Контакт

Македонија

Одрони на патот Делчево-Каменица, сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента

Објавено пред

Од АМСМ предупредуваат дека поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Каменица се одвива по една сообраќајна лента. Како што се наведува, се преземаат мерки за рсчистување на коловозот.

Исто така се наведува дека денеска ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат А2, патен правец Маврово-Кичево, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Денес ќе се започне и со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница: Кичево – Охрид, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.

Македонија

Годишно во земјава има 600 предвреме родени бебиња

Објавено пред

По повод одбележувањето на 17 ноември- Светскиот ден на предвреме родените дечиња, ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство како најповикана институција и прв дом на сите предвреме родени дечиња ја продолжува традицијата заедно со сите светски центри во светот. Оваа годнина мотото во целиот свет под кое ќе се одбележува овој ден е:
,,Роден прерано: Обезбедување на соодветна грижа, во соодветно време, на соодветно место.,,

Целта на овој ден е подигнување на јавната свест во општеството поради фактот дека годишно во земјава се раѓаат 600-тина предвреме родени бебиња на кои покрај борбата за живот, правилната нега и грижа треба да им овозможи и максимално можен квалитет на живот во иднина.

Во просториите на Клиниката за гинекологија и акушерство денеска ќе се одржи настан посветен токму на нив. Свое обраќање ќе имаат директорката на ЈЗУ У ГАК доц.др.Викторија Јовановска, началничката на Одделението за интензивна нега прим.др. Елизабета Петковска, како и претставникот од граѓанската организација Лулка со која клиниката има потпишано меморандум за соработка при што ќе бидат изнесени реализираните заеднички активности во изминатата година.

На настанот ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев и неговата сопруга, првата дама Елизабета Ѓоргиевска, како и министерот за здравство доц.др.Венко Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Антикорупциската потврди дека СДСМ со лаги нанесе штета за мене и ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Актуелна е распродажба и расфрлање со вашите пари, парите на македонската економија, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од настан во Охрид кој се одржа како дел од кампањата „Разговори за Обнова на Македонија“.

Како што рече рече тој, Зоран Заев денеска е уплашен човек, кој се плаши затоа што знае дека речиси три години политиката ја водел со криминал, корупција и многу лаги.

„Знае дека водеше политика на свиткана кичма на слугување, измислуваше, лажеше, креираше кампања против мене“, кажа Мицкоски, кој во обраќањето се осврна и на вчерашната одлука на Антикорупциската комисија, според која тој не направил судир на интереси во врска со концесиите за хидроцентралите.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, лагите изнесени во врска со овој случај предизвикале голема штета по неговиот личен углед и угледот на партијата.

„Видовте и вчера дека ДКСК која што тој (н.з. Заев) сам ја избра, самата му кажа дека сета онаа црна кампања која што нанесе штета за време на претседателските избори, која што нанесе штета на мојот интегритет и интегритетот на моето семејство, но најважно е што донесе штета на ВМРО-ДПМНЕ. ДКСК јасно кажа дека било измислица, обични лаги, клевети и обид да се засени лидерот на опозицијата, ама и најдобриот кандидат што некогаш се појавил на претседателските избори, Гордана Силјановска Давкова. Епа не може. Вистината порано или подоцна излегува на виделина. А вистината излезе вчера и токму од неговата антикорупциска комисија. 7:0 едногласно рекоа дека тука има само креација и лаги, дека тука нема ништо вистинито. Никој денес не слушнав да се извини“, рече Мицкоски во обраќањето пред охриѓани.

Тој пред присутните уште еднаш го повтори ставот на опозициската партија за покачувањето на платите во образованието за 10%.

„Ајде ако сте честити зголемете ги платите на наставниците во основните и на професорите во средните училишта онолку колку што треба согласно законот за минимална плата и согласно колективниот договор во образованието“, повика лидерот на опозициската партија.

Во продолжение, тој зборуваше и за пензиите и истакна дека откако на пензионерите власта им зела по 1.500 денари, сега ќе им враќала 700.

„Во периодот до 2010 до 2016 година пензиите се зголемија за 33 проценти или 5,5 проценти годишно, колку овие за 3 години успеаја да ги зголемат. Кого лажете?“, запраша Мицкоски.

Кажа дека ВМРО-ДПМНЕ за следните избори нуди политика која се темели на честитост, чесност, принципи и работа за брз економски развој.

„За да имаме брз економски развој потребни ни се темелни реформи во правосудството, но не само како реторика него овој пат и испорака, испорака уште во првите 100 дена, уште во првите 100 дена граѓаните ќе ја забележат разликата помеѓу оваа влада неспособна на СДСМ и умерениот патриотизам кој што ќе победи на 12. април 2020“, порача Мицкоски.

Кажа и дека умерениот патриотизам е неизбежна алка за назад да се врати македонизмот.

