Контакт

Македонија

Од утре изборна кампања

Објавено пред

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври.

Кампањата ќе заврши на 15 октомври на полноќ. Вториот круг избори ќе се одржат на 31 октомври, а кампањата за втор круг ќе трае до 24 часот на 29 октомври.

Вкупно 1.824.864 граѓани ќе можат да гласаат.

Државната изборна комисија (ДИК), потврди 303 листи за градоначалници и 567 за советници. За првпат ќе бидат применети терминали за читање отпечатоци од прсти на гласачите за да се утврди нивниот идентитет и за да се избегнат евентуални неправилности при гласањето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Поткуп на гласачи, изнуда, дошол пијан да гласа -Јавното обвинителство постапува по изборните нерегуларности

Објавено пред

Во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021 година, пристигнаа голем број известувања, поднесоци и пријави за индиции за сторени изборни нерегуларности, информираат од Јавното обвинителство.

По сеопфатна анализа и проверка на наводите во доставените поднесоци и пријави, Комисијата и основните јавни обвинителства кои постапуваа по нив итно и неодложно, утврдија постоење на елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност во мал дел од добиените поднесоци и пријави. По нив се оформени предмети во соодветните основни јавни обвинителства и интензивно се прибираат материјални и вербални докази. По нивното разгледување и анализа, надлежните обвинители ќе донесат и соодетни јавнообвинителски одлуки за натамошно постапување.

Во Основното јавно обвинителство Скопје оформени се три предмети за сторени кривични дела во врска со изборите и гласањето. Се води постапка против непознати сторители за пукање од огнено оружје за време на митинг на политичка партија во текот на изборната кампања. По доставено известување, обвинителството оформи предмет и издаде насоки до МВР за идентификација на сторителите.

Предмет е оформен и по доставено известување од МВР за сторено кривично дело „Изнуда“ од страна на засега непознати сторители кон лице од кандидатската листа за советници на една политичка партија за Град Скопје. На оштетениот му биле испраќани пораки, меѓу нив и порака каде се спомнува бомба. По насоки на обвинителството се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

На гласачко место во ОУ „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, лице при остварување на правото на глас, од четири ливчиња само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пултот за гласање. Осомничениот беше лишен од слобода и приведен. Обвинителството, по пристигната кривична пријава, оформи предмет против сторителот за кривично дело „Уништување на изборен материјал“ од Кривичниот законик.

На 17.10.2021 година од претседател на избирачки одбор на избирачко место во Демир Капија, пријавено е дека лице дошло во видно алкохолизирана состојба за да гласа. Лицето зад параванот го искинал едното гласачко ливче, а другото го ставил в џеб, со што постои сомневање за сторено кривично дело „Уништување на изборен материјал“ од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Кавадарци оформи предмет по кој се постапува.

Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против едно лице за кое постои сомневање дека сторило продолжено кривично дело – Поткуп при избори и гласање од член 162 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот. Настанот се случил на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово, кога осомничениот бил забележан како дава пари на граѓани за да гласаат за независен кандидат. Со потврда одземена е документацијата и паричните средства кои биле пронајдени кај осомничениот. По дадени насоки на обвинителството, полициските службеници прибираат известувања од лицата кои ги примиле паричните средства во висина од по 3000 денари. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот.

Основно јавно обвинителство Кочани на 15.10.2021 година од МВР ПС Кочани прими кривична пријава против две лица за кривично дело ,,Повреда на слободата на определување на избирачите”. Во период од 08.10.2021 до 15.10.2021 година, во повеќе наврати, двајцата осомничени им се заканувале на повеќе граѓани од Кочани, дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се. По пријавата е оформен предмет и издадени се насоки од јавен обвинител за натамошно постапување.

По поднесена пријава против лице за агитирање на избирачко место во с.Теранци, оформен е предмет во Основното јавно обвинителство Кочани. Јавен обвинител ги презема потребните дејствија за утврдување на фактите во предметот.

По поднесенo известување за вршење организиран превоз на гласачи до избирачко место во Кочани, во обвинителството се оформени два предмета по кои се постапува за прибирање материјални и вербални докази.

По поднесена кривична пријава во која се наведува дека лице со возило врши организиран превоз на гласачи на избирачко место и се врши влијание врз гласачи како да го остварат нивното гласачко право, во Основното јавно обвинителство Кочани оформен е предмет за кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“. Се преземаат дејствија за утврдување на фактите.

