дека од нивната одлука на референдумот поканата за НАТО што ја добивме во Брисел, ќе се преточи во протокол за пристапување и со процес за ратификација на нашето пристапување во јануари 2019 година“, се вели во соопштението.

Заев истакнал дека столчето во НАТО, кое значи рамноправно учество во работата на Советот на алијансата и безбедност и стабилност за нашата земја уште на почетокот на идната година, го прифаќаме заедно со одговорноста одбранбените стандарди да ги усогласуваме со оние на НАТО.

Пенс на средбата пренел пораки и од претседателот на САД, Доналд Трамп, за поддршката на Вашингтон за, како што се вели во соопштението, покажаната храброст и лидерство за спроведување на неопходните реформи во земјата и за постигнатиот договор со Грција што го отворија патот за членството на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

„Потпретседателот Пенс нагласи дека Белата Куќа ја охрабрува и ја споделува визијата на Република Македонија да биде демократска, просперитетна земја членка на НАТО и ЕУ“, пишува во соопштението.

Заев и Пенс разговарале за можноста заеднички да биде прославен приемот на нашата земја во НАТО наредната година, кој, како што се вели во соопштението, станува реалност со спогодбата со Грција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од вторник дожд и заладување

Објавено пред

Од

До понеделник ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време за овој период од годината, соопшти УХМР. Од вторник поради продор на студена воздушна маса, ќе има зголемување на облачноста проследена со врнежи од дожд и повремено засилен северен ветер. Дневните температури значително ќе опаднат, во поголем дел од земјава повеќе од 10 степени.

Утре ќе биде релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а дневната од 26 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Топ9 часа

(Вознемирувачко видео) Крвава тепачка во Аеродром, едно лице во бесвест

Крвава тепачка се случи вечерва во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“. Според очевидци едно лице од силината на ударите...

Вести13 часа

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион14 часа

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија17 часа

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија19 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија19 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија21 час

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија21 час

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија21 час

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија21 час

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија21 час

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет23 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија1 ден

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија1 ден

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија1 ден

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија2 дена

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија2 дена

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток2 дена

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ2 дена

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Досие