„Доста беше антиквизација, доста ни беше севернизација, нас ни треба македонизација и тоа македонизација во секој сегмент од македонското општество. Секаде на овие 25.000 квадратни километри. Македонизмот не треба да биде ексклузивно право само на македонскиот народ. Без разлика дали сме Македонци, дали сме Албанци, дали сме Турци, Роми, Еѓипќани, Власи, Бошњаци, Срби, ова е наша заедничка земја“, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, презентирајќи го концептот на неговата партија за следните избори.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев во Велес: Вложуваме во живот и плати, а не во мртви споменици

Објавено пред

Вложуваме во живиот, човеки капитал а не во мртви споменици, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на трибина пред граѓаните на Велес.

Тој истакна дека веќе на почетокот на идната година следуваат нови покачувања на платите во клучни сектори.

„Минималната плата ја зголемивме на 14.500 денари, а просечната за над 2.000 денари, за само 2 и пол години. Обезбедивме средства, платите во образованието се зголемуваат повторно за 10 отсто, што е вкупно 20 отсто покачување за само две и пол години. Обазованието е клучно и очекуваме и професорите со покачувањето на платата да ја зголемат мотивираноста и ефикасноста во наставата, да пружаат знаење на нашите деца“, рече Заев.

Истакна дека мотивација преку зголемување на платите има и во здравството.

„Со зголемувањето, платите заедно со дежурствата на специјалистите во Клиничкиот центар ќе бидат 100.000 денари, во другите помали боници и здравствени домови помеѓу 88 и 92.000 денари, ќе растат и платите на медицинските сестри“, нагласи лидерот на СДСМ и додаде дека важно е лекарите да останат во земјава и тука да работат.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа12 часа

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Економија13 часа

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во...

Европа14 часа

Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна...

Топ17 часа

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Топ18 часа

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран. Како што информираат...

Топ19 часа

Екстелохранителот на Мијалков избегал од куќен притвор

Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, избегал од куќен притвор. Како што велат од МВР...

Топ21 час

Притворен маж од Арачиново – убил соселанец поради расправија за добитокот

Полицијата приведе арачиновец поради убиство извршено во селото Мојанци. Тој го убил соселанецот поради банална расправија околу напасувањето на добитокот....

Спорт21 час

„Кориере“: Вториот најбогат човек во светот го купува Милан за милијарда евра!

Иако на крајот на септември во отворено писмо, сопственикот на модниот бренд „Луј Витон“, Бернард Арнаут демантираше дека ќе го...

Македонија22 часа

Контролор на „Дурмо турс“ доби условна казна за несреќата кај Ласкарци

Обвинет во издвоена постапка за несреќата кај Ласкарци кон средината на октомври призна вина пред судот и доби условна казна...

Регион22 часа

Македонски шлепер се преврте на автопатот Ниш – Белград

Камион со македонски регистарски таблички утринава околу 8:30 се превртел на автопатот Ниш – Белград во близина на селото Катун...

Регион22 часа

(Видео) Силно невреме во Хрватска, морето исфрли тони ѓубре кај Дубровник

Хрватското крајбрежје од вчера попладне е погодено од силно невреме, проследено со силен ветер, којшто предизвика проблеми во сообраќајот. Издаден...

Регион23 часа

Вучиќ во болница поради кардиоваскуларни проблеми

Српскиот претседател Александар Вучиќ е примен во Воено-медицинската академија (ВМА) поради кардиоваскуларни проблеми, соопшти Генералниот секретаријат на претседателот на Србија....

Македонија23 часа

Приватните специјализанти најавија протест, бараат повисоки плати

За во понеделник (18 ноември) кофинансираните приватни специјализанти најавија на протест пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата...

Македонија23 часа

Независниот синдикат на полицијата на протест пред Влада

Независниот синдикат на полицијата за денеска повика на јавен собир со почеток во 10 часот пред хотел „Вип“ (Саем) со...

Свет1 ден

Протестите на „Жолтите елеци“ ја чинат Франција речиси три милијарди евра

Франција изгуби 2,5 милијарди евра поради протестите на „Жолтите елеци“, кои почнаа пред една година, објави француската радиостаница РТЛ повикувајќи...

Македонија2 дена

Застаре делото за Владо Бучковски, државата ќе ги плати трошоците за адвокатите

За експремиерот Владо Бучковски и за уште тројца обвинети застаре делото во предметот „Тенковски делови“. Коалицијата Сите за правично судење,...

Македонија2 дена

„Танјуг“: Франција е за постепен пристап и ревирзибилност на процесот

Постепено пристапување, отворање на структурни фондови на ЕУ, но и построга политика на условување и ревирзибилност на процесот на проширување...

Интервју/Дебата2 дена

(Видео) Фрламе храна колку цело Кочани да јаде цела година

Според податоците на Заводот за статистика, третина од населението во земјата не може да си дозволи три оброка дневно, додека...

Македонија2 дена

Дескоска: Наместо само за плати, судството да реагира и за застарените предмети

Министерката за правда, Рената Дескоска, ги повика судиите и вработените во судството наместо само за плати, да реагираат и за...

Топ2 дена

Малолетници од интернат во Кавадарци извршиле насилство врз нивниот цимер

Малолетник од Негорци кој бил сместен во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ во Кавадарци бил нападнат од неговите цимери. Насилството...

Досие