Во кочанското обвинителство е оформен и предмет по поднесена кривична пријава во која се наведува дека носителка на советничката листа на политичка партија, заедно со уште едно лице се движеле со возило и на избирачко место во Кочани вршеле поткуп на гласачи. Постапката против осомничените се води за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“.

Се постапува и по поднесена кривична пријава од политичка партија, во која се наведува дека во н.Оризари, во близина на избирачко место кај Дом на културата во Кочани, се вршело агитација за политичка партија, имало залепено изборни плакати од политичка партија во близина на гласачкото место и се вршело влијание врз гласачи како да го остварат нивното гласачко право. Обвинителството во Кочани оформи предмет поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“

Предмет против засега непознати лица е оформен и по добиени сознанија од политичка партија, за поголема група на лица кои стоеле пред избирачки места во Кочани, организирано носеле гласачи и вршеле агитација. По кривичната пријава е оформен предмет за сторено кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“ .

По поднесени одделни кривични пријави од политички партии во кои се наведува дека лица вршеле влијание врз гласачи како да го остварат нивното гласачко право, оформени се четири предмети против вкупно седум осомничени. За сите се води постапка во кочанското обвинителство за сторено кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“.

Предмет за извршен поткуп е оформен во Основното јавно обвинителство Делчево по добиено известување дека на 16.10.2021 година, на Градскиот пазар во Делчево, кандидат за градоначалник од политичка партија му дал 3000 денари на едно лице заедно со брошура. Парите од лицето кое ги примило се одземени, додека брошурата не е пронајдена. Обвинителството издаде насоки за натамошно постапување.

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет против едно лице за сторено кривично дело „Уништување на изборен материјал“ од Кривичниот законик. Осомничениот на избирачко место во с. Октиси го искинал своето гласачко ливче. Обвинителството презема дејствија за расчистување на настанот.

Во гостиварското обвинителство се прибираат материјални и вербални докази во оформен предмет за сторено кривично дело „Повредна на тајноста на гласањето“. На избирачко место во Гостивар гласач го сликал своето гласачко ливче, по што бил забележан од членовите на Избирачкиот одбор и делото било пријавено. Обвинителството издаде насоки за утврдување на факти во предметот.

Тетовското обвинителство презема дејствија во врска со пријавен настан по кој е оформен предмет против едно лице за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“. Поткупот го вршел кадидат за градоначалник со бекатон плочки.

Комисијата за следење на изборни нерегуларности во континуитет ќе ја координира работата на основите јавни обвинителства се до завршување на изборниот процес за локалните избори, соопштуваат од таму.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ победи во 17, а СДСМ во 9 општини во првиот круг, според досега целосно обработените податоци

Објавено пред

Oд целосно обработените податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори во првиот круг избрани се 29 градоначалници.

Според досега објавените податоци, ВМРО-ДПМНЕ победи во 17 општини, СДСМ во 9, ДУИ во 3.

Засега е извесно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победи во првиот круг во Бутел со освоени 52,79 отсто од гласовите,  Гази Баба и Кисела Вода. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија и во Босилово, Виница, Градско, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Могоила, Негитино, Новаци, Петровец, Свети Николе, Сопиште. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и во Аеродром и Ѓорче Петров, но засега во овие скопски општини резултатите не се 100 посто обработени.

СДСМ победи во првиот круг во Струмица, Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка,  Кривогаштани, Крушево.

Во општина Арачиново ќе има втор круг каде ќе се судрат кандидатот на ДУИ кој освои 44,23 отсто од гласовите, и на СДСМ и коалицијата, со освоени 39,14 отсто. Втор круг ќе има и во Куманово, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Дебрца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чашка и Чешиново Облешево.

Во Липково победи кандидатот на ДУИ Еркан Арифи, ДУИ победи и во Пласница, Сарај.

За Град Скопје, засега се обработени 92,55 отсто од гласовите. Според нив, Данела Арсовска, која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, е во предност пред Петре Шилегов од СДСМ, со 37,27 отсто, наспроти 34,73 проценти.

(Обновено)

Прикажи повеќе...

Македонија

Промена во годишниот распоред за работа на судиите во кривичен суд

Објавено пред

Основниот кривичен суд Скопје информира дека согласно бројот на активни предмети во работа во одделите на судот, како и во одделението за организиран криминал и корупција, како и бројот на судии кои постапуваат по предметите, со одлука на претседателот на судот направена е промена во годишниот распоред за работа на судиите.

„ Па така, судијата Фанка Јанчулева Михаиловска од одделот за кривично полнолетни е распределена да постапува во одделението за организиран криминал и корупција, со што ги презема предметите по кои досега постапуваше судијата Владимир Туфегџиќ, кој беше разрешен по негово барање. Поради интерес на медиумите и невладините организации кои ги следат главните расправи, ја информираме јавноста дека меѓу предметите кои ги презема новиот судија во одделението се и предметот со КОК бр. 30/20 познат како ‘Шпански скали’ за кој расправата е насрочена за 20.10.2021 година во 10:00 часот, како и предметот со КОК бр. 65/21, познат како ‘Еразмус’ за кој расправата е насрочена за 2.11.2021 година во 11:00 часот, за што странките се веќе известени“, додаваат од судот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Поткуп на гласачи, изнуда, дошол пијан да гласа -Јавното обвинителство постапува по изборните нерегуларности

Во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на 17 октомври 2021...

Македонија30 минути

ВМРО-ДПМНЕ победи во 17, а СДСМ во 9 општини во првиот круг, според досега целосно обработените податоци

Oд целосно обработените податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори во првиот круг избрани се 29 градоначалници. Според...

Економија1 час

Горивата поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Македонија1 час

ДИК го заврши пребројувањето во Куманово – Димитриевски води со 22 гласа пред Илиевски

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски за 22 гласа, согласно последната промена направена...

Топ3 часа

Прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои две деца

Дваесет и деветгодишен прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои двајца малолетни. Едно лице се здобило со тешки...

Свет4 часа

Напад со нож во трговски центар во Мелбурн – избодени двајца мажи

Двајцата мажи се пренесени во болница откако биле избодени со нож во трговски центар во Мелбурн. И двајцата се здобиле...

Македонија12 часа

(Видео) Заев: На крајот СДСМ ќе има повеќе градоначалници oд ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека СДСМ и коалицијата победуваат или имаат водство во повеќе од 30 општини во...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски соопшти каде победи ВМРО-ДПМНЕ, а каде има предност: „Ова е победа на народот“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше резултати од изборите кои според аналитичкиот центар на партијата донеле победа во првиот круг....

Македонија14 часа

(Видео) Николовски: СДСМ води во Скопје и уште во најмалку 25 општини

СДСМ победува во Скопје и води во првиот круг од локалните избори, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на партијата и...

Македонија15 часа

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар. Партискиот претседател на Алијансата, Зијадин Села соопшти дека во ...

Македонија15 часа

(Видео) Зурли и тапани пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, симпатизерите радосни за изборниот резултат

Со зурли, тапани, гласна музика и пиротехнички средства, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред централниот штаб во Скопје. Присутните се радуваат...

Македонија15 часа

Ахмети прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница. Ахмети рече дека партијата е во водство во...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ најави победа во Велес, Штип и Свети Николе а води во Битола и Охрид

Во Велес, Штип и Свети Николе води ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од партијата. Оттаму според нивните неофицијални информации посочуваат и дека имаат...

Македонија17 часа

Мицкоски: Победа и голема одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на изборниот ден, посочи дека победиле а со тоа доаѓа и одговорноста. Тој...

Македонија17 часа

Спасовски: Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности

Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој оцени дека првиот изборен...

Македонија17 часа

ЗНМ го осуди односот на Даштевски кон новинарите

Здружението на новинарите регира на односот на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, кон новинарите во текот на попладневната...

Македонија19 часа

Членови на избирачки одбори самите си одлучиле да не ги користат биометриските уреди

Државната изборна комисија добила информации дека на повеќе избирачки места членовите на избирачките одбори на своја рака престанале да ги...

Македонија19 часа

До 17 часот гласале 41,38 отсто од избирачите

До 17 часот вкупно гласале 41,38 отсто од гласачите во земјава или 547.048 граѓани, покажуваат податоците од Државната изборна комисија....

Македонија20 часа

Прекини во гласањето во неколку изборни места

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56...

Македонија21 час

329 новозаболени од Ковид-19, починале 18 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.045 тестирања,...

Досие